Што да направите ако нагазите морски еж или ако ве пецне медуза? - Канал 5

Што да направите ако нагазите морски еж или ако ве пецне медуза?

Мора да бидете спремни на сите изненадувања на море, опасни се и мртвите медузи.

Што да направите ако нагазите морски еж или ако ве пецне медуза?

Во повеќето случаи, доколку нагазите морски еж или ако ве допре медуза, освен болка и привремена непријатност, нема да имате поголеми последици. Меѓутоа, никако не смеете да се опуштите и да не реагирате на време, бидејќи во одредени ситуации неопходна е итна медицинска помош.

Во топлите мориња, средбите со медузите се многу чести. Проѕирни се, желатинозни и најчесто не ги забележуваме додека пливаме. Така што, прво ги чувствуваме симптомите од нејзиното каснување, па дури отпосле ја забележуваме.

Се појавува печење, пецкање, чешање. Опеченото место е црвено, натечено, болно на допир, јасно разграничено од остатокот на кожата. Во ретки случаи, може да се јави главоболка, слабост, малаксаност, несвестица, гадење, грчеви во мускулите, пад на крвниот притисок. Во тој случај неопходна е итна медицинска помош.

Што да направите ако ве касне медуза?

Каснатото место измијте го со солена вода, отстранете ги влакненцата од медузата, доколку ви останале во кожата. Ова најдобро се прави со чиста пинцета. Не тријте го каснатото место, немојте да се чешате, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата.

Може да нанесете некоја крема против воспаленија, или топикален кортикостероид или да земете антихистамини.

Секогаш внимавајте кога пливате во топлите мориња, добро погледнете, бидејќи медузите често се појавуваат во јата.

Многу е важно да се има предвид каде е каснувањето, доколку медузата ве опекла во пределот на очите, лицето, устата или гениталиите, веднаш побарајте лекарска помош.

Исто така, и мртвите медузи се опасни, немојте да ги допирајте бидејќи можат да ве опечат ако ги фаќате со голи раце.

Ако одите боси, лесно може да нагазите на морски еж.

Што да направите ако нагазите на морски еж?

Ќе почувствувате болка на местото на убодот, но тоа не е вашиот најголем проблем. Боцките обично остануваат и ѕиркаат од стапалото, па најдобро е да ги отстраните на лекар.

Имено, тие боцки се многу кревки и кршливи, при нивно неправилно отстранување може да останат скршени во ногата, па можно е да ви треба хируршка помош!

По отстранување на боцките, лекарот ќе ви го измие местото на убодот, а потоа ќе ви даде антибиотска крема или спреј. Од традиционалните средства кои ја ублажуваат болката, локалното население препорачува - млеко од смокви и рибино масло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Успешно заврши тендерската постапка за набавка на 100 нови еколошки автобуси за Скопје

Успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!

Ѓорѓиевски: Успешно заврши тендерската постапка за набавка на 100 нови еколошки автобуси за Скопје

Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!

Сакам да упатам искрена и огромна благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до министерот Александар Николоски за силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани.

Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз - помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани.

Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија.

Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје.

За само неколку месеци докажавме дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка - нема невозможни работи!

Кога се сака, сѐ се може!

Скопје го правиме заедно. По скопски!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција го гради „Ахиловиот штит“- договор со Израелците вреден 3,5 милијарди евра

Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра.

Грција го гради „Ахиловиот штит“- договор со Израелците вреден 3,5 милијарди евра

Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра, како и купување на неколку видови беспилотни летала и воени транспортни авиони C-390 од бразилската компанија „Ембраер“, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас.

Советот за национална безбедност на Грција (KYSEA) даде првично одобрение за проектот претходно оваа година, а денес ги одобри договорите за набавка.

Грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот

Грција планира да воспостави повеќеслоен систем за одбрана од балистички ракети, воздушни закани и беспилотни летала наречен „Ахилов штит“, каде што јадрото на системот ќе бидат израелски радари и ракети од „Рафаел“ и „Израел аероспејс индустрис“ (IAI).

„Системот ќе биде готов и целосно оперативен во рок од 35 месеци од денес“, рече Дендиас, додавајќи дека грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот.

Грција моментално користи американски системи „Патриот“ и стари руски системи „С-300“ за заштита на својот воздушен простор, а до 2036 година планира да инвестира околу 28 милијарди евра во модернизација на своите вооружени сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара

Гостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава...

Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара

На таа тема во Гостивар попладнево прес-конференција одржа кризниот штаб каде информираа за актуелната состојба во градот...

Таму е Дејан Трајкоски, Дејан дали е почнато хиперхлорирањето и кога би можеле гостиварци да добијат чиста вода за користење, што велат анализите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер