. Таа ужива во љубовта со познатиот Германец, како и во семејниот живот посветен на одгледувањето на децата, но исто така доста е активна и на социјалните мрежи, каде честопати споделува дел од семејната интимност.
Таа неодамна објави фотографија на својот профил на Инстаграм која предизвика поделени мислења. Ана на фотографијата носи сиви фармерки, црн џемпер, сив капут, а акцентот беше ставен на црната шапка со која го надополнила овој лежерен изглед.
Многу нејзини придружници прокоментираа дека тешко би ја препознале во вакво издание на улица.
Покрај позитивните коментари со поддршка од најверните фанови, имаше и такви кои сметаа дека Ивановиќ изгледала подобро некогаш, а особено кога се занималава со тенисот.
Ана и летово привлече големо внимание кога го покажа своето тело во минијатурно бикини. Меѓутоа, тоа сега не наликува на тело на жена која некогаш размислувала животот да го посвети на напорни тренинзи. Дури и многумина, да не знаат за кого се работи, би се запрашале дали некогаш спортувала, со оглед што сега ги нема извајаните мускули како некогаш. Но и покрај тоа, таа сè уште има исклучително атрактивна градба и изгледа младолико. Посебно внимание на нејзините обожаватели им привлече нејзиниот рамен стомак.