3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
РакометШпилер потпиша за МеталургСловенецот Давид Шпилер е најновото засилување на ракометниот клуб Металург.32-годишниот Словенец е задоволен од неговиот нов ангажман. - Во Металург добро се работи, има млади играчи, се игра во Лигата на шампионите, има многу предизвици и тоа е одличен клуб, со богата историја. Таков клуб не може да си дозволи ништо друго освен да има високи амбиции, а сето тоа ми беше и еден од условите. Јас секогаш целам високо. Јас сум победник, не сакам да губам и тука не дојдов да губам, туку дојдов да победувам, а имаме екипа за тоа, изјави Шпилер за клупската веб страна на металурзите. Тој веќе тренира во „Автокоманда“, а од новите соиграчи во минатото настапувал со Марко Матиќ (во Загреб) и со Јанко Божовиќ (во Мешков Брест). - Тимот уште не го запознав добро, но можам да кажам дека младите се многу талентирани. Ниту една земја во Европа нема толку добри домашни играчи колку што ги има Македонија. Сигурен сум дека со секој натпревар ќе бидеме се подобри. Не би се ставал себеси во прв план, тимот е важен, а како ќе расте тој, така ќе растам и јас. Се радувам и на соработката со Лино Червар, кој е голем стручњак, истакнува досегашниот член на белорускиот првак Мешков Брест. Шпилер во кариерата играше за Тржич, Преддвор, Шкофја Лока, Превент, Цеље, Копер, Загреб и за Мешков Брест, а за репрезентацијата на Словенија одигра 120 меча и постигна 278 гола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија. На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Не користете мобилен телефон додека возите. Користете сигурносен појас на секое патување. Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри. Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување. Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се. Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома. Вози одговорно. Секој живот е важен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. 7 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Крушево, Берово, Крива Паланка, 11 Прилеп, 12 Охрид, Претор, Тетово, Виница, Кавадарци, 13 Битола, Струмица, 14 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 15 Штип, Велес, 16 Демир Капија, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 17 Лазарополе, 14 Попова Шапка, Маврови Анови, Тетово, 9 Охрид, 8 Претор, 5 Крушево, 3 Битола, Скопје-Петровец, 2 Велес, Куманово, Крива Паланка, 1 Штип, Прилеп, Виница, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter