Штербик неизвесен за натпреварот со Кристијанштад - Канал 5

Штербик неизвесен за натпреварот со Кристијанштад

Поради повреда на тетивата се уште не се знае дали голамнот на Вардар, Арпад Штербик ќе биде во составот на тренерот Раул Гонзалес за саботниот дуел од Лигата на шампионите против Кристијанштад во Скопје.

Штербик неизвесен за натпреварот со Кристијанштад
Вардар на овој меч влегува како апсолутен фаворит и со желба по подолго време да освои два бода за осигурување на пласманот во следната фаза.

- Шведската екипа во Скопје ќе игра растоварена без психолошки притисок. Тие играат добар ракомет, го покажаа тоа на претходниот натпревар кога освои бод со Киелце. Ние нема да бидеме комплетни. Покрај отсуството на Карачиќ, неизвесен и е Штербик кој се жали на болки во тетивата. Но, тука се другите двајца голмани. Очекувам поддршка од навивачите и да стигнеме до целта. Сега сме поодморени за разлика од претходната средба со Рајн Некар кога имавме згуснат распоред, рече тренерот на „црвено-црните“ на денешната прес-конференција.

Позитивен резултат очекува и пивотменот Мијајло Марсениќ.

- Играме важен натпревар. Фаворити сме и одиме на победа која ќе не врати психолошки на вистинскиот пат. На теренот мора да покажеме дека сме подобри од Кристијаншатд кој во Скопје доаѓа да одигра без притисок, изјави Марсениќ.

На првиот натпревар во Шведска Вардар победи со 30:25.

Македонскиот шампион е на 5.место со 12 бодови, додека противникот е 7-ми со 5 бода во Б-групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиште погоди една од главните почетни точки за искачување на јапонската планина Фуџи и затрупа три возила, но според достапните информации, никој не е повреден. 

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс.

Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка агенција објави дека на инцидентот му претходеле обилни дождови што врнеле преку ноќ и наутро во планинските области на префектурата Шизуока. Поради обилните дождови, линијата Фуџи Субару, еден од главните пристапни патишта што водат до планината, исто така била затворена.

Последици од бурата во регионот

Пријавени се уште неколку инциденти во близина на планината Фуџи. Полицијата на префектурата Шизуока пријави посебен инцидент во кој двајца планинари биле пронајдени онесвестени на патеките рано наутро, но не го поврзуваат инцидентот со свлечиштето. Вчера вечерта се случи свлечиште во градот Каванехон, во кое загина еден работник.

Вчерашната бура со дожд во Јапонија во вечерните часови ги погоди и соседните префектури Аичи и Гифу, каде што 41 лице беше повредено во поплавите, јавува агенцијата Кјодо. Во Нагоја, главниот град на префектурата Аичи, наврнаа рекордни 104,5 милиметри дожд за само еден час. Јавниот радиодифузен сервис НХК објави дека обилните дождови предизвикале прекини во сообраќајот и големи толпи на градските станици.

Јапонската метеоролошка агенција најавува дека продолжувањето на обилните дождови во областа од североисток до запад на Јапонија се очекува до денес попладне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп откри кога ќе заврши војната со Иран- го кажа и точниот датум (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши „веднаш по“ среднорочните избори во САД закажани за 3 ноември.

Трамп откри кога ќе заврши војната со Иран- го кажа и точниот датум (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува војната со Иран да заврши „веднаш по“ среднорочните избори во САД закажани за 3 ноември, велејќи дека Техеран се обидува да влијае на изборите, но дека нема да може повеќе да издржи.

„Војната со Иран, мислам, ќе заврши веднаш по среднорочните избори“, рече Трамп, според Политико.

Тој, исто така, објави дека САД ќе извршат дополнителни напади врз Иран.

Трамп рече дека Вашингтон во моментов не бара договор со Техеран, но не ја исклучи можноста за преговори.

„Во моментов не бараме договор со Иран, но преговорите се можни“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алкараз се исповрати во крпа пред да си замине од УС Опен (ВИДЕО)

Бен Шелтон (АТП - 9-ти) го победи бранителот на титулата Карлос Алкараз (АТП - 3-ти) во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД со резултат 6:7(5), 6:1, 6:3, 1:6, 7:6(10/7). 

Алкараз се исповрати во крпа пред да си замине од УС Опен (ВИДЕО)

Исклучително напнатиот натпревар траеше четири часа и 28 минути, завршувајќи во 3:33 часот по њујоршко време, нов рекорд за најновиот финиш во историјата на Гренд слем турнирите. Пред петтиот сет, шпанскиот тенисер поврати во пешкирот, но го продолжи натпреварот и го заврши до крај.

„Го напуштам теренот среќен, насмеан и здрав. По третиот сет бев физички многу исцрпен, но најдов начин да дадам малку повеќе од себе. Во петтиот сет почнав да се чувствувам подобро, но тој е ѕвер. Шелтон е неверојатно моќен играч“, рече Алкараз по натпреварот.

Серијата на Шелтон продолжува, Алкараз запрен

Со оваа победа, Шелтон ја потврди својата одлична форма на северноамериканската турнеја на тврда подлога, каде што сега има рекорд од 13 победи и два порази. 23-годишникот неодамна ја освои својата втора титула на АТП Мастерс 1000 во Монтреал и сега го обезбеди своето прво полуфинале на УС Опен од 2023 година со победа против Алкараз.

Шелтон има вкупно 144 победи и 90 порази на АТП турнејата и има освоено седум турнири. Неговите најголеми успеси на Гренд слем турнирите се полуфиналињата на Австралија Опен (2025) и УС Опен (2023 и 2026). Тој заработи околу 13 милиони евра од наградните фондови, а неговиот најдобар пласман на светската ранг-листа беше петтото место.

Ова беше првиот турнир на Шпанецот по четиримесечна пауза поради повреда. Тој загуби само еден сет до четвртфиналето, но не успеа да ја одбрани минатогодишната титула. На овогодинешниот Отворен турнир на САД, Алкараз се обидуваше да ја освои својата осма Гренд слем титула и да стане првиот тенисер по Роџер Федерер кој ја одбранил титулата во Њујорк.

Тој влезе во натпреварот против Шелтон со личен рекорд од 18 последователни победи на Гренд слем турнири. Во таа серија, тој го освои Отвореното првенство на САД во 2025 година и Отвореното првенство на Австралија оваа година, а со својот триумф во Австралија стана најмладиот играч во историјата кој завршил Гренд слем кариера. Вкупно, Алкараз освои 26 турнири и заработи околу 56 милиони евра од наградните фондови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер