РакометШтербик избран во тимот на сезоната во ЛШ (Видео)Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави тимот на сезоната 2017/2018 во Лигата на шампионите, а во него се најде само еден играч на актуелниот европски шампион Вардар.Се работи за голманот Арпад Штербик, кој е еден од најдобрите на својата позиција и најзаслужен што македонскиот тим ќе има можност да ја одбрани титулата од лани. ПСЖ има најмногу претставници во „ол-стар“ тимот, а тоа се левото крило Уве Генсхајмер, левиот бек Сандер Сагосен, централен бек Никола Карабатиќ и неговиот брат - Лука, како најдобар дефанзивец. За најдобар пикер ЕХФ го избра Бјарте Мирхол од Скјерн, на позицијата десен бек е играчот на Барселона Дика Мем, а десно крило е Давид Балагер од Нант. За најдобар млад играч е прогласен Ромен Лагард од Нант. Патрис Канаје, тренерот на Монпелје, кој е противник утре на Вардар во полуфиналето на Ф4, е прогласен за најдобар за сезоната 2017/2018./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
МакедонијаМицкоски: Денеска и утре исплата на субвениците за тутунарите Во текот на денот и утре на сметките на тутунарите ќе легнат парите од субвенциите. Ова го соопшти премирот Мицкоски кој рече дека налогот за исплата на нешто над 32 милиони евра од платежната агенција е веќе во трезор за да се пуштат парите кон земјоделците. Премиерот Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години веќе се исплаќаат тековните субвенции за 2025 година. -Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – рече Мицкоски. Премиерот посочи дека огормна е разликата во односот кон тутунарите што се гледа според тоа дека четири години кога тутунот се откупувал по 150 денари а сега последните договори се за цена од 450 денари за килограм, што се одразува и во вкупно откупените количини кои тогаш биле од 16 до 18 илјади тони а сега се од 26 до 28 илјади тони на откупен суров тутун годишно Претходно преку соопштение опозициската СДСМ обвини дека премиерот ги излажал земјоделците и наместо ветувањата за поголем просперитет сега земјдоелците се соочуваат со намалени субвенции, ниски откупни цени и немање пласман. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем. Според СДСМ доказ за падот во земјоделството е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото, кој во делови од земјава се најавува дека ќе запре а цената на млекото е падната за над 30%. Денес литар млеко според СДСМ се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци. Тагови: тутунари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНРиТ најостро го осудува инцидентот што се случи денескаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
МакедонијаОбвинетите девет полицајци за „Пулс“ не се чувствуваат виновни за злоупотреба на службената положбаДеветмината полициски службеници обвинети за злоупотреба на службената положба при издавањето согласност за издавање лиценца за дискотеката Пулс во Кочани негираа вина пред судот.Полициските службеници се од Кочани, Штип, Радовиш и Пробиштип, a дел од нивните бранители забележаа дека се уште не ги добиле за нив клучните докази, односно службени белешки според кои некои од обвинетите извршиле проверки и не дале согласност за лиценцата што се променило по укажување на старешини. -Селективна правда не е правда бидејќи отсуствуваат определени писмени докази кои во претходната истрага која беше запрена за истите овие обвинети лица ги нема. Тие докази се многу битни за одбраната од кои може да се види дека се провериле, правеле се од себе да не дојде до вакви ситуации како што дошло. Мојот клиент е три години во пензија пред да се случи дискотеката Пулс. Не е во ред со сила да се тераат работите за да има што повеќе обвинети во овој процес,- изјави – Емил Нетков – Адвокат на првообвинетиот Димче Аврамов. Според обвинението имале должност да направат проверки околу нарушувањата на јавниот ред и мир и безбедносните сообраќајни решенија околу објектот што е поврзано со барањето за лиценца до Министерството за економија, но не ја исполниле. Притоа овозможиле Пулс да добие лиценца во 2022 и 2023 година, а дискотеката и неформалниот сопственик Дејан Јованов Деко да остварат имотна корист од околу десетина илјади евра. -Им се става на терет дека во еден одреден временски период истите како полициски службеници не ги направиле соодветно проверките коишто се однесуваат на евиденција на нарушување на јавен ред и мир и не ги направиле проверките на терен коишто се однесуваат на сообраќајните решенија односно безбедноста на сообраќајот коишто се услови неопходно потребни да се проверат за да може да се даде мислење односно согласност за добивање на лиценца,- изјави – Спасенка Андонова – Обвинител во ОЈО ГОКК. Судењето за овој случај ќе продолжи на 29 јуни со изведување материјални докази на обвинителството. По условната пресуда за тројца полициски службеници, во скопскиот Кривичен суд се постапува по уште еден предмет со 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во дискотеката Пулс но не спречиле активирање на пиротехниката. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook