Што мислите, колку чинат овие чевли на Јелена Ѓоковиќ?

Тенискиот турнир Вимблдон е ревија на врвниот тенис, но и на високата мода. 

На теренот, играчите се принудени да носат бело, но тоа не ги спречува нивните навивачи да ја покажат својата маестрална облека. Иако не важи за некој кој се облекува екстравагантно, Јелена Ѓоковиќ сепак има и неколку стилски моменти за паметење.

Имено, убавата сопруга на Новак Ѓоковиќ овој пат се одлучила за едноставна бела кошула и панталони, но деталите кои ги искомбинирала направија да изгледа посебно. Таа се одлучила за светло црвен џемпер кој го наметнала преку рамења и популарните мокасини во иста боја. Овие чевли се хит на сезоната, а Јелена се одлучила за модел од еден популарен бренд, кој чини речиси 1.000 евра.

Таа дури и нашла автомобил во истата боја и се сликала пред него. Сепак, сè е во деталите. Она што многумина го пофалија е нејзината коса која е изразито брановидна. Имено, на сите им е познато дека Јелена обожава да носи плетенки, а нејзината фризура на Вимблдон најверојатно настанала откако ги расплела.

Оваа фотографија доби речиси 20.000 лајкови за помалку од 12 часа, а коментарите под сликата само се нижеа.

Извор: srecna.republika.rs

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер