Шпанската влада го активираше „Протокол 2“ – што се случува во Мадрид? - Канал 5

Шпанската влада го активираше „Протокол 2“ – што се случува во Мадрид?

Шпанската влада го активираше Протоколот 2 од својот план за вонредни состојби во Мадрид по масовните прекини на електричната енергија во Шпанија, Португалија и Франција.

Шпанската влада го активираше „Протокол 2“ – што се случува во Мадрид?

Овој протокол предвидува интервенција на државата или локалните самоуправи за контрола на вонредни ситуации во кои може да се појават големи штети.

Постои само едно повисоко ниво на сериозност, а тоа е ситуација 3.

Властите во Шпанија и Португалија работат очајно на решавање на ситуацијата и пронаоѓање на причината. Тие велат дека ќе бидат потребни помеѓу шест и осум часа за нормализирање на ситуацијата.

Прекинот на електричната енергија ја парализираше инфраструктурата, сообраќајот, комуникациите, како и работењето на аеродромите, железниците и метроата во неколку поголеми градови, вклучувајќи ги Мадрид, Барселона, Севиља и Валенсија.

Сè уште нема официјална информација за тоа како дошло до прекинот на електричната енергија. Ниту една опција не е исклучена, дури ни сајбер напад.

Шпанската и португалската влада го истражуваат прекинот на електричната енергија, а во истрагата се вклучени неколку тимови.

Компанијата „Ред Електрика“, која е одговорна за снабдување со електрична енергија во Шпанија, вели дека струјата полека се обновува во северните делови.

Националниот институт за сајбер безбедност во Шанија, исто така, спроведува истрага, но сè уште не донеле заклучок.

Властите во Португалија, исто така, сугерираат дека можеби станува збор за сајбер напад.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се упати кон компанијата „Ред Електрика“ каде што ќе одржи итен состанок со тимот за управување со кризи.

За потсетување, граѓаните од сите шпански автономни региони пријавија прекини во електричната енергија. Канарските и Балеарските Острови првично не беа погодени од прекинот на електричната енергија.

Поради прекин на електричната енергија, голем број патници останаа во конфузија по прекинот на електричната енергија на аеродромот во Лисабон.

Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026

Откако македонската ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, денеска дозна дека ќе биде сместена во третиот „шешир“ пред ждрепката за завршниот турнир.

Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026

Македонија е во ист ранг со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска и со овие репрезентации нема да биде во иста група на почетокот на Европското првенство.

Шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

Шешир 2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови

Шешир 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија

Шешир 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија

Ждрепката ќе се одржи во данскиот град Хернинг на 15 мај со почеток во 19 часот.

Веќе е познато дека Германија ќе игра во групата А во Хернинг, Данска во групата Б во истиот град, а Шведска во групата Е во Малме. Норвешка ќе игра во групата Ц во Осло, Фарските Острови ќе бидат во истиот град, но во групата Д, додека Исланд е сместен во групата Ф во Кристијанштад.

Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи.

Европското првенство заедно ќе го организираат Данска, Шведска и Норвешка од 15 јануари до 1 февруари 2026 година./МИА

НБА: Мичел се повреди, неизвесен за петтиот натпревар во плејофот

 Кошаркарот на НБА лигашот Кливленд, Донован Мичел, го пропушти второто полувреме од четвртиот натпревар од плејоф серијата против Индијана, во кој неговиот тим беше поразен со 109-129, поради повреда на левиот глужд, објави денеска ЕСПН.

НБА: Мичел се повреди, неизвесен за петтиот натпревар во плејофот

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон, изјави дека на Мичел денеска ќе му биде направена магнетна резонанца, додавајќи дека во моментов „не знае“ дали неговиот најдобар играч ќе биде подготвен за петтиот натпревар во вторник.

Мичел го напушти теренот за време на полувремето да се загрее, но почувствува болка во левиот зглоб додека шутираше, по што во придружба на медицинскиот тим на Кливленд се врати во соблекувалната пред почетокот на третата четвртина и не се врати во игра.

Мичел постигна 12 поени во првото полувреме, а пред четвртиот дуел беше во одлична форма, врзувајќи два натпревари со 40 или повеќе поени, нешто што ниту еден играч на Кливленд не го постигнал од Леброн Џејмс./МИА

Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи

Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?

Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи

Молкот на Филипче е громогласен, а веќе 3 месеци се крие и бега од одговор за тоа од каде му е на него, златна виза за Дубаи?

Филипче во својот живот има работено како лекар, министер, пратеник, а со тие примања, тешко се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.

Оттука се поставува прашањето, од каде му пари на Филипче за инвестиции во Дубаи? Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50катница во Дубаи? Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза? Или можеби ги чувал од мекици и родендени?

Почитувани,

Исмевање на интелигенцијата на народот, Филипче мисли дека ќе му пројде. Но, граѓаните и те како ги имаат прочитано и Филипче и СДС. Затоа, Филипче е со рејтинг рамен на статистичка грешка.

Филипче и Заев изминативе години ја срозија државата, ја донесоа пред банкрот, а сега со украдените пари, градат ли 50катница во Дубаи?

Филипче и Заев се срам за Македонија. Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер