3Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
КултураШпанска вечер на „Охридско лето“ со харфистот Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањетиВо рамки на Шпанската вечер на „Охридско лето“ вљубениците во класичната музике вечерва ќе можат да го проследат концертот на францускиот харфист Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањети.Гзавије де Местр е еден од водечките харфисти на денешницата и исклучително надарен и креативен музичар. Како виртуоз на харфата придонесува кон збогатување на репертоарот за овој инструмент, нарачувајќи нови дела од современите композитори, но и создавајќи транскрипции за харфа од веќе постоечкиот инструментален репертоар. Редовно настапува со водечките оркестри во светот како симфониските оркестри во Чикаго, Монтреал, Бирмингем, оркестрите на Шведското и Финското радио, оркестрите во Лос Анџелес, Лондон, Санкт Петербург, Осло, Париз, Цирих, како и оркестри во Кина, Сао Паоло и Салцбург, работејќи со диригенти како Сер Андре Превин, Сер Сајмон Ратл, Рикардо Мути, Даниеле Гати, Филип Жордан, Бертранд де Били, Андрес Орзоко Естрада, Даниел Хардинг, Сузана Малки ... Како рецитален уметник гостува на најреномираните светски фестивали, а како камерен музичар соработува со етаблирани уметници како тенорот Роландо Вилазон, легендата на кастањети Лусеро Тера, Дајана Дамрау, Арабела Стајнбахер, Даниел Милер Шот, Баиба Скриде, Мојца Ердман и др. Од 2008 година Де Местр снима ексклузивно за „Сони мјузик“ и неговиот прв албум е посветен на музиката на Клод Дебиси. Потоа следат „Омажот на Хајдн“ (2009), „Арањез“ (2010), „Ноќи во Венеција“ (2012), „ В`лтава“ (2015), како и соработката со „Лес Артс Флорисантс“ и Вилјам Кристи (2016). Во 2017 година снима албум со Лусеро Тена насловен „Шпанска серенада“, а потоа овие уметници заминуваат на светска турнеја промовирајќи ја музиката од албумот. Во 2020 година снима заедно со тенорот Роландо Вилазон, а неговиот последен албум ги вклучува Концертот за харфа и оркестар од Рајнхолд Глиер, како и заборавениот концерт за харфа од Александар Мосолов заедно со Симфонискиот оркестар на ВДР Келн под диригентство на Натали Штуцман. Од 2001 година предава на Високата школа за музика во Хамбург, а свири на харфа изработена од Лајон и Хили. Лусеро Тена е пионерка на концептот „солистка на кастањети“, препознатлива по нејзиниот специфичен стил на интерпретација, од италијанскиот печат наречена „Пaганини на кастањетите“. Таа концертно настапува на сите пет континенти под диригентските палки на Лорин Мазел, Мстислав Ростропович, Рафаел Фрубек де Бургос, Хесус Лопес Кобос и многу други, а настапува и со престижните светски оркестри. Нејзините неодамнешни ангажмани ја вклучуваат операта во Хановер, фестивалите во Нант, Токио и Варшава, концерти под диригентство на Пласидо Доминго во Филхармонијата во Берлин и Миланската „Ла Скала“ во 2017 година, како и настапи со сите значајни оркестри во Шпанија. Во 2017 година заедно со Гзавије де Местре го издава ЦД-то „Шпанска серенада“ и истото го промовираат на турнеја низ светот. Во 2018 година настапува на „Холивуд Боул“ со Пласидо Доминго, на фестивалите МИТО и во Равена во Италија заедно со Гзавије де Местре и дебитира во „Филхармонијата“ во Париз. Ангажманите кои ја очекуваат се рецитали со Гзавије де Местре во Германија, Франција, Кина и Јапонија, како и на фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“, настапи на шпанските летни фестивали, како и солистички настапи во шпанските театри и оперски куќи. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапредСо најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење. Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор. Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси. Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година. Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20