3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ФудбалШпанскиот Супер куп за Атлетико МадридШампионот на Шпанија Атлетико Мадрид триумфираше во Супер купот на Шпанија откако во реваншот синоќа го победи градскиот ривал Реал Мадрид со 1:0. Така со вкупни 2:1 (1:1 беше на првиот натпревар) го освои првиот трофеј во новата сезона.Стрелец на единствениот гол беше новото засилување Марио Манџукиќ во 2. минута. Атлетико имаше уште неколку шанси за втор гол, а Реал натпреварот го заврши со играч помалку по исклучувањето на Лука Модриќ. Ова за Атлетико Мадрид беше втор Супер куп на Шпанија, а првиот го освоија во 1985 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаУставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судовиУставниот суд на Република Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF).Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото. Покрај годишниот состанок на претседателите на уставните судови - членки на Форумот, во фокусот ќе биде ставена и меѓународна конференција со тема „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година. Конференцијата ќе отвори прашања од суштинско значење за современото уставно судство, со посебен акцент на јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците што ги носи дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита. Свеченото отворање ќе започне со интонирање на државната химна и прикажување документарен филм посветен на 62-годишното постоење на Уставниот суд на Република Македонија. Во рамките на поздравниот дел од програмата, предвидени се обраќања на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари, како и на Кристиан Делиорга, судија на Уставниот суд на Романија и претставник на Асоцијацијата на уставни судови што користат француски јазик (ACCF). Во програмата е предвидено и видеообраќање на амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Воведното стручно обраќање ќе го одржи проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Република Австрија, на темата „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“. Неговото излагање ќе биде посветено на улогата на соработката, размената на искуства и уставносудската практика во справувањето со заедничките предизвици и во зајакнувањето на уставната правда. Работниот дел од конференцијата ќе се одвива низ три тематски сесии, во кои ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори. Првата сесија, со наслов „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, ќе ја модерира д-р Садет Јуксел, судијкаа на Европскиот суд за човекови права. Предвидени се излагања на Мерсида Џаферлари, уставна судијка од Албанија, Павлина Панова - претседателка на Уставниот суд на Бугарија, Неџми Реџепи - претседател на Уставниот суд на Косово и Булос Фахми Искандар претседател на Врховен уставен суд на Египет Втората сесија, која ќе продолжи со разгледување на прашањата за довербата во уставното судство, ќе ја модерира Мартин Кујер, судија Врховен суд на Холандија и член на Венецијанската комисија. Во дискусијата со свои обраќања ќе учествуваат Снежана Арменко претседателка на Уставниот суд на Црна Гора, Кадир Озкаја Претседател на Уставен суд на Турција, судијката на Уставниот суд на Република Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, и проф. д-р Рената Дескоска, потпретседателка на Венецијанската комисија. Третата сесија ќе биде посветена на довербата во уставните судови во дигиталната ера, со посебен осврт на новите технологии, нивното влијание врз правосудството и предизвиците за заштитата на уставните права. Модератор ќе биде Рената Дескоска, а во сесијата се предвидени излагања на Лариса Велиќ, судија на Уставен суд на Босна и Херцеговина, Муса Лараба, генерален секретар на Конференцијата на Африканска уставна јурисдикција (CJCA), Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија на Уставен суд на Република Северна Македонија и Мартин Куијер. Конференцијата ќе заврши со обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски. Билатерална средба со делегација на Врховниот уставен суд на Египет Денеска, 11 ноември 2026 година, во Уставниот суд ќе се одржи билатерална средба со висока делегација на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет. Египетската делегација ќе ја предводи Н.Е. Булос Фахми Искандар, претседател на Врховниот уставен суд на Египет, а во нејзиниот состав ќе биде и Махмуд Мохамед Али Гонеим, потпретседател на Судот. Од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на билатералната средба ќе учествуваат претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска. Средбата ќе биде посветена на унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и уставносудски практики, како и на предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во заштитата на уставноста, човековите права и владеењето на правото. Усвојување на Охридска декларација Еден од значајните аспекти на годишниот состанок е иницијативата за усвојување на Охридска декларација како основа за понатамошно унапредување на регионалната соработка. Во рамките на годишниот состанок ќе се одржи и состанок на Одборот на членови на Форумот на балканските уставни судови, на кој ќе се разгледуваат прашања поврзани со понатамошното функционирање на Форумот и претседавањето со него. За Форумот и надлежностите Форумот на балканските уставни судови претставува платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот. Негови членки се уставните судови на Албанија, Бугарија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Турција, а во работата на Форумот како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција. По претходните годишни состаноци одржани во Софија во 2023 година, Приштина во 2024 година и Анталија во 2025 година, Охрид е четвртиот домаќин на Форумот. Со организирањето на овој меѓународен настан, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја продолжува својата заложба за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, размената на добри практики и зајакнувањето на улогата на уставните судови во заштитата на уставноста, законитоста и основните слободи и права на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
ТенисСкандал во преносот во живо – коментатор ја навреди Сабаленка!Голем скандал изби за време на телевизискиот пренос на тенискиот турнир, откако коментаторот на телевизијата „beIN Sports“, Метју Солие, упати навредлив коментар за Арина Сабаленка.Не сфаќајќи дека микрофонот му е вклучен и дека публиката може да го слушне, коментаторот предизвика скандал што би можел да има повеќекратни последици. Втората најдобра тенисерка во светот се наоѓаше пред камерите за време на едно промотивно снимање, при што позираше и испраќаше бакнежи кон публиката. Сепак, во позадина се слушна гласот на коментаторот, кој – не знаејќи дека е во програма – рече: „Гледај, гледај, гледај, ужасна е“. Видеото од овој непријатен момент набрзо почна да кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Случајот го привлече и вниманието на раководството на телевизијата „beIN Sports“, при што еден од нејзините челници, Флоран Узо, јавно ги осуди коментарите. „Жалам за изјавите дадени вечерва за време на преносот во живо од завршниот турнир на ВТА (WTA Finals) и остро ги осудувам. Тие коментари не ги одразуваат вредностите на ’beIN Sports‘. Ја потврдувам нашата заложба сите спортисти и учесници во нашите преноси да ги третираме со почит“, изјави Узо. 🔴 DÉRAPAGE | « Regarde, elle est horrible ! » : un commentateur de beIN SPORTS tient des propos déplacés sur la joueuse de tennis Aryna Sabalenka en plein direct. https://t.co/sXEaH1XGYI — SIRÈNES (@SirenesFR) November 10, 2026 Засега, Солие нема дадено коментар за инцидентот, додека Сабаленка јавно не се огласи по повод оваа непријатна ситуација. Белоруската тенисерка моментално е втора на ВТА-листата, а во текот на својата кариера има освоено четири гренд слем титули. Таа, исто така, ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што на Инстаграм ја следат околу 5,7 милиони луѓе. Овој инцидент претставува дополнителна непријатна ситуација за „beIN Sports“, особено со оглед на тоа што оваа телевизија обезбеди повеќегодишни права за пренос на АТП-турнејата во Франција, кои ќе стапат на сила од 2028 година.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСпоред англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?Трофејниот Манчестер Јунајтед ги финализира преговорите со Маурисио Покетино (54), кој треба да стане новиот менаџер на англискиот гигант, при што се чека само конечната одлука на клубот за разрешување на Мајкл Керик. Ова ексклузивно го објави „The Athletic“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Аргентинецот моментално е селектор на националниот тим на САД, но има голема желба да го преземе Јунајтед и да се врати во клупскиот фудбал. Уште во понеделникот, „The Athletic“ објави дека се очекува заминување на Керик по катастрофалниот почеток на сезоната. Јунајтед моментално се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата, со остварени само три победи на последните 15 натпревари. Како резултат на тоа, раководството започна потрага по потенцијален наследник, при што Покетино се издвои како нивен главен избор. Според информации од „The Athletic“, претставници на Манчестер Јунајтед во текот на вторникот работеле на финализирање на личните услови со агентите на Покетино. Не се очекуваат пречки, иако договорот сè уште не е официјализиран. Јунајтед сè уште нема стапено во контакт со Фудбалската федерација на САД, со која Покетино има договор до Светското првенство во 2030 година. За да се овозможи негово заминување, англискиот клуб ќе треба да плати откупна клаузула во износ од приближно 10 милиони долари – што е околу 8,6 милиони евра. Доколку преговорите резултираат со очекуваниот договор, Покетино во Манчестер ќе го донесе својот стручен штаб; притоа, Јунајтед ќе треба да исплати и дополнително обештетување за нивното заминување од националниот тим на САД. Аргентинскиот тренер во моментов ја подготвува американската репрезентација за два натпревари против Хаити, кои ќе се одиграат за време на меѓународната пауза. Покетино и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а според „The Athletic“, тој долго време имал желба да работи на „Олд Трафорд“. Во текот на својата кариера, тој раководел со неколку англиски клубови – меѓу кои Саутемптон, Тотенхем и Челси – и добро ја познава Премиер лигата. Тој ја презеде репрезентацијата на САД во септември 2024 година, по заминувањето на Грег Берхалтер, кој поднесе оставка откако тимот беше елиминиран во групната фаза на Копа Америка. На Светското првенство во 2026 година – на кое САД беа еден од домаќините – Покетино ја одведе репрезентацијата до осминафиналето. Американците победија на три од првите четири натпревари, пред да доживеат пораз од 4–1 од Белгија. Во август, тој потпиша нов договор со важност до 2030 година. На досегашните 35 натпревари на чело на американската репрезентација, тој оствари 21 победа. Интересно е што, пред почетокот на Светското првенство, Покетино разговараше и со претставници на Милан за можноста да го преземе италијанскиот клуб. На крајот, Милан на таа позиција го назначи Рубен Аморим – поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед.Тагови: Манчестер Јунајтед Покетино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook