ЖивотШто да направите кога ќе ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош?Во текот на летото, бројот на каснувања од инсекти драстично се зголемува.Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон. Пчели, оси и стршни Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не. - Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот - вели Клер. Комарец - Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер. Крлежи - Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето - објаснува Клер. Коњска мува Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно. - Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта и опозицијата се скараат за состојбата на Студентскиот дом Стив НаумовНови оштетувања во целосно реновираниот Студентски дом Стив Наумов.Од СДСМ денеска на прес-коференција обвинија за несоодветно реновирање. Еден час подоцна во домот пристигна лично министерката за образование Весна Јаневска, која направи обиколка низ домот и констатираше дека условите се неспоредливо подобри од минатото... Таму беше и нашата Јана Велковска.. Јана ти беше исто во обиколка на домот, од каква природа се оштетувањата и кој ги направил? Дали има некаков исход од разговите со владата за зголемување на судентскиот оброк? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзбори Бугарија: И односите со Македонија во фокусот на тв-дебата меѓу Јотова и ЃуровОдносите со Македонија и францускиот предлог предизвикаа судир на ставови меѓу кандидатите за претседател на Бугарија, во синоќешната предизборна дебата на Бугарската национална телевизија.Во пресрет на неделниот втор круг од претседателските избори, се вжештува атмосферата меѓу двајцата кандиати за пртетседател на БУгарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров, а македонското прашање повторно се најде во фокусот на кампањата. Иако останаа единствени околу официјалната бугарска позиција кон Македонија, Јотова и Ѓуров разменија критики за начинот на кој бил постигнат европскиот консензус. Јотова порача дека Софија треба да го задржи досегашниот курс, оценувајќи дека од потпишувањето на договорот до денес нема подобрување на односите со Македонија. Нејзиниот противкандидат пак ја обвини за промена на ставот кон францускиот предлог, потсетувајќи дека тогаш остро ја критикувала Владата. -Што се однесува до националната позиција, во мене гледате човек кој нема да отстапи ни еден сантиметар од тоа што е веќе договорено. И покрај тоа што Скопје прави многу сериозни обиди да стават настрана определени протоколи, сакам да напоменам нешто друго: кога г-дин Кирил Петков беше премиер, бугарската позиција буквално беше спасена во „5 до 12“, бидејќи тој сакаше да ја предаде бугарската позиција – изјави Јотова. -Тогаш претрпевме многу напади и обвинувања дека се предаваат бугарските интереси. Сега кога веќе го имаме францускиот договор пост-фактум сите партии и во Европскиот парламент, а сега ја слушаме и г-ѓа Јотова го поддржуваат безрезервно, и се вели дека тоа е многу добро решение за Бугарија. Така што г-ѓо Јотова, кога сме искрени? Тогаш кога ги атакуваме своите опоненти, или кога гледаме дека тие дејства всушност и помогнале на бугарската позиција? Сега европската позиција е дека Бугарите треба да бидат вметнати во Уставот на Република Македонија и на тој начин да бидат заштитени правата на Бугарите во Македонија,- Андреј Ѓуров. Наспроти пораките од Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 порача дека Владата ќе продолжи да ги брани националните интереси во евроинтеграцискиот процес. Според него, тешкиот пат кон ЕУ е последица на обврските што ги оставила претходната власт на СДСМ, но нагласи дека има легитимитет од граѓаните да се бори за македонските позиции. Во пресрет на неделниот втор круг од претседателските избори во Бугарија, неизвесноста останува. Иако предизборните анкети предвидуваа убедлива предност за Илијана Јотова, првиот круг, кој го одбележа исклучително ниска излезност од само 22 отсто, покажа значително помала разлика. Според агенцијата „Мјара“, Јотова освои 35, а Андреј Ѓуров 31,9 проценти од гласовите. Нови релевантни анкети засега нема, но според бугарските социолози, пресудни за исходот ќе бидат излезноста и распределбата на гласовите од кандидатите кои отпаднаа во првиот кругКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаВетувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривичниУплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. „Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот. -Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook