3Полицијата од регионот се здружи против интернет предаторите- извршени се претреси на 42 адреси, девет деца меѓу жртвите
ЗдравјеШтетна и полезна храна за мозокот Деменцијата е една од најпредизвикувачките болести на совремието, а бројот на заболени ширум светот е во пораст. Докторите предупредуваат дека, покрај правилната грижа за мозокот, којашто вклучува ментално-когнитивни вежби, физичка активност и здрава исхрана, важно е да се знае и која храна да се избегнува. Научните истражувања покажуваат дека одредени видови храна може да ја зголемат опасноста од развој на деменција и да го забрзаат падот на работата на мозокот. Преработено месо Саламата, колбасите и други слични производи содржат високо ниво на натриум и транс-масти, коишто му штетат на кардиоваскуларниот систем. Истражувањето објавено во списанието „Неуролоџи“ (Neurology) покажува дека кај луѓето, кои консумираат повеќе од една четвртина од порцијата црвено месо дневно, има 13 отсто поголем ризик од развој на деменција. Прекумерно преработена храна Тука спаѓаат намирниците со додадени шеќери, конзерванси, вештачки бои и други хемиски додатоци. Според истражување објавено во списанието „JAMA Неуролоџи“, кај луѓето чиј дневен внес на калории е повеќе од 20 насто од овој вид храна, има 25 отсто побрз когнитивен пад. Лута и зачинета храна Луѓето кои јадат повеќе од 50 грама лути пиперки на ден, имаат речиси двојно поголема веројатност да ги изгубат умствените способности. Алкохол Друго истражување објавено во „JAMA“ посочува дека умерената консумација на алкохол, т.е. еден пијалак дневно, може да го намали ризикот од деменција за 21 насто. Сепак, кај оние кои пијат три или повеќе чаши алкохол на ден, има 8 отсто зголемена опасност. Вештачки засладени пијалаци Според истиот напис, и еден вештачки засладен напиток дневно е премногу во однос на евентуалниот развој на деменција. Додадени шеќери Прекумерниот внес на шеќер воопшто - е поврзан со инсулинска отпорност, што може негативно да влијае на работата на мозокот кај еден човек. А, луѓето кои пијат меѓу еден и седум засладени пијалаци неделно имаат значително поголем ризик од деменција. Препорачана исхрана За зачувување на здравјето на мозокот и за намалена опасност од деменција, лекарите препорачуваат исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, цели зрнести плодови, мешунки, јаткасти плодови и семки, но и масна риба како што се лосос и скуша. Нутриционистката Ерин Палински-Вејд нагласува дека храната богата со растителни влакна, здрави масти и антиоксиданси може да го заштити мозокот од оксидативен стрес и воспалителни процеси, коишто се главни фактори во развојот на деменција. Тагови: мозок храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамМерцедес ќе им дозволи на возачите да не го држат воланот и при брзина од 130 км/час Mercedes-Benz воведува нова генерација системи за помош при возење кои ќе им овозможат на возачите да ги тргнат рацете од воланот при брзина до 130 километри на час. Во исто време, автомобилот ќе може самостојно да менува лента, да обиколува побавни возила и да следи однапред одредена рута. Новата функција наречена Hands-Free Assist, прво ќе биде достапна во Германија до крајот на 2026 година, додека пристигнувањето на американскиот пазар се очекува во текот на 2027 година. Системот е наменет за возење по автопати и се активира само кога се исполнети соодветните услови. Возачот може да ги тргне рацете од воланот, додека автомобилот ја одржува брзината, го следи сообраќајот и управува. Доаѓа и со Proactive Lane Change Assist, функција која може автоматски да иницира и изврши промена на лента. Ова вклучува претекнување побавни возила, но и навремено престројување, така што автомобилот ја следи навигацијата кон посакуваниот излез на автопатот. Сепак, возачот сепак мора постојано да го следи сообраќајот и да биде подготвен да ја преземе контролата. Станува збор за систем за асистенција од втор степен на автономија, а не за целосно независно возење. Mercedes подготвува и понапреден систем MB.DRIVE ASSIST PRO, кој ќе обезбеди поддршка во текот на речиси целото патување, од почетната точка до дестинацијата, вклучувајќи ги и градските улици. Овој систем ќе може да помогне при вртење на раскрсници, престројување, спојување во сообраќај, како и сопирање и рестартирање на семафорите. Возачот и понатаму ќе биде одговорен за работата и безбедноста на возилото. MB.DRIVE ASSIST PRO треба да стане достапен во Германија и САД во првата половина на 2027 година. Пред тоа, одредени корисници во Калифорнија, Штутгарт и Минхен ќе можат да ја испробаат технологијата преку програма за ран пристап, почнувајќи од крајот на 2026 година. Компанијата планира постепено да ја прошири својата достапност на различни модели на автомобили и комбиња. Ќе може да се активираат одредени функции преку безжично ажурирање на софтверот, под услов возилото да има соодветен хардвер. Мерцедес со овој потег сака да го намали товарот на возачот при долгите патувања и градското возење. Сепак, тоа што можете да ги тргнете рацете од воланот не значи дека возачот мора да престане да го гледа патот, да го користи телефонот или да ја препушти целата одговорност за возење на автомобилот.Тагови: воланот мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЕвропаЛиквидиран е бизнисмен во Германија- телото е пронајдено во стан, два дена никој не се посомневал Телото на бизнисмен (38) е пронајдено во стан во франкфуртската населба Заксенхаузен, а првичните информации од истрагата укажуваат дека мажот е брутално убиен.Според полицијата и обвинителството на Германија, тој починал од повреди нанесени со тап и остар предмет. Станува збор за Матијас Х., чие тело е пронајдено на 19 октомври во стан во една од франкфуртските населби. Според досегашните резултати од истрагата, се верува дека злосторството е извршено два дена претходно, на 17 октомври, што значи дека телото на мажот е пронајдено само околу 48 часа по неговата смрт. Истражителите велат дека повредите на телото укажуваат на насилна смрт. Се сомнева дека бизнисменот починал од комбинација на тапи и остри повреди. Одделот за убиства го презеде случајот, кој се обидува да ги утврди сите околности на злосторството, како и кој стои зад смртта на 38-годишникот. Моментално нема официјални информации за можни осомничени, мотивот за убиството или што се случило во станот пред човекот да го загуби животот.Тагови: бизнисмен Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама во Белград: Двајца мажи на грб изнесуваат човек од поплавен автомобил (ВИДЕО)Силната бура што денес го погоди Белград донесе поплавени улици, сообраќаен хаос и страв, но во најтешките моменти уште еднаш покажа дека човечноста, храброста и човечноста никогаш не исчезнуваат.Во време кога поројот се закануваше да однесе сè пред себе, вистинска драма со среќен крај се одвиваше во преминот во близина на амбулантното возило, а видеото што се појави на Инстаграм страницата 192_rs никого не остави рамнодушен, објави Телеграф. Еден човек се најде во безнадежна ситуација. Неговиот автомобил беше заглавен во длабока вода која стануваше сè подлабока и подлабока во секунда. Водата веќе во голема мера ги покриваше вратите од возилото, притисокот беше пресилен и несреќниот човек не можеше да ги отвори, ниту да најде излез. Заробен во лимена стапица, додека водата му се закануваше, секој момент траеше како вечност. И тогаш, кога беше најпотребен, тие се појавија. Без секунда двоумење, не грижејќи се дека се во цивилна облека, дека ќе бидат целосно мокри и дека ја ризикуваат сопствената безбедност во ледениот порој, двајцата мажи се стрчаа кон заглавеното возило. Мирно, но решително, тие почнаа да му даваат инструкции на исплашениот возач како да излезе од прозорецот на автомобилот. Сцената што следеше ги топи дури и најтврдокорните срца. За да го спречат човекот да падне во длабоката и валкана вода, овие двајца хероиго качија на своите рамена и буквално го однесоа на безбедно место ! View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Како што дознавме, станува збор за полицајци од Полициската станица Звездара кои беа во цивилна облека. Иако не е познато дали во тој момент биле на должност или надвор од должност, едно е сигурно - тие покажаа неверојатна храброст, смиреност и срце поголемо од планина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter