Штип и бугарската Општина Гоце Делчев прават Стратегија за зелена инфраструктура - Канал 5

Штип и бугарската Општина Гоце Делчев прават Стратегија за зелена инфраструктура

Во тек е изградбата на трите парка во Општина Штип, кои се дел од проектот трансформирање на урбаните средини во зелена инфраструктура.

Штип и бугарската Општина Гоце Делчев прават Стратегија за зелена инфраструктура

Директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР)-Штип, Трајче Здравков изјави дека Штип денес беше домаќин на прекугранична обука со претставници од општините Штип и Гоце Делчев, насочена кон креирање заедничка десет годишна Стратегија за зелена инфраструктура.

Тој истакна дека обуката е дел од проект за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, а на неа присуствуваат и претставници од јавниот сектор, невладини организации и јавни претпријатија.

Здравков посочи дека целта е да се постави цврста методологија и визија за зелен развој, која ќе ги поврзе двата града. Според него, стратегијата ќе биде патоказ за заедничко дејствување во следната деценија.

- Целта на оваа обука е да се воспостави една методологија за зелена инфраструктура, која што и подоцна ќе прерасне во еден регионален десет годишен документ како треба да се развиваат двете општини во поглед на зелената инфраструктура. Во рамките на Општина Штип веќе се започнати и изградбите на парковите, кои се дел од проектот, едниот е кај пешачката патека во населбата Осми ноември, додека другиот парк е кај медицинското училиште во градот, изјави Здравков.

Инаку финансиската конструкција на целиот проект и во двете општини Штип и Гоце Делчев изнесува 860 000 евра, каде што се предвидени паркови, зелени површини, како и низа на обуки и работилни за креирање на решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер