Штербик: Резултатот е фер, а Ангелов беше брилијантен - Канал 5

Штербик: Резултатот е фер, а Ангелов беше брилијантен

Вардар вчеравечер во СЕХА лигата одигра нерешено 28:28, на еден од најтешките терени во Европа, во Веспрем и тоа во драматична завршница.

Штербик: Резултатот е фер, а Ангелов беше брилијантен
Во таборот на македонскиот првак се задоволни со ремито, а сите пофалби одат за Петар Ангелов.

Тренерот Раул Гонзалес и првиот голман Арпад Штербик, на прес-конференцијата по натпреварот изразија задоволство од освоениот бод и од играта на Вардар. И двајцата се согласија дека одличен во првото полувреме беше Петар Ангелов.

- Честитки за Веспрем, тие се одличен тим. Во првото полувреме почнавме многу добро, Ангелов беше извонреден, а јас задоволен од нашите контри. Среќни сме со резултатот и со првото место на табелата, изјави Раул.

Штербик потсети на неодамнешните лоши искуства од Лигата на шампионите, со Киелце и со Рајн-Некар, потенцирајќи дека поради тоа овој бод е уште поважен.

- Дојдовме во Веспрем по два пораза едноподруго и среќен сум што нашиот тим одигра добар натпревар по тие порази. Сите знаат дека не е лесно да се игра во Веспрем. Резултатот од натпреварот е фер, ние бевме подобри во првото полувреме, а за тоа помогна многу брилијантниот Ангелов. Во второто полувреме Веспрем играше подобро, но успеавме да изедначиме, рече Штербик.

Следниот меч од регионалното натпреварување ракометарите на Вардар го играат в сабота, против Цеље, во Скопје. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер