Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски
1Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски
ЖивотШпанска келнерка покажа трик како добива поголем бакшиш (ВИДЕО)Келнерката од Шпанија по име Ракел сподели видео на нејзиниот профил на TikTok кое стана вирално, покажувајќи трик што го користи за да обезбеди клиентите да ѝ остават поголем бакшиш - без тие да знаат.Келнерката, која редовно споделува корисни совети за келнерите и ги раскажува своите искуства на работа, објасни дека сето тоа е поврзано со кусурот што келнерите им ги враќаат на клиентите. Имено, таа препорачува, наместо келнерите да го вратат кусурот, на пример, со паричка од 1 евро, остатокот да го вратат - во центи. „Не им давајте монети од едно евро и монети од педесет центи, бидејќи тие ги земаат тие монети, но ти оставаат сѐ друго.“, објасни келнерката. Иако признава дека овој трик не функционира секогаш, бидејќи некои клиенти го преземаат целиот кусур без разлика во какви парички се враќаат, таа тврди дека трикот функционира речиси во сите случаи. @lahostelera Lo sabias? #hosteleria #propinasgenerosas #camarero #restaurant #risa #humor #shakira #aprendeentiktok #divertido #lahosteleracabreada ♬ El Jefe - Shakira & Fuerza Regida „Затоа секогаш плаќам со картичка“, „Сѐ земам, дури и да ми дадеш кусур во центи“ и „Клиентите веќе ја знаат таа финта, тие што сакаат да ти дадат бакшиш, без разлика ќе ти дадат“, се дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОрден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор ЧемерскиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод празникот упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.Претседателката и собраниска делегација утринава положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев. Сиљановска - Давкова им доделии орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДва бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“. 💥 Νύχτα τρόμου στο κέντρο της Αθήνας – Δύο εκρήξεις μέσα σε λίγα λεπτά Συναγερμός σήμανε τα ξημερώματα μετά από επιθέσεις σε δύο καταστήματα σε Ομόνοια και πλατεία Αμερικής. Στην πρώτη περίπτωση, άγνωστος έσπασε την τζαμαρία καφετέριας στην Αχαρνών και στη συνέχεια πέταξε… pic.twitter.com/COuvqV0efM — in.gr/news (@in_gr) September 8, 2026 Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец. Μπαράζ επιθέσεων σε καταστήματα στο κέντρο της Αθήνας: «Γυαλιά καρφιά» έγινε η τζαμαρία καφέ - Άγνωστος την έσπασε με μεταλλικό φρεάτιο και μετά έριξε εκρηκτικό μηχανισμό Βίντεο: Γιάννης Κέμμος pic.twitter.com/rbqZNqHMvC — Flash.gr (@flashgrofficial) September 8, 2026 Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.Тагови: Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаГаши: Честит 8 СептемвриДенот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата. Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме. Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата. Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел. На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“ Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации. Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија! Африм Гаши Претседател на Собранието на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12