Шпанија утре ќе го депонира ратификациониот инструмент во Вашингтон, мошне скоро земјава и официјално членка на НАТО

„Ќе покажеме дека можеме да бидеме достојна земја членка“.

Шпанскиот амбасадор во Вашингтон утре ќе го предаде оригиналниот инструмент на ратификацијата, по што Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Република Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на НАТО.

Ова денеска го појасни шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кои одржаа прес-конференција, посветена на официјализирањето на нашето членство во НАТО, откако шпанскиот Сенат вчера го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјата во Алијансата, а потоа на него потписот го стави и шпанскиот крал.

-Ќе покажеме дека можеме да бидеме достојна земја членка, која заедно ќе го носи товарот и ќе може да ги ужива бенефициите од тоа членство. Честитки татковино, честитки до сите граѓани, порача Димитров.

Премиерот посочи дека овој чин заслужува честитки и признанија и во овие денови на сериозни тешки предизвици.

-Ова е успех за нашата генерација, но и за оние претходните и за идните, рече Спасовски и додаде дека откако ратификацијата беше направена вчера во шпанскиот Сенат, потоа потписот го стави и шпанскиот крал, сега ратификациониот инструмент на Шпанија ќе биде депониран во Вашингтон.

-И потоа ние од Алијансата ќе добиеме известување дека сите ратификации се депонирани и потоа можеме да ја депонираме и нашата. Република Македонија е 30. членка на НАТО. Денеска со полно право можете да бидете горди. РМ како членка на НАТО станува полноправен член во евроатлантското семејство на народи.

Изрази верување дека членството во НАТО ќе помогне и во остварување на втората стратешка цел членството во ЕУ.

Министерката за одбрана Рдмила Шекеринска нагласи дека дојдовме до крајот на едно долго патешествие во кое учествуваа повеќе генерации, политичари и граѓани.

-Станавме 30. членка на НАТО, по речиси 30 години чекање. Стигнавме до оваа цел затоа што додека другите одолговлекуваа ние решававме, ние работевме. Додека се правдаа, ние носевме одлуки, поминавме низ вистинско минско поле, рече Шекеринска и особена благодарност им упати на припадниците на Армијата на Република Македонија.

Османи нагласуваќи дека денеска кога се соочуваме со специфичен предизвик Ковид-19, кој не е воена, но е безбедносна закана по нашето здравје, но и за сите земји да ја одржат својата економска и безбедносна стабилност, интеграцијата во современите западни системи ни е повеќе од добродојдена.

Додаде дека за неполна недела е закажан состанот на Советот за општи и заеднички работи, а на маса ќе бидат предлог-залучоците за почеток на преговорите со РМ, а веројатно и со Албанија.

-Сите сигнали ни говорат дека членките немаат никакви забелешки што не упатуваат да се надевам на позитивна одлука за почеток на преговорите, рече Османи. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер