ЗабаваШто е Боксинг деј и зошто Англичаните играат фудбал ден после Божик? И додека сите други лиги мируваат, а играчите се одмораат, во Премиер лигата за време на Божик и Нова Година се игра со полна пареа.. Во следните осум дена, Англичаните ќе одиграат дури три првенствени кола, а се започнува денеска со традиционалниот Боксинг деј. Играњето фудбалски натпревари на 26 декември датира далеку во минатото и влече корени од почетокот на фудбалот каков што го знаеме денес.. Шефилд ФК и Халам ФК во Штефанџ во 1860 година, на Свети Стјепан, ден после Божик (католички) го одиграа првиот натпревар меѓу некои два фудбалски клуба во историјата. Потоа, во првиот дел од сезоната на старата Фудбалска лига (1888./1889) Престон на 26 декември го победи Дерби со 5:0 и така овој датум засекогаш почна да се користи во термините на англиските натпревари. Постојат бројни теории, по кои Боксинг деј го добил името, но најприфатена е онаа за господарите и слугите. „Christmas Box“ (Божиќна кутија) е англиско назив за подарок за Божиќ. Богатите Англичани, кои имале свои слуги и помошници во нивните домови на 26 декември им давале „Божикни кутии“, што се нарекувало „Boxing Day“ и потоа им дозволувале да заминат во своите куќи, да бидат со нивните семејства.. Друга теорија е дека на Божик во црквите во кутии се собирале пари, кои еден ден подоцна (Boxing Day) се отворале, а некои тврдат дека бродовите на прекуокеанските патувања товареле кутија со пари за среќа, кој му ја давале на свештеникот при доаѓањето во пристаниште, а тој парите им ги делел на сиромашните еден ден после Божик. Како и да е, повеќе од 120 години на 26 декември во Обединетото Кралство се игра фудбал. Премиер лигата, пониските лиги, аматерските лиги - сите играат. Натпреварите се распоредени така за навивачите што помалку да патуваат, и најчесто не се играат големи дерби мечеви, за да се избегнат нереди за време на Божик. Сепак, најмногу се памти Боксинг деј во 1963 година, кога на десет натпревари во Дивизија Еден „паднале“ неверојатни 66 гола. Во денес назамисливо сценарио, Манчестер Јунајтед прими шест гола од Барнли, Блекбурн во гости го победи Вест Хем со 8:2, а Фулам на Ипсвич му даде дури десет гола. Со идентичен резултат од 3:3, завршија натпреварите Вулерхамптон и Астон Вила и Нотингем и Шефилд Јунајтед, а Вест Бромвич Албион и Тотенхем одиграа 4:4. Денес, англиските тренери и играчи се жалат на пренатрупаност и недостиг на време за одмор. Што би рекле да играле во педесеттите години? До 1957 година, во календарот на најелитната класа на англискиот фудбал, едно коло се играше на Божик, а друго - ден подоцна .. Извор: Индекс - ЗагребКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
АвтомобилизамМазда вгради звучник што му овозможува на возачот да им се обрати на пешацитеНовите автомобили од „Mazda CX-6e“ е опремена со необична функција која му овозможува на возачот да испраќа гласовни пораки до пешаците и велосипедистите преку надворешен звучник. Сепак, системот дозволува и внесување на сосема произволен текст. Функцијата, наречена „External Announcement“ (Надворешно соопштение), е дизајнирана како начин возачот да ги предупреди другите учесници во сообраќајот. Меѓу претходно дефинираните пораки се вклучени опции како „Еј пријателе, тука сум“ и „Те молам, погледни нагоре и внимавај на патот; чувај се“. Проблемот е во тоа што системот им овозможува на корисниците и сами да креираат пораки. Возачите го внесуваат текстот преку големиот централен дисплеј од 26,45 инчи, без очигледен филтер што би спречил употреба на навредлива или несоодветна содржина. Како резултат на тоа, функцијата наменета за добронамерна комуникација лесно може да се претвори во алатка за провоцирање на пешаците, пренесува *Revija HAK*. Оваа функција е преземена од кинескиот пазар, каде што се продава технички сродниот модел Deepal S07. Како што пренесува B92, Mazda можеби ќе го реши проблемот преку софтверско ажурирање. На одредени пазари, CX-6e користи литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 78 kWh, која поддржува брзо полнење со моќност до 200 kW. Неговиот деклариран досег изнесува до 484 км според WLTP циклусот. Достапен е во една конфигурација на погонскиот систем, која вклучува електромотор со моќност од 255 КС и погон на задните тркала. Сè уште не е потврдено дали функцијата за надворешен звучник е достапна кај европската верзија на CX-6e.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг Чудо на нива во Англија. Ако мислите дека сте виделе сè во градинарството, оваа глетка од Англија може целосно да ве разубеди. Британецот Јан Патон повторно го собори својот личен светски рекорд одгледувајќи огромна тиква тешка неверојатни 2.856,8 фунти, што изнесува речиси 1.295 килограми. Како што пренесува „БроБајбл“ (BroBible), овој џин, кој тој го нарече „Багира“, го надмина неговиот минатогодишен рекорд за речиси 18 килограми. Колку труд е потребен за да се одгледа ваква џиновска тиква? Одгледувањето на таков џин воопшто не е едноставна задача. Според информациите што Јан Патон ги сподели со „Би-би-си њуз“ (BBC News), на тиквата ѝ биле потребни дури шест часа интензивна нега секој ден, а „пиела“ околу 130 галони вода дневно. Зачудувачки е фактот дека тиквите со оваа големина, во фазата на најбрз раст, можат да добијат и до 22 килограми тежина за само 24 часа. Иако со години учествувал на овие натпревари заедно со својот брат близнак Стјуарт, оваа година Јан одлучи да настапи самостојно и победи. Откако официјално беше потврдено дека е најтешка во светот, „Багира“ е изложена на фармата „Санифилдс“ во близина на Саутемптон. https://www.instagram.com/p/DeEui7Pqsqs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again Сепак, судбината на овој рекордер е веќе запечатена. По завршувањето на изложбата, тиквата ќе биде исечена и искористена како храна за крави. Тиквите се сметаат за високохранливи, што ги прави идеален оброк за добитокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook