3Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
ЕвропаШпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноемвриПремиерот на Шпанија, Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објави тој утрово во вонредно свикана институционална изјава од палатата Монклоа.Одлуката доаѓа само три дена по големиот пораз на неговата малцинска влада во парламентот, каде што пратениците отфрлија два клучни декрети со кои владата на Санчез се обиде да одговори на продлабочувањето на кризата со домувањето. Ова ќе го заврши сегашниот шпански законодавен дом околу девет месеци пред предвиденото. Непосредната причина за одлуката беше гласањето одржано во петокот. Конгресот на пратениците ги отфрли двата владини декрети за домувањето. Првиот пакет не успеа со 172 гласа „за“ и 178 „против“, додека вториот доби 166 гласа „за“ и 184 „против“. Конзервативната ПП, крајно десничарската Вокс и каталонските Хунтс гласаа против двата пакета. ПНВ и Коалисион Канарија беа исто така против вториот декрет. Особено важен за малцинската влада на Санчез беше потегот на Хунтс, партијата на Карлес Пуџдемон, чии гласови од почетокот на овој мандат беа клучни за усвојувањето на голем број закони. објавува Журнал.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Македонија18 наставници наградени од Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на учителотПо повод 5-ти Октомври, Светскиот ден на учителот, Општина Кисела Вода ги награди најуспешните наставници од основните училишта на својата територија. Низ пријатно дружење во една неформална атмосфера, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска врачи признанија на 18 истакнати просветни работници, како потврда за нивниот исклучителен труд, стручност и посветеност во образовниот процес и едукацијата на најмладите. Изборот се одвиваше транспарентно преку јавен оглас, од страна на стручна комисија, врз основа на постигнатите успеси на нивните ученици на државни натпревари и сертификатите за сопствено континуирано стручно усовршување. -Сакав овој значаен ден, Светскиот ден на учителот, да го одбележиме токму вака, спонтано и неформално, бидејќи вашата работа секојдневно бара многу енергија и заслужувате вистински момент за опуштање. Ми претставува огромна чест што денеска седам со вас, луѓето кои се темелот на нашата иднина. Вие со вашата работа докажувате дека образованието не е само професија, туку благородна мисија која се работи со многу љубов и трпение. Вашите успеси се директен доказ за посветеноста кон нашите деца. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува вистинскиот квалитет и останува ваш силен партнер во обезбедувањето подобри услови за работа. Ви го честитам празникот и од срце ви благодарам за сè што правите за новите генерации-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Добитници на признанието „Најдобар наставник за 2026 година“ од основните училишта во Општина Кисела Вода се: ООУ „Круме Кепески“: Гордана Арсовска ООУ „Кирил Пејчиновиќ“: Елизабета Митревска, Мимоза Митиќ, Маја Михаиловска, Велика Миленковска ООУ „Кузман Шапкарев“: Сашка Стефановска Морски, Марија Велковска, Благоја Кечовски ООУ „Кузман Јосифовски Питу“: Гордана Ристеска Лукрис ООУ „Невена Георгиева Дуња“: Маја Трајковиќ, Тања Калинска, Тони Патровски ООУ „Рајко Жинзифов“: Магдалена Бадарова, Маја Грнчиштанова ООУ „Св. Климент Охридски“: Виолета Трпевска, Наташа Старделова, Јасмина Лакинска, Валентина Кикеркова Општина Кисела Вода упатува искрени честитки до сите наградени, со желба за уште поголеми професионални успеси во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
КултураОктомври во МНТ – театар, гостувања и музикаОктомври во Македонскиот народен театар носи разновидна програма исполнета со театарски наслови, гостувања и нови сценски и музички содржини.Покрај претставите од редовната репертоарска програма, публиката ќе има можност да ја погледне и најновата продукција на МНТ – „Три сестри“ како и да проследи претстава од странство. Посебно место во октомвриската програма има и „Од другата страна“ на Поетроника – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото. На 7 октомври од 19.00 часот, на реновираната тераса на МНТ, ве покануваме да ја доживеете Поетроника во нов амбиент. Влезот е бесплатен. РЕПЕРТОАР – ОКТОМВРИ 5.10 | „ТРИ СЕСТРИ“ 7.10 | ПОЕТРОНИКА – „ОД ДРУГАТА СТРАНА“ - 19:00 ч. 8.10 | „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ 9.10 | „СТРАВ И НАДЕЖ“ 13.10 | „ДОМА“ - ФДУ 19.10 | „КАО КАКАО“ 21.10 | „ТРИ СЕСТРИ“ 28.10 | „ДОСИЕ ПЕПЕРУТКА“ - гостување од Анкара 29.10 | „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ Сите театарски претстави започнуваат во 20.00 часот, освен настанот на Поетроника, кој започнува во 19.00 часот. Билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата на МНТ. Ве очекуваме во МНТ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБилиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска рватската фудбалска репрезентација претрпе еден од најтешките удари во својата историја! Во мечо до Лигата на нации, Англија славеше со неверојатни 7:0 на „Рујевица“ и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата на популарните „Ватрените“, а веднаш по тој историски дебакл се наметна прашањето – што ќе се случи со селекторот Славен Билиќ? Дел од хрватската јавност веќе почна да бара негово заминување, но претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, по натпреварот повлече потег со кој ја отстрани најголемата дилема. Билиќ, барем засега, останува на хрватската клупа. Како што пренесоа хрватските медиуми, по натпреварот Кустиќ се симнал во соблекувалната и им се обратил на репрезентативците и на целиот стручен штаб. Пораката била јасна и воопшто не беше пријатна. Кустиќ им дал до знаење на фудбалерите дека начинот на кој одиграа против Англија, како и нивниот однос кон хрватскиот дрес, се неприфатливи. Сепак, по критиките следувала и поддршка. Претседателот на ХНС им порачал на фудбалерите дека поради едно катастрофално издание не станале лоши играчи преку ноќ и дека очекува реакција уште на следниот натпревар. Тој особено го истакнал престојниот дуел со Шпанија утре на „Пољуд“, каде што Хрватска ќе има можност да покаже карактер и да се обиде да го поправи впечатокот по дебаклот против Англија. Потоа претседателот Кустиќ ја решил и најголемата дилема. Маријан Кустиќ му даде безусловна поддршка на Славен Билиќ! Тоа значи дека, и покрај најтешкиот пораз во историјата на хрватската репрезентација, ХНС (HNS) во моментов не планира да го смени селекторот. Билиќ останува на клупата и ќе има можност да покаже реакција со тимот веќе на натпреварот против Шпанија. Самиот Билиќ ја презеде одговорноста ден по дебаклот и изјави дека Хрватска мора да покаже карактер. „Ја преземам одговорноста за ова разочарување што ѝ го приредивме на Хрватска“, рече Билиќ, порачувајќи дека дуелот со Шпанија е можност тимот да го поправи впечатокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook