Штип од вечерва ќе живее во ритамот на „Макфест" - Канал 5

Штип од вечерва ќе живее во ритамот на „Макфест"

 Фестивалот за музика „Макфест" – Штип почнува вечерва на отворено на Градскиот плоштад „Слобода", каде се поставени сцената и столчињата. Штип по 35-ти пат ќе живее во ритамот на нови макфестовски хитови.

Штип од вечерва ќе живее во ритамот на „Макфест"

Оваа вечер се слави 35-от роденден со ревијална вечер на којашто осум македонски познати пејачи и групи ќе ги испејат своите песни, но и евергрините на други познати пејачи и тимови. Уметничкиот директор на „Макфест", Владимир Дојчиновски вели дека организаторите го прифатија предизвикот фестивалот и оваа година да се одржи, но на отворено, наместо на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов", поради здравствените протоколи.

Првата вечер е ревијална, каде што по многу години на сцената ке ги видиме ,Џина Папас Џокси, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев и групата Интервали, кои ќе ги изведат едни од најголемите макфестовски хитови, што го одбележаа фестивалот во изминатите 35 години, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски. Шоуто започнува во 20.30 часот, со директен пренос на националниот сервис, вели Дојчиновски.

В сабота е натпреварувачката вечер на којашто ќе се слушнат 24 нови песни, шоу програма додека публиката гласа ќе има Игор Џамбазов со Гуру Харе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли

Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли

Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи.

Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Според достапните информации, таа постои околу 30 години.

Сепак, секоја локација која претставува потенцијален еколошки проблем треба соодветно да биде третирана и расчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите надлежности, а Град Скопје ќе даде целосна поддршка за решавање на проблемот, иако локацијата не е на територијата на Град Скопје.

Во однос на безбедноста на водата, контролите се вршат континуирано. Секојдневно се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се анализираат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Изворот „Рашче“ е под 24-часовен надзор и обезбедување, со воспоставени мерки за заштита на извориштето, вклучително и видеонадзор и физичко обезбедување на просторот.

Ги повикуваме граѓаните да се потпираат на официјалните информации и резултатите од лабораториските анализи, а не на непроверени информации и шпекулации кои можат непотребно да создадат страв и паника.

Водата што ја пијат скопјани е безбедна.

Здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет и за нив нема место за компромиси. Доколку постои каков било реален ризик, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Завршена фазата на поставување енергетско-ефикасно осветлување во Бардовци

Во рамки на градежните активности што се реализираат во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување.

Општина Карпош: Завршена фазата на поставување енергетско-ефикасно осветлување во Бардовци

На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетско-ефикасни светилки со можност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци.

Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови енергетско-ефикасни светилки, исто така со можност од 35 вати.

Новото осветлување ќе придонесе до подобра видливост на јавните ппвршини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасно користење на електричната енергија, преку примена на современи и енергетски ефикасни решенија.

Општина Карпош продлжува со реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции, со цел унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места на својата територија.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот". Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност.

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота

Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток.

Зад секоја трансплантација стои приказна за храброст. Приказна за семејство, кое во моментот на најголема загуба, помислило на некој друг. И приказна за пациенти кои денес дишат, живеат и се враќаат кон своите најблиски благодарение на тој гест.

Органодарителството не е само медицински чин, тоа е чин на длабока човечност. Секое „ДА" за донирање е потенцијална втора шанса за некој што чека.

"Секоја трансплантација е доказ дека и во најтешките мигови луѓето наоѓаат сила да мислат на другите. Благодарност до секое семејство што избра да подари живот, потенцира министерот за здравство, Сашо Клековски.

"Зад секојa трансплантација стои тим, но пред сè стои една хумана одлука. Таа одлука е она што го прави можно чудото на новиот живот, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Во пресрет на 13 август - Светски ден на органодарителство, се приклучуваме на светската иницијатива за подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи и им се заблагодаруваме на сите семејства кои со својата одлука подариле живот.

[❣️] Бидете дел од промената. Бидете причина за нечиј нов почеток.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер