Штипското музичко училиште доби донација пијанино - Канал 5

Штипското музичко училиште доби донација пијанино

Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михалов“ - Штип денеска од страна на семејство Божинови од Штип доби донација пијанино. 

Штипското музичко училиште доби донација пијанино

Директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ –Штип, Илија Ќосевски на денешната прес-конференција рече дека пијаниното за учениците ќе биде од голема важност, за да тие дополнително ги надоградуваат своите знаења. Тој упати голема благодарност до фамилијата, кои што несебично помогнаа да се збогати фондот на инструменти во самото училиште.

-Чест и задоволство ни е да го најавиме новото наше, односно донирано пијанино од страна на фамилијата нашиот добро познат штипјанец д-р Ванчо Божинов. Сакам огоромна благодарност да упатам до неговата фамилија, неговите синови, Даниел и Оливер, кои што несебично помогнаа во нашето образование и кој што дадоа голем допринос со ова нивно дело. Се надевам дека во иднина сите наши сограѓани ќе излезат во пресрет и нивните неискористени можеме да кажеме инструменти можат слободно да ги донираат, доколку им се во неупотреба, а ние со сигурност во нашето училиште ќе ги реобновиме и ќе ги користиме, вели Ќосевски.

Професорот во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“-Штип, Александар Димитров вели дека пијаниното е во употребата, а училиштето ќе го збогати својот фонд на инструменти, кои што се во корист на учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ја разгледува можноста претседателите на САД и Иран електронски да го потпишат мировниот договор

Иран соопшти дека ја разгледува можноста претседателите на Соединетите Американски Држави и Иран да потпишат меморандум за разбирање од далечина, пред состанокот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави закажан за петок во Швајцарија.

Техеран ја разгледува можноста претседателите на САД и Иран електронски да го потпишат мировниот договор

„Досега, нашите планови за состанокот не се променети. Една од идеите е претседателите да го одржат од далечина“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багдеџ, за иранската државна телевизија.

Иран претходно изјави дека документот ќе биде потпишан во Швајцарија од страна на неговиот главен преговарач Мохамед Багер Галибаф и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс.

На самитот на Г7 во француското одморалиште Евиан-ле-Бен, Доналд Трамп посочи дека договорот насочен кон завршување на војната на Блискиот Исток ќе биде потпишан „наскоро“.

Запрашан за неговата намера да остане во Европа за потпишувањето, тој рече дека „можеби“ би можел да остане. „Тоа не е вид на документ што би морал да го потпишам“, рече тој.

Америка вечерва објави целосни детали за меморандумот од 14 точки со Иран, кој ќе биде образец за преговорите за кои се очекува да траат максимум 60 дена и да кулминираат со конечен мировен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охриѓанец поседувал нелегален арсенал со оружје, уапсен е

Претрес во Охрид, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице.

Охриѓанец поседувал нелегален арсенал со оружје, уапсен е

На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осудени се родителите на Коста К., кој направи масакр во училиште во Белград

Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста К., момчето кое уби девет ученици и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година.

Осудени се родителите на Коста К., кој направи масакр во училиште во Белград

Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривичните дела занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ беше осудена на две години и 11 месеци затвор за кривичното дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице, објави Индекс.

Првпат поништена пресуда

Ова е втора првостепена пресуда, на која обвинителството и одбраната имаат право да се жалат до Апелациониот суд во Белград.

Во својот завршен збор, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, му предложи на судот да им изрече максимална казна затвор на Кецмановиќ. Тој побара единствена казна затвор од 14 години и 11 месеци за Владимир Кецмановиќ и затворска казна од три години за Миљана Кецмановиќ.

Од друга страна, одбраната бараше ослободителни пресуди, тврдејќи дека наводите во обвинението не се докажани. Судењето беше повторено бидејќи Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќови беа осудени на неколку години затвор и наложи повторно судење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер