Што да направите кога детето не ве слуша? - Канал 5

Што да направите кога детето не ве слуша?

 Стратегии со кои ќе ги поттикнете децата да бидат послушни, а сепак ќе го зачувате нивниот карактер

Што да направите кога детето не ве слуша?

Родителите често грешат кога веруваат дека непослушноста на децата е поврзана со непочитување; тоа е всушност фаза низ која поминуваат децата додека се обидуваат да го средат својот свет и да сфатат како функционира.

Исто така, децата понекогаш се непослушни од едноставни причини како што се:

-вашите наредби или пораки се премногу долги

-делувате како да се жалите од нив или сте премногу критични

-проблем е и кога им кажувате нешто комплицирано или недоследно

-во некои ретки ситуации непослушноста (ако е многу изразена) може да биде поврзана со ментално растројство или проблеми со слухот

Меѓутоа, непослушноста најчесто се поврзува со социјалниот развој на вашето дете. Дури и кога се мали, некои деца може намерно да се однесуваат лошо за да видат како реагираат нивните родители или старатели. Сепак, дури и ако го знаете ова, сепак може да се вознемирите кога ќе увидите дека играта, гледањето телевизија или мобилниот телефон на децата им се поважни од она што имате да им го кажете.

Како да ги натерате децата да ве слушаат?

Првото нешто што треба да запомните е да бидете трпеливи и доследни во вашиот пристап. За учење на оваа вештина е потребно време, особено кај малите деца. За да ги научите да слушаат, еве неколку корисни стратегии препорачани од психологот Ејми Морин.

Погрижете се тајмингот да е добар

Родителите честопати сакаат да разговараат и да ги натераат нивните деца да слушаат во истиот момент кога тие ќе започнат некоја тема. Но, погрижете се да изберете добар момент; односно да го погодите моментот кога детето е подготвено да ве слуша. Ако е сред игра или ако е окупирано со други работи, разговорот сигурно нема да биде ефективен.

Користете ја техниката на повторување

Ако забележите дека детето не е фокусирано за време на разговорот или нешто му го одвлекува вниманието, замолете го да го повтори она што сте му го кажале за да бидете сигурни дека ја добило пораката. Повторувањето е дел од техниката наречена активно слушање и се користи за да се нагласи важноста на пораката. Ова е исто така важно бидејќи на тој начин ќе научат добро да ги слушаат другите луѓе, не само вас. Затоа, едноставно замолете ги да ви го повторат она што го слушнале од вас. За помалите деца, оваа техника исто така ќе го олесни запомнувањето на тоа што е кажано.

Понудете им избор

Кога му давате на вашето дете задача или барате од него да направи нешто, една од добрите техники е да му понудите избор. Тоа ги зајакнува и прави да се чувствуваат како да имаат одредена контрола врз нивните животи. Покрај тоа, давањето избор ги поттикнува да ја совладаат вештината на донесување одлуки. На овој начин тие веќе не ги следат вашите наредби, туку на некој начин учествуваат во тоа како ќе се одвива нивниот час, ден, месец, па и живот... На пример, наместо да им наредите да облечат пижами, прашајте ги дали ги сакаат, на пример, црвените или сините пижами. Секогаш кога имате можност да му дадете избор на вашето дете, направете го тоа! А, кога ќе дојде време да направат нешто без можност да изберат, тие најверојатно ќе ве послушаат.

Бидете доследни

Децата најдобро учат и разбираат кога пораките што ги добиваат се јасни и доследни. Затоа погрижете се да ги соопштите така. Вашето дете треба да знае што да очекува и мора да работи на тоа да стане поактивен слушател. Важно е да бидете трпеливи, но од друга страна, не треба да му давате на вашето дете измешани сигнали за тоа колку е важно да ве слуша и сослуша. Со постојана интеракција со нив и соопштување на вашите очекувања, на крајот ќе видите позитивни промени кај вашите малечки.

Наградете ја послушноста

Пофалете го вашето дете кога е послушно и користете мали награди за да го поттикнете ова однесување. На пример, ако сакате вашето дете да престане да гледа телевизија и да ви се придружи на масата за вечера, можете да му дозволите да помине 15 минути пред екранот по вечерата или пред спиење. Поттикнувањето на вашето дете со награда, му помага тоа побргу да ја развие вештината на послушност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

 Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Ѓорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

- Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.

Парното во Скопје повторно поскапува:  Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти.

Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер