Што може да вклучиме во исхраната кога сме под стрес? - Канал 5

Што може да вклучиме во исхраната кога сме под стрес?

Стресот е неизбежен дел од животот, но начинот на кој се справуваме со него е клучен. 

Што може да вклучиме во исхраната кога сме под стрес?

Воведувањето одредени намирници во вашата исхрана може да помогне во неговото намалување.

Д-р Раџ Дасгупта советува дека она што го јадеме може да влијае на начинот на кој телото реагира на стрес. Така, за да се олесни реакцијата д-р Дасгупта ја нагласува важноста на хранливите материи како магнезиумот и омега-3 масните киселини, кои го поддржуваат нервниот систем и го намалуваат воспалението.

Невропсихологот д-р Санам Хафез додава дека хроничниот стрес го исцрпува магнезиумот и витамините Б, додека здравата исхрана помага да се стабилизира шеќерот во крвта, да се намали воспалението и да се зачува здравјето.

Стресот често нè наведува да посегнеме по храна која дава краткорочно олеснување, но долгорочно е штетна. Белото брашно и шеќерот привремено ги зголемуваат серотонинот и допаминот, но на подолг рок предизвикуваат нестабилен шеќер во крвта, воспаленија и хранливи дефицити, објаснува Хафез. Не е неопходно целосно да се елиминира нездравата храна, но треба да се консумира умерено и да не се користи како главна алатка за ублажување на стресот, пишува Verywell Mind.

Најдобри намирници за намалување на стресот

Еве неколку намирници кои лесно може да ги вклучите во вашата исхрана и кои можат да му помогнат на вашето тело да се справи со стресот.

Темна чоколада

Богатa е со антиоксиданси и магнезиум, му помага на телото да се опушти и го подобрува расположението. „Едно мало парче може да биде одлично задоволство во стресни моменти“, вели д-р Раџ Дасгупта. Темната чоколада содржи повеќе какао и е со помалку шеќер од млечната, дополнително го зголемува нивото на серотонин.

Целозрнести житарки

Целозрнестите житарки, како овесот, се богати со хранливи материи кои го стабилизираат шеќерот во крвта, спречуваат промени во расположението и поттикнуваат смиреност. „Тие се одлични за одржување на стабилна енергија и подобрување на расположението“, вели д-р Дасгупта.

Јаткасти плодови и семиња

Бадемите, чиа семките и оревите се богати со здрави масти и магнезиум, кои го регулираат расположението. Хафиз нагласува дека консумирањето на една шака јаткасти плодови дневно, може значително да го намали ризикот од депресија.

Лиснат зеленчук

Лиснатиот зеленчук како спанаќот, кељот и блитвата се богати со магнезиум, кој помага во контролата на стресот и подобрувањето на сонот.

Масна риба

Лососот и скушата се богати со омега-3 масни киселини, кои ги намалуваат воспаленијата и нивото на кортизол. Омега-3 масните киселини го подобруваат здравјето на мозокот и расположението. „Редовното консумирање масна риба има долгорочни придобивки за менталното здравје“, објаснува Дасгупта.

Бобинки

Боровинките, малините и капините се богати со антиоксиданси кои го намалуваат воспалението, го штитат мозокот и помагаат во борбата против стресот. „Нивните хранливи материи можат да го подобрат фокусот и смиреноста“, додава Хафиз.

Билни чаеви

Билните чаеви, како камилицата и нането, не содржат кофеин и затоа не го нарушуваат сонот и не предизвикуваат нервоза. Хафез објаснува дека овие чаеви делуваат смирувачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 58 случаи на западнонилска треска и прв во Свети Николе, 8 починати, хаосот продолжува

Во Македонија веќе се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, прв случај има во Свети Николе.

СДСМ: 58 случаи на западнонилска треска и прв во Свети Николе, 8 починати, хаосот продолжува

Бројот на заболени расте, а бројот на починати достигна осум. Не се ова само статистички бројки – ова се човечки животи.

Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска.

Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Владата нема капацитет навремено да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира откако кризата ќе ескалира.

Истиот модел на задоцнета реакција, институционален хаос и молк го гледаме и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Прво се молчи, потоа институциите задоцнуваат, а на крај граѓаните ги плаќаат последиците.

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без целосен извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување – задоцнета реакција, недоволна превенција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на траект (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на патнички траект во близина на брег на Филипините.

Најмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на траект (ВИДЕО)

Портпаролката на филипинската крајбрежна стража, соопшти дека во спасувачките акции што се уште траат досега од бродот се извлечени 42 лица.

Траектот синоќа пловел од главниот град Манила кон Корон, кога ненадејно се запалил на околу два километри од брегот. Засега не е позната причината за пожарот. На траектот имало 134 лица. Властите започнаа истрага за причината за пожарот, како и за евентуално прекршување на безбедносните прописи, вклучително и дали траектот бил преоптоварен и дали на сите патници им биле обезбедени спасувачки елеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?

Министерката Весна Јаневска го изгуби целосно компасот на почетокот на учебната година и сега го доведе Министерството за образование до степен на целосен средновековен опскурантизам. 

ЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?

Откако пред само неколку дена ја шокираше јавноста со бизарна изјава во која им порачуваше на шестгодишни деца нивните родители да прават деца т.е. братчиња и сестричиња, сега доживеавме нов институционален срам: наставната програма за Сеопфатно сексуално образование (ССО) за средношколци се повлекува одлучно и експресно, само затоа што еден владика ѝ напишал отворено писмо!

„Иако министерката самата јавно призна дека „не е стручна“, наместо да ги слуша експертите, медицината, УНИЦЕФ, ИНТЕРПОЛ и Светската здравствена организација, таа одлучи здравствената едукација на младите да ја диктираат црковни догми“, изјави Тамара Гарческа од Либерално-демократската младина (ЛиДем). Таа ги постави следните прашања од ЛиДеМ и ФЖ на ЛДП: Дали беше стручна кога препорачуваше кога промовираше зголемена сексуална и репродуктивна активност на родителите? Дали министерката навистина мисли дека со повлекувањето на образованието од училиштата ќе ги исчезне ризиците на кои средношколците се изложени секој ден? Дали знае министерката за случајот од оваа недела за 15-годишната средношколка од Македонија сексуално малтретирана на летот Скопје-Загреб? Дали знае во кој век живееме и каде тера?

Податоците на домашните и меѓународните истражувања покажуваат сурова реалност што МОН свесно избира да ја игнорира: над 12.000 деца во Македонија се изложени на онлајн сексуална експлоатација, уцени, малтретирање и споделување интимни фотографии без нивна согласност. Во земја каде што малолетничките бремености се трипати повисоки од просекот во ЕУ и каде што се регистрираат сѐ поголем број нови случаи на ХИВ, повлекувањето на ССО не ги отстранува насилниците, ниту социјалните мрежи како ТикТок и Снепчет. Тоа само им го одзема на младите единственото оружје — знаењето како да се заштитат, како да препознаат злоупотреба, да постават граници и да кажат „НЕ“.

ЛиДеМ и Форумот на жени на ЛДП порачуваат дека образованието не смее да се води од страв, верски притисоци и политички кукавичлук. “Запрете го лудилото и оставете ги младите да се едуцираат врз основа на наука, превенција и факти, а не од темните агли на интернетот и догматски сфаќања!“ порачува Тамара Гарческа од младите на ЛДП.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер