Шпанските кошаркарки ја освоија европската титула - Канал 5

Шпанските кошаркарки ја освоија европската титула

Женската кошаркарска репрезентација на Шпанија е новиот европски шампион.

Шпанските кошаркарки ја освоија европската титула
Кошаркарките на Шпанија заслужено ја освоија европската титула откако во финалето на Европското првенство што се одржуваше во Чешка забележаа убедлива победа над Франција со 71-55.

Литл со 19 поени и 9 скокови и Торенс со 18 кошеви ја предводеа „црвената-фурија“ до европската титула, вкупно трета за оваа земја чии кошаркарки се искачија на европскиот трон во 1993 и 2013 година.

За Французинките ова беше втор пораз во низа во финалето, откако пред две години беа поразени од селекцијата на Србија.

Бронзениот медал им припадна на кошаркарките од Белгија, кои во дуелот зе третото место ја декласираа Грција со 78:45.

Следното женско Европско првенство ќе се одржи за две години во Летонија и Србија, додека машкото на програмата е на крајот на август и почетокот на септември. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрват ја уби сопругата жена среде улица во Германија- ја нападнал со мачета

Во Келкхајм, Хесен, се случи страшен злостор кога 60-годишен Хрват ја убил својата 58-годишна сопруга, исто така хрватска државјанка, на улица.

Хрват ја уби сопругата жена среде улица во Германија- ја нападнал со мачета

Мажот бил уапсен по нападот, а претходно бил совладан и приведен од сведоци на настанот, пишува Focus.de, пренесе Индекс.

Истражниот судија на Општинскиот суд во Франкфурт ќе одлучи за притворот за 60-годишниот осомничен. Канцеларијата на државниот обвинител во Франкфурт потврди за FOCUS online дека станува збор за хрватски државјани кои се во брак од 1991 година.

„Во оваа рана фаза од истрагата, не можеме да дадеме дополнителни информации“, соопшти обвинителството.

Според информациите дадени од полицијата и обвинителството, маж ја убил својата сопруга синоќа на отворено, во близина на пазарот во Келкхајм. На убиството наводно му претходела расправија.

Злосторството се случило пред очите на многу минувачи, од кои некои успеале да го совладаат напаѓачот и да го држат додека не пристигнала полицијата. За време на тепачката, напаѓачот бил полесно повреден. Мотивот и позадината на злосторството се уште се нејасни, а истрагата е во полн ек.

Сведок: „Сè беше полно со крв, трчав да си го спасам животот“

Еден од очевидците, кој се претстави само како Петар, рече дека бил на само пет метри од местото на нападот. Според него, мажот, кој можеби бил пијан, ја прободел жртвата во вратот со мачета.

„Сè беше полно со крв. Трчав за да си го спасам животот“, рече тој. Додаде дека ја видел жената како трча во истата насока, но не го видел моментот кога паднала. Видел само еден убод, по што нападот бил „завршен“.

Владимир Миловац од Келкхајм, познаник на двојката, изјавил дека го познавал осомничениот долго време, а убиената жена неколку месеци. Раскажал како неговата сопруга изгледала многу исцрпена и стресирана, додека мажот понекогаш бил агресивен и ѝ се заканувал. Вели дека жали што не се вмешал.

„Кога слушнав утрово дека починала, бев многу тажен“, рече тој.

Една жена положила бела роза на местото на настанот. „Утрово прочитав што се случи и целосно ме погоди. Секогаш појадуваме тука“, им рече таа на новинарите, покажувајќи кон блиската пекара.

„Положив роза затоа што нема што друго да направам. Ужасно е кога нешто вакво се случува во вашиот град. За жал, се случува премногу често. Немам зборови“, рече таа.

Полиција и форензика на местото на злосторството

Во официјалните изјави, полицијата досега генерално се осврнуваше на „ладно оружје“, без да потврди дека станува збор за мачета. Нападнатата жена им подлегна на повредите на местото на настанот.

Портпаролот на полицијата рече дека областа била многу прометна во времето на нападот. „Таму има разни угостителски објекти, па затоа имало многу луѓе“, рече тој.

Кризни советници пристигнаа на местото на настанот и им пружија психолошка помош на сведоците. „Сведоците на таков настан се огромен психолошки товар“, додаде портпаролот.

Местото на злосторството беше обезбедено од голем број полицајци, а форензички експерти во бели заштитни одела го прегледаа теренот. Пожарникарите поставија осветлување доцна навечер за да ја олеснат истрагата.

Се поставува прашањето за фемицид

Полицијата и канцеларијата на државниот обвинител сè уште не коментирале дали ова кривично дело може да се класифицира како фемицид. Овој термин генерално се користи за убиства на жени извршени токму затоа што се жени, а најчестата форма е убиство извршено од партнер или поранешен партнер.

Посесивноста на мажите, презирот, сексуалната фрустрација, омразата кон жените и желбата за контрола и доминација се наведуваат како мотиви за убиства на жени врз основа на пол.

„Тие често се расправале, жената неколку пати се јавувала во полиција“

Билд, повикувајќи се на сопствени сознанија, пишува дека сопружниците честопати се расправале претходно и дека убиената жена наводно неколку пати се јавувала во полиција. Познаник на двојката му рекол на весникот дека мажот бил агресивен и дека луѓето околу нив се плашеле дека може да се случи нешто сериозно.

Полицијата и обвинителството сè уште не ги потврдиле тие обвинувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле без титула како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...

Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле им се придружи на светските фудбалски великани добитници на највредното признание, како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, двајцата Роналдовци...

Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле  без титула како  Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...

Тоа е неславно друштво на великани кои, иако во тој момент биле актуелни освојувачи на „Златната топка“, сепак останале без светската титула.

Усман Дембеле нема да има можност да испише историја во светскиот фудбал!

Францускиот репрезентативец и актуелен освојувач на „Златната топка“ не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство, откако Франција беше поразена од Шпанија во полуфиналето со резултат 0:2.

Со тоа продолжи она што многумина го нарекуваат „проклетството на Златната топка“. Ниту еден фудбалер кој ја освоил оваа најпрестижна индивидуална награда во годината пред Светското првенство, не успеал истовремено да го подигне и трофејот наменет за светскиот шампион.

Дембеле имаше идеална можност да ја прекине таа неверојатна низа, но неговиот сон згасна во полуфиналето. На тој начин, тој се приклучи на елитното, но неславно друштво на великани кои исто така останаа без светската титула иако во тој момент ја поседуваа „Златната топка“.

Истата судбина пред Дембеле ја доживеаја и легендите: Еузебио во 1966 и Мишел Платини во 1986 година, кои со своите репрезентации беа запрени во полуфиналето на Светското првенство.

Чекор подалеку, но без титула останаа и : Џани Ривера го загуби финалето со Италија во 1970 година, Јохан Кројф со Холандија во 1974, Карл-Хајнц Румениге со Западна Германија во 1982, а Роберто Баџо со Италија во 1994 година; додека Роналдо Назарио да Лима, една година откако ја освои „Златната топка“, го доживеа болниот пораз на Бразил од Франција во финалето на Светското првенство во 1998 година.

На листата на оние што не успеаја да ја прекинат оваа необична клетва се и Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Аргентина, предводена од Меси, беше елиминирана во четвртфиналето во 2010 година, додека Португалија со Роналдо во 2014 година испадна уште во групната фаза, а четири години подоцна го заврши натпреварувањето во осминафиналето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија ќе воведе вињети

Белгија ќе воведе вињети и за домашни и за странски возила од мај 2027 година, се согласија сите три белгиски региони.

Белгија ќе воведе вињети

Возачите ќе можат да купат дигитална вињета преку интернет или на бензински пумпи, а овој вид пропусница ќе биде поврзана со регистарската табличка.

Годишната такса за користење на белгиските автопати и регионални патишта ќе варира во зависност од видот на возилото. Најниската цена ќе биде за електрични автомобили, 90 евра годишно. Постарите бензински и дизел возила ќе треба да платат до 125 евра годишно.

Вињетите ќе бидат достапни и за пократки периоди, од еден ден до два месеци. Мотоциклите и автобусите ќе бидат меѓу возилата ослободени од шемата, се согласија регионите Фландрија, Валонија и Брисел.

Некои детали од планот сè уште не се утврдени, како на пример како ќе се регистрираат возилата за патарини и дали белгиските возачи ќе добијат даночни олеснувања за тоа. Белгија во моментов не наплаќа за користење на автопати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер