Шпанскиот премиер Санчез повика на реформирање на ОН - Канал 5

Шпанскиот премиер Санчез повика на реформирање на ОН

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој собра околу 20 светски лидери од левицата во Барселона, изјави дека е потребно да се реформираат Обединетите нации.

Шпанскиот премиер Санчез повика на реформирање на ОН

Владите на Шпанија, Бразил и Мексико повикаа на помош за Куба.

- Веруваме во меѓународен поредок заснован на правила, но мултилатералниот систем има потреба од обнова. Обединетите нации ќе можат да преживеат само ако ја претставуваат реалноста, изјави Педро Санчез на самитот „Во одбрана на демократијата“.

Опкружен од државници од земји како Бразил, Мексико и Јужна Африка, чие економско и политичко влијание порасна во последните децении, шпанскиот социјалист изјави дека се потребни подемократски и порепрезентативни ОН.

- Дојде време ОН да бидат обновени и, зошто да не, да бидат предводени од жена, рече Санчез.

Учесниците на самитот предупредија дека е потребно повторно да се воспостават правилата за да не можат некои земји произволно да ги напаѓаат другите, кршејќи го меѓународното право.

- Гледаме напади врз мултилатералниот систем и опасна нормализација на употребата на сила, предупреди Санчез, осврнувајќи се на Израел, САД и Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема консензус за Изборниот законик – Филипче предлага експертска група, Мицкоски бара опозицијата да се усогласи

Опозицијата нека ангажира и експерти за Изборниот законик, владината коалиција има усогласен став дека ќе го гласа под услов да се олесни гласањето на дијаспората- вели премиерот Мицкоски.

Нема консензус за Изборниот законик – Филипче предлага експертска група, Мицкоски бара опозицијата да се усогласи

Опозицијата нека ангажира и експерти за Изборниот законик, владината коалиција има усогласен став дека ќе го гласа под услов да се олесни гласањето на дијаспората- вели премиерот Мицкоски кој и денеска ги прозва лидерите на опозициските партии да постигнат консензус. Тој е скептичен дека предлогот на Филипче за експертска работна група е со цел да се стигне до компримисно решение, со оценка дека само бара начин да избега од одговорноста. Според Мицкоски, СДСМ и Левица се натпреваруваат меѓусебе, а нивната блокада на Изборниот законик ја нарече политичка естрада.

-Според моето искуство и во животот и во политиката ако сакате некоја работа да не се заврши тогаш формирајте група или комисија и тогаш работата нема да добие таков тек како што треба да добие. Повторно апелирам на одговорност, на зрелост. Предлогот е на маса, ние како владина коалиција сме усогласени, велиме дајте усогласете се, направете текст, ангажирајте експерти, нека ви состават текст, дајте ние да го поддржиме. Тие во моментов мислам дека се натпреваруваат со друга политичка партија која да биде најголема во опозицијата, а не да понудат опција со која би победиле на избори. - Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Од друга страна Филипче вели дека СДСМ ја поддржува европската агенда, но не по цена да се озаконат механизми кои во иднина ќе овозможат да се манипулира со гласовите на иселениците. Рече дека неговата партија е отворена за дебата и со помош од експерти да се најде заеднички јазик, но останува на ставот дека е сомнително тоа што власта инсистира брзо да се реши ова прашање.

-Ако го тргнат членот во кој што се менува досегашниот начин на гласање на дијаспората, и да се согласат, еве нека се формира работна група, која што доколку треба, може да разговара за некој начин соодветен, како поинаку би гласала дијаспората, еве да го дебатираме, па во следниот период нека заклучи некој експертска работна група кој што ќе анализира примери од други земји, дали е потребно и на кој начин треба да се смени гласењето на дијаспората кај нас. Како ќе го контролираме тој механизам, од кај ќе доаѓаат писмата? Дали вие сакате некој наш сограѓанин кој живее во дијаспора да го изложиме на ризик некој во негово име да прати писмо од некаде?- Венко Филипче – претседател на СДСМ

По четиримесечните преговори во работната група во правда, политичките партии имаа неколку обиди во рамки на собранието да се договорат за деблокада на Изборниот законик, кој е закочен со над 13 илјади амандмани. На маса се повеќе прашања, меѓу кои и изборниот модел и финансирањето, за кои власта тврди дека ќе даде зелено светло, но и за нив засега нема консензус од партиите. Дали ќе има поместување во позициите ќе се знае од следната недела, за кога Левица најави дека ќе иницира средби со СДСМ и ДУИ. Целта на владејачката коалиција е да се стигне крајниот рок за исполнување на реформската агенда до среда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо

Македонија најверојатно ќе ја води истрагата за сериозниот инцидент со Боингот 737 на “Рајанер“, кој со оштетен десен мотор и скршен прозорец принудно се врати на аеродромот во Солун, од каде што полета за Минхен.

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД соопшти дека веќе е назначен акредитиран претставник,кој треба да и помогне на Македонија во истрагата за овој инцидент, посочувајки дека според правилата на Меѓународната организација за цивилно возгухопловство и Анекс 13, истрагата ја води државата над чија територија или воздужен простор се случила несреќата или сериозниот инцидент, што во случајот е Македонија..

Од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Претседателот на комитетот Марјан Прпоски во кус разговор за Канал 5, единствено посочи дека во моментов во тек е истрага, по што јавноста ќе биде информирана дали македонските институции ќе ја водат истрагата.

Во меѓувреме, поралот „аеро рс“ објави дека во истрагата за несреќата учествуваат повеќе држави меѓу кои Грција, каде се врши детална анализа на авионот и неговите оштетувања, Малта, како држава каде е регистриран авионот и операторот Рајанер, САД, како производител на авионот Боинг 737, како и производителот на моторот поради неговото сериозно оштетување. Порталот ја наведува и Македонија како држава чии истражни ограни ја водат постапката и која треба да ги донесе конечните заклучоци.

Инцидентот се случи вчера, кога авионот кој летал од Солун кон Минхен, кратко по полетувањето пријавил проблем со еден од моторите. Пилотите го забележале дефектот додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Македонија и донеле одлука да го пренасочат летот и да се вратат назад кон аеродромот во Солун. Според досегашните информации, фрагмент од моторот се откинал и скршил еден од прозорците во патничката кабина, по што дошло до нагла промена на притисокот. Како што објавија дел од медиумите, српски државјанин за влакно ќе излетал од отворот, но бил задржан со безбедносниот појас и со помош на другите патници. По слетувањето, на аеродромот во Солун биле активирани безбедносните процедури, а патникот бил пренесен во болница со полесни повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Штип: Македонија заслужува европски стандарди и достоинствена иднина

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Штип.

Димитриевски од Штип: Македонија заслужува европски стандарди и достоинствена иднина

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Штип, град кој со својата традиција и развоен потенцијал претставува еден од најважните двигатели на источниот регион и силен пример дека успехот секогаш започнува со трудот на луѓето.

Во своето обраќање, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека европската иднина на Македонија нема да ја донесат празни ветувања, туку силни институции, одговорни политичари и држава што еднакво се грижи за секој свој граѓанин.

„Европа не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите, администрација што им служи на граѓаните и економија што создава можности. Македонија нема потреба да биде копија на никого.

Треба да биде успешна држава што самоуверено ќе ги брани своите национални интереси и достоинствено ќе чекори кон Европа“ - порача Димитриевски.

Тој нагласи дека довербата не се добива со политички слогани, туку со резултати што секој граѓанин може да ги почувствува во своето секојдневие.

„Политиката мора повторно да стане служба на граѓаните. Луѓето не очекуваат големи зборови, туку сигурност, подобри услуги, праведни институции и можност со својот труд да обезбедат достоинствен живот.

Токму затоа ЗНАМ го избра потешкиот пат, односно патот на одговорноста, реформите и конкретната работа. Само така може повторно да се изгради довербата во државата“ - истакна претседателот на ЗНАМ.

Во рамки на панел дискусијата говореа и генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев и претседавачот со Централниот одбор на Движењето ЗНАМ, Игор Филков, осврнувајќи се на резултатите постигнати во изминатите две години во делот на реформата на јавната администрација, насочени кон професионализација, поголема ефикасност и унапредување на услугите за граѓаните, како и активностите и резултатите во областа на правосудството, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалната одговорност.

Токму овие резултати претставуваат темел за изградба на европски стандарди во Македонија и за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува и во наредниот период низ повеќе градови во државата, како платформа за непосреден дијалог со граѓаните, размена на идеи и креирање политики што произлегуваат од реалните потреби на луѓето.

Движењето ЗНАМ останува посветено на визијата за Македонија како европска држава со силни институции, стабилен правен поредок, развиена економија и еднакви можности за секој граѓанин, држава што својата иднина ја гради со работа, одговорност и доверба.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер