3Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветШтајнмаер ќе разговара во Рига на последниот ден од балтичкото патувањеГерманскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе разговара во латвискиот главен град Рига, со што ќе заврши неговото тридневно патување во балтичкиот регион.Штајнмаер треба да се сретне со латвискиот претседател Едгарс Ринкевич и премиерката Евика Силиња, а разговорите ќе се фокусираат на безбедносната ситуација во регионот во услови на руската војна во Украина, јави ДПА. Германскиот претседател ја посети Литванија во неделата за прославата на националниот ден на земјата, каде што понуди поддршка за Вилнус во нејзината одбрана од руската закана. Балтичките држави - Латвија, Литванија и Естонија - стравуваат дека би можеле да станат следните жртви на империјалистичките цели на рускиот претседател Владимир Путин. Трите земји се членки и на Европската Унија и на НАТО. Заедно со својот латвиски колега, Штајнмаер треба да го посети Брауншвајг, германска корвета која моментално е закотвена во пристаништето во Рига, каде што учествува во вежбата „Балтички операции“ предводена од САД.Тагови: Штајнмаер Рига Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патиштаЗа 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани. Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци. Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло. -Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел гориватаНа владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.Во продолжение погледнете ја целосната изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независностаНад 200 илјади граѓани присуствувле на настаните кои во текот на еден месец се одржуваа на повеќе локации по повод 35 години од независноста на Македонија, посочи премиерот Мицкоси. Тој оцени дека државата достоинствено ја одбележала независноста и дека прославата била од светски калибар. Најави дека вакви настани ќе се организираат секоја година и дека Владата ќе поддржува ваков тип културни и спортски манифестации. На обвинувањата од СДСМ за сумата одвоена за концертот на Дејвид Гета, Мицкоски одговори дека се од општествено одговорни компании и дека резервите на Државната лотарија сега се насочувле назад кон граѓаните, а не во приватни џебови како што тоа било случај во минатото. „Ја следам оваа естрада што ја прави опозицијата. Мислам дека се единствени коишто во овој период не се задоволни затоа што прославата на 35-годишнината, којашто траеше повеќе од еден месец, помина навистина прекрасно. Имаше мнигу среќни и многу задоволни граѓани. Оние кои очајуваа на времето парите ги трошеа во приватни џебови кај Перпарим и останатите, а ова влада сето она кое што е дел од резервите на Државна котарија го враќа назад кај граѓаните, кај културата и кај уметниците. Има разлика не сме исти, владата на СДСМ и ДУИ добивката од Лотарија најчесто преку сомнителни тендери и јавни набавки ги враќаше во приватни џебови на неколкумина виоски функионери, за кои има судски просеси“– Христијан Мицкоски, претседател на Владата Од опозиоциската СДСМ пак бараат јавно да се објаваат договорите И исплатите на добавувачите и на секој изведувач поединечно кој настапил за време на одбележувањето на независноста. Во спротивно бараат да се отвори истрага кој ќе утврди каде завршил секој денар. „Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда. Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен“- Маја Борозан, портпаролка на СДСМ 35 годишнината од незавиноста се одбележуваше повеќе од еден месец ширум земјава. Прославата стартуваше на 9-ти август од стадионот Билјанини извори во Охрид, а карванот насловен „Силно светнал ден“ помина низ 11 градови. На 1-ви септември на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook