Што најмногу ги нервира Европејците? - Канал 5

Што најмногу ги нервира Европејците?

На забавниот интернет-простор се појави уште една мапа со „сомнителна“ политичка коректност. Овојпат темата е: Како да ги навредите Европејците со една реченица?

Што најмногу ги нервира Европејците?

Така, Германците важат за „груби и расисти“, Австријците - „почудни Германци“, Шпанците - „гласни и досадни“, а за Французите е ставено само бело знаменце што алудира на нивното наводно премногу лесно предавање по германската нацистичка окупација во Втората светска војна. За Русија е поставено прашањето „Како е животот под диктатурата на (Владимир) Путин?“, а Белорусија е означена како „последната европска диктатура“.

Ирците се „Британци со комплекс на супериорност“, а за Британците и за Украинците, занимливо - авторите одлучиле да не кажат ништо. (Целата мапа - приказ).

Дури и Илон Маск ја коментираше објавата - тој смета дека „авторите не погрешиле премногу“, иако според многумина, некои шеги се на работ на политичката коректност.

За да се испровоцираат Македонците, доволно е да им се каже оти се „измислени во 1991“ - годината на независноста. Грција би била „пропадната економија“, а Бугарија - „најсиромашната земја во ЕУ“. Грците ги нервира и 16-зрачното златно-жолто Сонце на црвено поле...

Чесите не се сметаат за „Источна Европа“, иако некои ги сместуваат таму. Унгарија, пак, за циничните странци, е „најкорумпираната земја во ЕУ“, а Словаците би биле „унгарски Чеси“. Слично, зајадливите ќе речат дека Норвежаните „говорат шведски дијалект“, Естонците наводно се „Финци од 'Алиекспрес',“ Хрватите би биле „Срби-католици“, а Босанците - „турски Срби“.

За Србите, навредливо е да се рече дека научникот Никола Тесла e Хрват-Американец.

За Турците, зајадливците би рекле дека „не се Европејци“, и оти Романците се Роми (Романија е означена и со ромското национално знаме).

За Швајцарија се вели дека „никогаш не го вратила златото на Евреите“ (одземено во Втората светска војна), а во Португалија „е бразилското злато“ од преминот од средниот век кон новото време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани

Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина.

ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани

СДС недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар.

Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го знаат.

Затоа ги прашуваме, како на СДС до сега не им текна да бараат оставка и кривична одговорност за случувањата во Гостивар од градоначалникот Валбон Лимани, како најповикан и најодговорен за целата ситуација.

Или пак, двојните аршини повторно стапија на сила кога се работи за нивни кадри, лица блиски до СДС или пак поддржани лично од претседателот на партијата, Венко Филипче.

Затоа што, Филипче на последните локални избори силно го поддржаа и ги повика, и така малку останати членови и симпатизери, на СДС да го поддржат Лимани, за на тој начин да станат дел од локалната власт.

Или сега дојде тешкото, па СДС се прават како да имаат амнезија.

Ако сакаат СДС да повикаат на одговорност за Гостивар, ги упатуваме одговорноста да ја лоцираат онаму каде што се наоѓа, а тоа е во нивните редови и во луѓето кои силно ги поддржаа, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во авион кон Дубровник- се скршил прозорец, принудно слетал во Виена

Авион на норвешката авиокомпанија „Ер Шатл“ што летал од Осло до Дубровник утрово извршил итно слетување во Виена откако еден од прозорците се скршил за време на летот.

Драма во авион кон Дубровник- се скршил прозорец, принудно слетал во Виена

Авион на норвешката авиокомпанија „Ер Шатл“ што летал од Осло до Дубровник утрово извршил итно слетување во Виена откако еден од прозорците се скршил за време на летот, неофицијално дознава Дубровачки дневник.

Авионот на летот DY1922 полетал од Осло во 6:45 часот наутро и требало да слета на аеродромот Руѓер Бошковиќ околу 9:40 часот наутро. Но, за време на летот, еден од прозорците бил оштетен, поради што екипажот одлучил превентивно да го пренасочи летот и да изврши итно слетување на меѓународниот аеродром во Виена.

Авионот слета безбедно во австриската престолнина. Станува збор за Боинг 737-800 кој е стар помалку од 12 години.

Според информациите со кои располага „Дубровничкиот весник“, на патниците треба да им се обезбеди заменски авион кој ќе го продолжи своето патување од Виена до Дубровник во раните попладневни часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат.

Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна вредност изнесува 1.048.509 денари.

Средствата се доделени по спроведен јавен повик, на кој пристигнаа 26 предлози. По завршувањето на административната проверка и постапката за избор, седум од предложените манифестации ги исполнија утврдените услови за добивање техничка поддршка.

„Домашното производство не се зајакнува само со зголемување на произведените количини. Важно е производот да биде препознаен, соодветно вреднуван и да го пронајде својот пат до потрошувачите. Локалните манифестации и саеми ја создаваат токму таа врска, односно ги доближуваат производителите до купувачите, овозможуваат размена на знаења и искуства и внесуваат нова економска енергија во руралните средини“, порача министерот Серафимовски при потпишувањето на договорите.

Поддршка за организирање на манифестации добија:

• Здружението за рурален и регионален развој „Блесок“ од Радовиш, за манифестацијата „Од зрно до погача“;

• Земјоделската задруга „Шари“ од Тетово, за „Ден на задруги 2026“;

• Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола, за „Рурална жена – силата на Пелагонија“;

• Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“ од Скопје, за „Храна за сите“;

• Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ од Кавадарци, за „Тиквешија плодна лоза благородна 2026“;

• Здружението на конвивиум „Слоу Фуд Прилеп“ од Прилеп, за „Корени и трпеза – рурална жена денес“;

• Општина Кратово, за манифестацијата „Компиријада 2026“.

Со поддршката на овој тип на манифестации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да создава простор македонските земјоделски производи да допрат до повеќе потрошувачи, а руралните средини во поголем обем да ги искористат своите производствени, туристички и економски потенцијали, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер