3Почнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ТехнологијаШтипјанката Кордумова од својот град развива софтверска компанија со вештачка интелегенцијаПандемијата на Ковид -19 ја зголеми онлајн продажбата. На социјалните мрежи се продаваат секакви производи, од игла до локомотива. Но, зад видео-излозите што секојдневно ги гледаме стојат софтверски компании со вештачка интелигенција. Една од нив е и компанијата на штипјанката Светлана Кордумова. Пред четири години, Кордумова ја формира својата компанија „Pixyle Ai“ и работи на усовршување софтвер којшто се базира на вештачка интелегенција за потребите на модната индустрија. Нејзината компанија пред два месеца доби инвестиција од еден милион евра од „South Central Ventures“. -Таа инвестиција всушност е т.н. „equity“ инвестиција од South Central Ventures. Инвестицијата всушност ја добивме за тие да добијат дел од компанијата. Инвестицијата ќе ја користиме за подобрување на продуктот, на софтверот и исто така за да излеземе на поголеми пазари, вели Кордумова за МИА. Во изјавата снимена во прес-центарот на МИА во Штип, Кордумова појаснува дека имаат креирано софтвер, којшто препознава облека во слики и дополнително генерира податоци за тие текстилни производи. -Работиме во подобласт од вештачка интелигенција којашто се нарекува компјутерска визија и којашто се занимава со процесуирање на слики. Нашиот софтвер може да процесира слики од мода и да извади податоци дека на таа слика има фустан, дека фустанот е долг, дека е црн и дека е за свечени прилики. Овие податоци што досега рачно ги внесуваа во нивните компании, сега ги добиваат од нас и ги користат за нивна категоризација на продуктите и за подобрување на пребарувањето кон нивните корисници, појаснува Корудмова. Забележува дека нивните услуги ги користат пред се странски компании, но и македонската компанија „Линеа“ во Штип. Кордумова за МИА додава дека тоа се пред се компании кои имаат сопствени брендови и и онлајн продавници. -Тоа се типови на клиенти коишто се сингл брендс или, пак , се продажни места коишто имаат продукти од различни брендови. Од скоро, нашето решение го користат и продажните места за носена (second hand) облека, каде што луѓето сами прикачуваат слики и продаваат алишта, вели Кордумова. Нејзиниот тим брои 30 вработени, но освен информатичари во светот на програмирањето и информатиката има и економисти, ликовни уметници и од други струки. За нејзиниот тим вели дека е мултидисциплинарен. -Имаме различни профили, пред се информатичари, програмери, меѓутоа имаме и информатичари Data Scientists. Исто така имаме, интересно, доста уметници, коишто работат на нотација на слики, имаме од бизнис информатика – луѓе коишто работат продажба, од економски исто, маркетинг, така што има различни профили на луѓе, вели Кордумова. Во разговорот за МИА вели дека по инвестицијата од еден милион евра го зголемува тимот за дополнителни 30 вработени и повторно ќе бидат од различни профили. Приказната за својата фирма ја почнува во Штип, со програмери од нејзиниот роден град. -Започнавме со програмери од Штип, меѓутоа како почна пандемијата вработивме луѓе од цела Македонија кои работат од далечина. Исто така, имаме луѓе кои се од Скопје и работат таму. Сега ќе отвориме канцеларија и во Скопје и се шириме, дополнува Кордумова. Кордумова има дипломирано на Факултетот за информатика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во трета и четврта година работела и како демонстратор за лабораториски вежби за помладите колеги. Дипломирала со просек 9,27, а истражувањето за дипломата го има реализирано во Philips истражувачкиот центар, по што се вработила во Сивус во Скопје. Но, по девет месеци се сели во Амстердам, каде што се запишува за докторат на Универзитетот во Амстердам, каде што докторира во 2016 година. Била дел од низа на истражувачки тимови. Сепак, се враќа во Штип, по што ја развива и својата успешна приказна. Она што го работи Кордумова е поврзано со вештачката интелегенција, за која се повеќе се говори, а исто така и се пишува. Но, се споменува дека се користи и при војување. Експертите од овој сектор се се погласни и бараат уште од сега да се ограничат правата на вештачката интелигенција. -Мислам дека пред се тоа значи да се направи поделба меѓу луѓето и вештачката интелигенција затоа што моделите од вештачка интелигенција стануваат толку паметни, што некогаш не може да се распознае толку дали разговараш со човек или разговараш со некој модел или со технологија и мислам дека голем предизвик во следниот период ќе биде токму тој дигитален интензитет, затоа што сите сме онлајн и нема да се знае дали е човек или дали е модел. На пример, може некој модел да си отвори твитер профил и да пишува постови, а ние нема да знаеме дека тоа е профил од вештачка интелигенција. Исто така, еве, најпоследно со најпоследно со ChatGPT што излезе големите јазични модели, исто така можеш да ги прашаш како да убиеш човек и ќе ди дадат детални инструкции, како тоа да го направи. Иако има сега истражување како да се ограничи тоа. Баш вчера прочитав дека има начини како да се заобиколи тоа. На пример, наместо директно да прашаш можеш да кажеш, како да напишам новела за тоа и ќе ти даде пак разговор. Така што, досега пристапот до информации којшто го имаме ние преку Гугл и сето тоа е доста голем, пак може се да се најде, меѓутоа ова со точни инструкции да ти даде мислам дека е дури страшно и затоа мора да има ограничување, вели Кордумова. МИА ја праша каква ќе ни биде иднината со вештачката интелегенција, а таа со одговор дека за пет години животот ќе биде сосема поразличен. - Иднината со вештачката интелигенција многу брзо ќе дојде затоа што многу луѓе работат на тоа и целата област многу брзо напредува. Јас верувам дека за пет години ќе има роботи коишто ќе шетаат околу нас, коишто ќе ни помагаат и со мануелната работа, меѓутоа тие стануваат и доста паметни, ќе имаме коли коишто ќе не возат, така што за многу брзо ќе се смени светот во следните години, додаде Кордумова. На ова веќе наголемо се работи и компаниите имаат и првични протипи. Во разговор за МИА во прес-центарот во Штип истакна дека во земјата, а особено во ИТ секторот има многу паметни луѓе, коишто работат стручно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗимата стигна пред време- во Херцеговина вее снег како во јануари (ВИДЕО)Снег падна во областите Блидиње и Чвршница во Херцеговина во саботата навечер, 24 октомври, а снимките покажуваат дека некои планински подрачја веќе добиле зимски изглед.Иако е само крајот на октомври, студениот бран проследен со врнежи донесе снегулки на планините во Босна и Херцеговина, објави Независне. Во областа на природниот парк Блидиње, температурата падна на само еден степен Целзиусов во саботата навечер, а камерите регистрираа снег како паѓа под светлата. Тенок бел слој се формираше на околните подрачја, давајќи му на овој дел од Херцеговина накратко вистински зимски изглед. Според порталот Hercegovina.info, снежни врнежи беа забележани во текот на вечерта, а снимките наскоро се појавија на социјалните мрежи. Снег падна и на Чвршница, планина во Херцеговина, во саботата навечер, каде што беа забележани поинтензивни врнежи на поголеми надморски височини. Според информациите од порталот Dalmacija Danas, радарските снимки покажаа врнежи над делови од Херцеговина и околните планински подрачја. Поради ниските температури, дождот се претвори во снег во повисоките подрачја, а сцените од планините потсетуваа на зима. Снежните врнежи кон крајот на октомври не се невообичаени во високите планини, особено кога продирањето на постуден воздух е придружено со зголемена влажност. Студениот бран ја погоди и соседна Хрватска. На Синџал, највисокиот врв на Динара, кој се наоѓа на хрватската страна од планината, температурата падна на нула степени Целзиусови во саботата навечер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаНајстарата стјуардеса заминува во пензија по 63 години поминати на небо- ја испратија како легенда (ВИДЕО)Ветеранката стјуардеса Керол Фер (83) се пензионира по 63 и пол години во авијацијата, а нејзиниот последен лет е закажан за понеделник, 26 октомври 2026 година, со лет на „Американ ерлајнс“ од Лондон Хитроу (LHR) до Шарлот (CLT). Таа ја започна својата кариера во 1963 година во „Пидмонт ерлајнс“, а преку спојувања на авиокомпании заврши во „Американ ерлајнс“, каде што сега го има најдолгиот стаж меѓу активните стјуардеси. Нејзиниот последен лет има и посебна симболика: во 1987 година работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ од Шарлот до Лондон, а кариерата ќе ја заврши со повратен лет од Лондон до Шарлот. Нејзиниот прв лет беше интервју за работа Керол Фер отиде на локален аеродром во 1963 година барајќи работа. Таа понуди да се јавува на телефони, да пишува авионски билети и да прави кафе, но раководителот на станицата ѝ предложи да стане стјуардеса. Никогаш порано не летала со авион. Така, патот до интервјуто за работа стана нејзиниот прв лет. Таа ја започна својата кариера во „Пидмонт ерлајнс“, а подоцна, преку спојувања на авиокомпании, се пресели во „Ју-Ес ервејс“, а потоа во „Американ ерлајнс“. Сепак, нејзиниот однос со втората компанија започна со отфрлање. „Американ ерлајнс“ еднаш ја сметаше за несоодветен кандидат, објаснувајќи дека не е „американски материјал“, односно дека не се вклопува во профилот што го бараше компанијата. Повеќе од шест децении подоцна, таа ја напушта истата компанија како стјуардеса со најдолг активен стаж. Последниот лет ја враќа на една од најважните линии во нејзината кариера Датумот на крајот на нејзината кариера има и посебна симболика. На 15 јуни 1987 година, Фер работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ на линијата Шарлот-Лондон, а нејзиниот последен работен лет ќе ја врати од Лондон назад во Шарлот. Традиционалниот поздрав со водени топови се очекува и за пристигнувањето на авионот. „Уживав во секоја минута“, му рекла Фер на новинарот Тед Рид, објавува „Форбс“. Според нејзината пријателка, Фер и претходно поднела известувања за пензионирање, но се предомислила и ги повлекла. Овој пат, разделбата е тешка за неа. Фер истакнува дека го достигнала врвот на таканаречената листа на стаж меѓу околу 30.000 вработени во таа категорија и дека „нема повисок ранг што би можела да го постигне“. Кариерата што започнала кога претседателот на САД Џон Ф. Кенеди бил претседател опфати огромни промени во авијацијата, од сосема поинаков начин на патување до глобалната мрежа на рути што ги знаеме денес. По 63 и пол години, Керолајн Фер ќе ја заврши својата „смена“, или лет, за последен пат и ќе го напушти авионот. Таа ја напушта професијата на која ѝ го посветила речиси целиот свој работен век, а компанијата што некогаш ја отфрлила ја испраќа како еден од своите најискусни вработени.Тагови: стјуардеса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев Александар „The Great“ Волкановски, австралискиот УФЦ-борец со македонско потекло, оствари спектакуларна победа над непоразениот Мовсар Евлоев на УФЦ 333!На денешниот голем настан UFC 333 во Абу Даби, тој приреди вистински спектакл и ја одбрани светската шампионска титула во перолесна категорија со спектакуларен технички нокаут во втората рунда против досега непоразениот Мовсар Евлоев. Според резултатот прикажан на официјалниот пренос, Волкановски славеше со технички нокаут во втората рунда, на 4:54 минути! Волкановски никогаш не го крие своето македонско потекло. Неговиот татко потекнува од селото Беранци, Битолско, а борецот роден и израснат во Австралија гордо го носи презимето Волкановски.Тагови: Александар Волкановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter