Што му се случило на Мет Дејмон? - Канал 5

Што му се случило на Мет Дејмон?

Фановите загрижени поради неговиот излгед! 

Што му се случило на Мет Дејмон?

Познатиот холивудски актер и оскаровец Мет Дејмон (52) ги загрижи фановите по гостувањето во една емисија на Би-Би-Си. Имено, тој и неговиот колега, а и близок пријател Бен Афлек се вклучија на шоуто преку видеолинк за да го промовираат својот нов филм. Станува збор за драмата „Воздух“ („Air“) во која Афлек покрај тоа што се потпишува како режисер ја игра и главна улога покрај Дејмон.

Меѓутоа, обожавателите забележаа дека Дејмон изгледа уморно, истрошено и полошо од вообичаено. На почетокот од интервјуто, додека зборува Бен Афлек, тој изгледа отсутно и гледа во празно.

Инаку, Бен Афлек и Мет Дејмон соработувале повеќепати, меѓудругото и во „Добриот Вил Хантинг“ за кој освоија Оскар, а во една прилика Дејмон изјави дека тие се пријатели уште од средношколските денови и дека уште од тогаш Афлек го насочува и води.

-Ние всушност работиме заедно од 1986 година, кога се запознавме во театарот. Заедно пишуваме сценарија и креативното размислување го вклопивме во нашето пријателство. Режијата на Бен е природно продолжение на сето она што го правиме со децении, па воопшто не беше чудно да добивам инструкции и насоки од него - откри Дејмон.

Според медиумите, Афлек и Дејмон имале заедничка банкарска сметка како тинејџери. Таа пракса ја продолжиле и подоцна. Кога Дејмон заработил 35.000 долари за филм во 1992 година, парите ги ставил на заедничка сметка.

- Сè додека некој од нас имаше пари, знаевме дека струјата нема да биде исклучена - додаде тој.

Популарните актери не ги коментираа реакциите на фановите за изгледот на Дејмон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, но растечкиот јавен долг, постојаната инфлација и повисоките приноси од обврзниците остануваат сериозни ризици, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Според неа, изгледите за глобалниот раст сега се значително поурамнотежени отколку во април, иако негативните ризици и натаму преовладуваат. Меѓу главните причини ги посочи растечките фискални притисоци и можноста централните банки подолго да ја задржат построгата монетарна политика за да ја контролираат инфлацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

Говор на директорот на ЈПДП Коце Трајановски по повод поставувањето на камен темелник од изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово.“, изјави на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце, директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски.

Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри, и додаде: „Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите! Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и. Рокот на изградба е 4 години. Рокот на изведба е четири (4) години. Автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, додека постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и останатите граѓани.“, рече Коце Трајановски директорот на ЈПДП кој е главен носител на проектот за изградба на автопатот.

На поставувањето на камен темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Мицковски и Курти, како и ресорните министри за транспорт, но и други бројни политичари, владини функционери, пратеници, амбасадори и директори.

Јавно претпријатие за државни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Цените на горивата се до плафон, од вчера дизелот е над 100 денари за литар.

Поповиќ: Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Ова е нов удар врз стандардот на граѓаните кои чекаат мерки, но Владата на Мицкоски не презема ништо.

Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот.

Дури Мицкоски кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата.

Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари

Само за шест месеци цената на дизелот порасна за 43%.

Резервоар од 50 литри сега ги чини граѓаните над 1.500 денари повеќе од пред шест месеци.

Но ударот не завршува на бензинските пумпи.

Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство, поголеми трошоци за земјоделците и нов раст на цените на храната.

Половина од семејниот буџет на македонските граѓани веќе оди за храна и пијалаци, потрошувачката кошничка е речиси 70.000 денари, а платите стагнираат.

Секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза.

Животниот стандард на граѓаните се намалува, а Владата не презема ништо.

Кој профитира на грбот на граѓаните кои ја плаќаат цената за неспособноста на Мицкоски.

СДСМ бара:

Намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%,

Намалување на акцизата за 50%.

Овие две мерки ќе имаат директен ефект врз намалување на цените на сите горива, намалување на потрошувачката кошничка и вкупното ниво на цените.

Ајде барем еднаш прифатете нешто добро за граѓаните.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер