Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница
1Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
РакометШтербик во тимот на колотоГолманот на Вардар Арпад Штербик со одличното свое издание на саботниот дуел со Нант си обезбеди место во најдобриот тим на 2.коло од ракометната Лига на шампиони. Штербик во победата на „црвено-црните“ (27:23) учествуваше со 13 одбрани од кои два беа седмерци за противникот. Најдобар тим во изборот на ЕХФ за 2.коло од ЛШ: голман: Арпад Штербик (Вардар) лево крило: Валеро Ривера (Барселона) лев бек: Карел Биелицки (Киелце) среден бек: Мате Лекаи (Веспрем) десен бек: Ласло Наѓ (Веспрем) десно крило: Матјаж Брумен (Горење) пивотмен: Бјарн Мирхол (Скјерн). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедницаВо 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски.Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски на синоќешната панел дискусија што ја организираше ДУИ по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Бучковски со отворен и директен говор изјави дека огромно е значењето на овој договор за македонската демократија и патот до Брисел, но Македонија тогаш според него била спасена од поделба со максималната ангажираност на меѓународната заедница. Лидерот на ДУИ, Ахмети му одговори дека ја сака Македонија исто колку што ја сакаат и Црвенковски и Мицкоски, а во своето обраќање порача и дека секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор, изјави Ахмети. -Вклучувањето на меѓународната заедница, срамежливо покажувањето на првиот предлог на Фровик дека ќе дојде до разоружување, дека потоа треба да има еден сериозен политички процес беше воден од меѓународната заедница на начин кој го приближуваше и Али Ахмети од терорист, екстремист, водач на паравоената ОНА, да се трансформира во лидер на политичка партија, ценејќи го расположението на албанскиот етникум во тој момент...Не беше на почетокот отворен воениот конфликт само за правата на Албанците. Тлееше веројатно, затоа сме разговарале и со г-динот Ахмети, тенденцијата беше дека треба да се освои територија и да се направи обид да се подели Македонија, изјави Бучковски. -Ја сакам Македонија, господине Бучковски, колку што ја сакате и вие, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски, затоа, подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност…Кога станува збор за прашањето на поделба, да, јас го имав проектот за поделба г-дине Бучковски и го имав одобрено од највисоките власти, но не го прифатив, бидејќи Албанците од Скопје немаше да бидат со мене. Јас ќе бев во Албанија, но Скопје, Куманово, Струга, Кичево, Прилеп, Велес, сите тие би биле надвор од границите на Албанија, изјави Ахмети. Паралелно со настанот на ДУИ, течешеи владиниот настан по повод јубилејот кај Камениот мост во Скопје. Оттаму првиот вицепремиер Беким Сали и министерот за транспорт Александар Николовски испратија пораки дека Охридскиот договор треба да биде пример за градење доверба и соживот кој треба да го чуваат и негуваат идните генерации. Годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше одбележана и со свечена седница во Владата, а ден претходно министерството за односи меѓу заедниците организираше и панел дискусија со политичари, експерти, новинари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаВечерва трето вонредно прскање против комарци во ДрачевоДрачево е најголемото жариште на епидемијата со „западен нил“, барем според досегашните потврдени случаи. Најголема загриженост предизвикуваат токму застоените води кои можат да се забележат на јавните површини тука, токму како што е случајот со овој канал. Тука, има соодветни услови за размножување на комарците кои го пренесуваат вирусот. На состојбата влијае и близината на Маркова река која на делови им нуди слични услови на инсектите, исто како и длабоките одводни канали околу населбата. Жителите на Драчево велат дека и покрај прскањето комарци има. Дел стравуваат и за своето, но повеќе за здравјето на децата, бидејќи знаат за нивните сограѓани кои поради тешка форма на болеста завршија во болница. Дел од граѓаните сметаат дека неоходни се дополнителни мерки за да ги заштитат граѓаните во поризичните области. Во Драчево повторно ќе се прска од копно, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Од Општина Кисела вода велат дека третото прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот вечерва, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци, а препораката до граѓаните е во овој период да ги затворат вратите и прозорците од своите домови. Во меѓувреме, од Инфективната клиника за Канал 5 потврдуваат дека има нови пациенти со воспаление на мозокот и мозочните обвивки кои се примени во болница, дел не се од Скопје, но кај нив се уште не е потврден вирусот, па засега остануваат триесетина кај кои со тестови е детектиран „западен нил“. Од нив 20 се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба, на респиратор, сите се повозрасни, со хронични болести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаПожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско33 часа непрекинат оган во битолскиот регион во општините Битола, Могила и Новаци. Најтешката битка пожарникарите ја имаа во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Голема помош во селото Лознани бил младиот Алекснадар Чепиговски од село Ивањевци кој со својот трактор орал директо низ пожарната линија и изгаснал голе дел од пожарот. „Јас со мојот трактор влегов директно во пожарот ја имав и прскалката и почнав да гасам. Бев многу внимателен да не настрадам, но она што можев направив и помогнав“, раскажува Александар Чепиговски село Ивањевци. Тимови од од противпожарната единциа Битола, Кавадарци и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со жителите од селата ги совладаа пожарите. „Пожарите почнаа сите во исто време, може да се дел подмеметнати, дел да се од стрништа. Голема благодарност до жителите кои многу помогнаа со пожарите“, Тони Коњановски градоначалник на Битола. Првиот човек на ДСЗ Стојанче Ангелов објаснува дека вчерашниот ден бил најтежок со пожарите. Активен е пожарот кај скопско Студеничани. „Вчерашниот ден беше најтежок, пожарите во битолско се изгаснати има делови кои се на непристапен терен. Во Студеничани има оган во непристапен терен“, објаснува Ангелов. Едно лице било повредено со изгореници на дланките кое е на домашно лекување. На ниво на цела држава активни се шест пожари, два пожари се под контрола. ДСЗ и ЦУК со апел да се внимава со палење на огнови на отворено, бидејќи е кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21