Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
2Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
ЕвропаШпанските машиновозачи најавија штрајк по тешките железнички несреќи Шпанскиот синдикат на машиновозачи (SEMAF) денес најави општ штрајк на железниците во Шпанија по железничките несреќи во Каталонија и Андалузија во кои загинаа најмалку 43 лица, а десетици други беа повредени. „Ќе повикаме на општ штрајк низ целиот сектор за да ја гарантираме безбедноста и довербата во железничката мрежа“, соопшти SEMAF без да го прецизира точниот датум на штрајкот. Во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители на североистокот на Шпанија, сообраќајот на приградските железници денес беше привремено прекинат. Компанијата за управување со железници „Адиф“ ги проверува пругите откако поројот предизвика лизгање на земјиште и камења врз пругите вчера вечерта. Возот минувал покрај Барселона кога заштитниот ѕид по пругата се урна и падна врз шините и првиот вагон на возот. 27-годишниот машиновозач, еден од приправниците во возот, загина. 37 патници побараа медицинска помош, од кои петмина беа префрлени во болници поради сериозни повреди. Одржаа и минута молчење Речиси во исто време, друг воз во Каталонија удри во одрон од карпа, кршејќи ја својата оска, но никој не е повреден. Во Каталонија веќе четири дена врне силен дожд, поттикнат од ветерот. Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте изјави за телевизијата Телесинко дека бурата е причина за двете најнови несреќи и дека ќе разговара со синдикатот за да ги извади од штрајкот. Каталонската регионална влада повика на минута молчење во 12:30 часот за да им се оддаде почит на жртвите. Пред четири дена навечер во јужната покраина Андалузија се судрија два брзи воза, при што загинаа најмалку 43 лица, додека триесет патници се во болница. Последните три вагони од возот што се движеше од Малага до Мадрид се одвоија и се преместија на соседната пруга, а воз од Мадрид налета на нив од спротивната насока. Истражителите ги испитуваат шините од местото на несреќата и долниот дел од возот од кој излетаа вагоните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процесСали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ. Сесијата посветена на проширувањето ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување на реформите и зајакнување на институционалните капацитети. Во своето обраќање, Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Тој нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, спроведувањето на реформите и целосното усогласување со вредностите и политиките на Европската Унија. Осврнувајќи се на искуството на земјата во пристапниот процес, Сали оцени дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација е еден од главните столбови на европската трансформација на државата, придонесувајќи за зајакнување на законодавството, економијата и администрацијата. Сепак, тој посочи дека главниот предизвик денес е ефективното спроведување на реформите, особено во владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата и јавната администрација. Сали ја поздрави визијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос за поамбициозен модел на постепена интеграција, кој ќе им овозможи на земјите кандидати постепено вклучување во политиките, програмите и делови од Единствениот пазар на ЕУ пред членството. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да ги забрза подготовките, да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите и да ја зајакне довербата во процесот, додека крајната цел останува полноправното членство во Европската Унија. Во овој контекст, Сали повика на покоординирана поддршка од земјите членки преку директна експертска помош, TAIEX, Твининг и подолгорочно ангажирање европски експерти во домашните институции. Тој истакна дека пристапниот процес мора да остане правичен, предвидлив и заснован на заслуги, така што резултатите и тешките политички одлуки ќе бидат проследени со конкретен напредок. „Македонија ја избра Европа. Подготвени сме да го исполниме нашиот дел и очекуваме посветеноста, реформите и резултатите да бидат препознаени со напредок. Инвестирањето во нашите капацитети е инвестиција во идна земја членка и во посилна Европа“, истакна Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности.На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаМинистерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook