Шпаркасе Банка АД Скопје одбележува 200-годишен јубилеј - Канал 5

Шпаркасе Банка АД Скопје одбележува 200-годишен јубилеј

Шпаркасе Банка АД Скопје со голема гордост се приклучува на одбележувањето на значајниот јубилеј на својата матична групација – Штаермеркише Шпаркасе, која овој мај 2025 година слави 200 години постоење.

Шпаркасе Банка АД Скопје одбележува 200-годишен јубилеј

Овој јубилеј е симбол на довербата, стабилноста и континуираната поддршка што оваа

реномирана банкарска институција веќе два века ја пружа на речиси 3 милиони клиенти, преку 195 експозитури и деловни згради во целата групација. Под мотото „Светот на иднината“ – (#TheWorldOfTomorrow), Групацијата Штаермеркише Шпаркасе праќа силна порака за иднината – дека со заедничка посветеност можеме да создадеме подобар свет за сите нас.

– Во 2025 година славиме 200 години постоење, историја и визија. Горди сме што

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од банкарска групација Штаермеркише Шпаркасе

со полни два века искуство, а истовремено предводник на новите генерации

клиенти и вработени, кои гледаат кон иднината со сигурност и оптимизам. Нашата

улога не е само финансиска, без разлика дали се млади корисници, мали бизниси

или големи корпорации – ние сме присутни таму каде што навистина значи.

Веруваме во долгорочни односи, па затоа нашата мисија останува иста, со нашите

клиенти да бидеме партнер од доверба, кој ги разбира потребите на луѓето и

активно придонесува кон развојот на заедницата“ – изјави г. Санел Кустурица,

претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Во време на забрзани промени, Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да гради стабилна основа, притоа инвестирајќи во иновации, во луѓе и во заедницата. Во текот на оваа година, како и во досегашното дејствување, Банката ќе се посвети на директни инвестиции во заедницата преку поддршка на клучни сегменти, и тоа: едукација и финансиско здравје, грижа за животната средина, одржлива и зелена економија, култура, спорт и проекти за одржливост.

Во чест на својата 200-годишна традиција, групацијата Штаермеркише Шпаркасе

започнува јубилејна кампања посветена на прашањата што го обликуваат нашето

општество и иднина. Кампањата се фокусира на важни теми какви што се: Каков ќе биде светот во кој ќе живееш? Што те инспирира и ќе ти донесе радост? Какви предизвици те чекаат и со кого ќе ги споделиш?

Иако не можеме да предвидиме точно каква ќе биде иднината, искуството од 200 години покажува дека вербата во секој поединец е најголемиот двигател за напредок. Заедно можеме да поместиме планини и да изградиме свет полн со можности и оптимизам.

За Штаермеркише Шпаркасе

Основана во 1825 година во Грац, Австрија, Штаермеркише Шпаркасе денес е водечка

регионална банка во Штаерска и значаен финансиски партнер во Југоисточна Европа.

Присутна во нашата држава преку Шпаркасе Банка АД Скопје од 2008 година, Групацијата е посветена на одржлив раст, локален развој и човечки вредности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер