Што може да донесе посетата на Мицкоски на Брисел и средбите со првите луѓе на комисијата? - Канал 5

Што може да донесе посетата на Мицкоски на Брисел и средбите со првите луѓе на комисијата?

Покрај Планот за раст на земјите од Западен Балкан, според дел од аналитичарите несомнено е дека на маса во Брисел ќе се отвори и прашањето за одложена приемена на уставните измени, но конкретен исчекор не може да се очекува. 

Што може да донесе посетата на Мицкоски на Брисел и средбите со првите луѓе на комисијата?

Ова се ставовите на директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска и на првиот човек на Иститутот за деморкатија Марко Тршановски, кои сметаат дека за било каква промена на веќе превземените обврски за членство во Унијата ќе биде потребно зелено светло од и од Бугарија и дека тоа според моменталните односи меѓу двете земји е невозможно.

„Очекувам дека Комисијата ќе го повтори тоа што се очекува од нас и она што е веќе договорено.. Промената на Уставот е дел од заклучоците на ЕС како дополнителен услов, тука секогаш може да се најдат различни мислења во однос на тоа како ќе се интерпретира, меѓутоа треба да бидеме свесни дека со било што од таа одложена примена треба целосно да се согласи и Бугарија, што не е случај досега“. – Симонида Кацарска, директор на ЕПИ.

„Овде не станува збор за промена на преговарачката рамка како што првично ВМРО-ДПМНЕ заговараше што е исклучително тешка и речиси невозможна мисија. Со измена на протоколите дури и без истата вакавта формулација на уставна промена на внесување на Бугарите во уставот е сосема можно да биде прифатлива само доколку бугарската страна има разбирање и делумно да биде убедувана од страна на европските челници. Секако дека многу поширока дипломатска офанзива барем на клучните земји членки каде што се носат одлуките и помалку конфротирачка комуникација со Бугарија може да вложи со некаков плод“. - Марко Тршановски, директор на Институт за демократија.

И двајцата велат дека фокусот на средбите сепак ќе бидат реформите..

Изјавите веројатно ќе бидат со фокус на Планот за раст и реформските агенди. И со оглед на тоа што ова е најголемот план од Комисијта на кој што ќе се посветиме во наредните барем три до четири години и кој не е врзан со формалниот напредок во евроинтегративниот процес.

„Не треба да заборавиме дека тоа е примарниот фокус, бидејќи и реформската агенда е многу значајна за нас и за сите други држави од регионот. Средствата се и те како значајни и не треба да ја ставаме во втор план во контекст на другите прашања кои нас како држава не мачат“.

-да видиме како ќе биде оценет. – Симонида Кацарска, директор на ЕПИ.

По прифаќањето на францускиот предлог, Македонија во јули 2022 година заедно со Албанија ја одржа првата меѓувладината конференција со која беше означен стартот на преговорите за членство, но за разлика од соседите, следниот чекор за земјава – отворањето на поглавајата, е условен со внесувањето на Бугарите во Уставот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен раководителот со е-индексот на УГД во Штип за поткуп и манипулации со оценки

Недостатокот на знаење го надоместувале со пари, а оценки добивале преку интервенции во системот.. 

Уапсен раководителот со е-индексот на УГД во Штип за поткуп и манипулации со оценки

Доцент од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој раководел со Е-Индекс е уапсен под сомнежи дека за пари бришел оценки, менувал испитни поени и овозможувал упис на семестри на студенти кои не ги исполнувале условите. Сомнителните интервенции, според информациите, најчесто се однесувале на студенти од Турција, на кои, осомничениот, наводно, им нудел поинаков пат да ги исполнат академските критериуми. При претресот во неговиот дом, во полициската акција утринава, била пронајдена поголема сума на пари.

-Вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, за кои постои сомнение дека ги сторил Р.Т. – раководител на секторот за информатика на УГД во Штип. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Од штипскиот универзитет велат дека нема да дозволат поединци да го нарушат интегритетот и трудот на институцијата. Порачаа дека имаат нулта толеранција за корупцијата и злоупотребата во академската заедница и дека нудат неограничена соработка на истражните органи за брзо и целосно расчистување на случајот.

„Како јавна високообразовна институција ја уверуваме јавноста дека остануваме посветени на транспарентноста, отвореноста и институционалниот интегритет. УГД нема да дозволи каков било сомнеж да го наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени. Институционалниот интегритет и довербата на нашите студенти се пред се’. – Универзитет Гоце Делчев.

Дали и какви мерки за обебзедување ќе бидат побарани за вработениот ќе се знае откако ќе завршат претресите и распитот...

Ова е втор ваков случај само за неколку месеци, откако во Јуни беше уапсена оти на студент од Туриција му побарал 300 евра за шестка оти не знаел доволно. Студентот тогаш ја пријави, и во договор со полицијата по неколку дена и однел обележани пари во канцеларија. Откако ги примила парите, набргу беше фатена од полицијата, а против нејзе е поднесена кривична пријава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието отворено за идеите и предлозите на младите за справување со дезинформациите и предизвиците на дигиталната ера

Пратениците и средношколците ќе продолжат да бараат решенија за политики и образовни пристапи што ќе го зајакнат критичкото мислење, медиумската писменост и способноста на младите да се справуваат со дезинформации и манипулативни содржини. 

Собранието отворено за идеите и предлозите на младите за справување со дезинформациите и предизвиците на дигиталната ера

Младите сакаат повеќе практично учење за проверка на информации, подобро разбирање на начинот на кој функционираат социјалните мрежи и алгоритмите, како и повеќе можности нивните искуства од дигиталната средина директно да бидат слушнати од институциите.

Ова се дел од пораките од денешната дебата во Собранието „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“, на која средношколци од седум училишта од Скопје, Липково, Велес и Прилеп разговараа со пратениците за тоа како младите се информираат, кому му веруваат и со какви предизвици се соочуваат во современата дигитална средина. Настанот беше организиран во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС), преку Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики.

Отворајќи го настанот, претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека медиумската писменост денес е клучна вештина за демократскиот развој и иднината на младите генерации. Обраќајќи им се на средношколците, тој порача дека промените во светот, системот и општеството започнуваат со целосна информираност и свесност. „Не можеме да промениме нешто за кое не сме целосно свесни, а целосна свесност стекнуваме единствено преку целосното информирање. Собранието, во оваа насока, има важна улога. Како дом на сите граѓани и институција во која тие се претставени, тоа треба да биде пример за транспарентност, аргументирана дебата и отчетност“, рече Гаши.

Н.Е. Маја Сивањанам, амбасадорка на Обединетото Кралство во Република Македонија, нагласи дека градењето отпорност кон дезинформации и манипулации со информациите не е одговорност на една институција или поединец, туку бара пристап на целото општество. „Целта не е на младите да им се кажува кому да веруваат, туку да се слушнат нивните искуства и да се разбере што треба да се менува во образованието и јавните политики за тие да можат критички и информирано да донесуваат одлуки“, порача амбасадорката Сивањанам.

Драгана Бојковска, пратеничка и претседателка на Клубот за младински прашања и политики, истакна дека ваквите дебати во законодавниот дом се важни и за младите и за пратениците, бидејќи овозможуваат подобро разбирање на потребите и предизвиците на младите, кои треба да бидат земени предвид при креирањето на идните политики.

Во продолжение на дебатата, средношколците, заедно со пратениците Љупчо Пренџов и Соња Мираковска, дебатираа за влијанието на социјалните мрежи, алгоритмите, инфлуенсерите и содржините создадени со вештачка интелигенција. Меѓу прашањата што ги отворија младите беа потребата од повеќе практични вештини за проверка на информации, подобро разбирање на дигиталните платформи, повеќе простор за дебата и критичко размислување во училиштата и почеста директна комуникација со институциите.

На крајот, Бојковска ги претстави заклучоците и посочи дека денешниот настан е практичен пример за примената на принципот „секој има своја улога“ во градењето критичка и отпорна младина. Таа нагласи дека ова е прв настан од ваков формат со кој Собранието се приклучува кон одбележувањето на Деновите на медиумската писменост и најави организирање и на други вакви активности.

Меѓу другите заклучоци од дебатата беше истакната отвореноста на Собранието, да ги слушне истражувањата и аргументите за тоа кои чекори треба да ги преземат носителите на одлуки за да се изгради младина, но и образовен систем што ќе одговорат на современите предизвици на дигиталната ера и вештачката интелигенција, како и подготвеноста за воспоставување директна соработка со учениците. На учениците им беше претставено и работењето на Клубот за младински прашања и политики, како и можностите за вклучување во неговата работа, при што беше истакнато дека тие се секогаш добредојдени да споделуваат нови идеи и предлози и директно да комуницираат со пратениците од нивните градови.

Предлозите и заклучоците од дебатата ќе бидат систематизирани и доставени до пратениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST).

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички блокади.

Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од разгледување на расположливите институционални и правни инструменти на Унијата, со цел да се идентификуваат конкретни чекори што ќе овозможат придвижување на процесот врз основа на реформските постигнувања и исполнетите критериуми, независно од билатералните блокади од страна на земјите членки.

За неа, важно е техничката подготвеност и спроведените реформи да добијат соодветно вреднување, а европската перспектива да се претвори во предвидлив процес со јасни чекори и мерливи резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер