Шпански медиуми: Модриќ добил понуди од многу клубови, семејството има една желба - Канал 5

Шпански медиуми: Модриќ добил понуди од многу клубови, семејството има една желба

Викендов Сантијаго Бернабеу се прости со својата легенда, еден од најтрофејните фудбалери, хрватскиот ас Лука Модриќ.

Шпански медиуми: Модриќ добил понуди од многу клубови, семејството има една желба

По 13 години во Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе ја заврши својата ера во клубот со настапи на клупското светско првенство. Тој од почетокот на јули ќе биде слободен агент, а за 39-годишната хрватска ѕвезда веќе пристигнуваат голем број понуди од различни делови на светот.

Според информациите на новинарот Санти Ауна, меѓу клубовите заинтересирани за Модриќ се Саудиски Ал Наср и Ал-Етифак, неколку бразилски клубови, како и американскиот Интер Мајами, каде еден од сопствениците е неговиот голем пријател Дејвид Бекам.

Сепак, семејството Модриќ засега е заинтересирано само за опцијата за преселба во САД, каде што Лука би можел да ја продолжи кариерата во МЛС.

Конечната одлука се уште не е донесена, но трансферот во САД има дополнителна смисла поради Светското првенство што ќе се одржи таму следната година, каде Модриќ би можел да ја заврши својата репрезентативна кариера.

Финаниските средства, иако значајни, не се одлучувачки фактор во одлука на Лука.

Капитенот на Хрватска и Реал, тоа го покажа кога пред две години одби многу богата понуда од Саудиска Арабија од дури 100 милиони евра по сезона и остана во Мадрид за многу помала цифра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

Се очекува денес во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако студентските протести – поттикнати од прашања поврзани со образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

„Според информациите со кои располагам, нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи ќе бидат затворени“, изјави синоќа францускиот министер за образование Едуар Жефре на телевизискиот канал „Франс 2“.

Според извор близок до министерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорена Франција“ (LFI).

Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјави за француските медиуми.

Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата.

Во четвртокот, ученици подметнале пожари во најмалку две средни училишта, додека наставници во трето училиште во јужниот град Марсеј биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните.

Најмалку еден автомобил бил запален во Стразбур, на истокот на земјата, а полицијата за разбивање демонстрации се судрила со млади луѓе во Тулуз, на југозапад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Поддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. 

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел.

“Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски.

Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје.

“Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски.

На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер