Шпанија соопшти за први случаи на африканска чума кај свињи од 1994 година - Канал 5

Шпанија соопшти за први случаи на африканска чума кај свињи од 1994 година

Шпанија ги регистрира првите случаи на африканска чума од 1994 година, откако две диви свињи пронајдени мртви во близина на Барселона се позитивни на вирусот, соопшти шпанското Министерство за земјоделство.

Шпанија соопшти за први случаи на африканска чума кај свињи од 1994 година

Избувнувањето епидемија може да го загрози извозот во Кина, кој се зголеми благодарение на напорите на Мадрид да ја привлече наклонетоста на Пекинг и да го зголеми својот пазарен удел во азиската земја. Но, забраната може да биде ограничена откако Кина и Шпанија постигнаа договор овој месец што значи дека Пекинг ќе го ограничи увозот од погодената област, а не од цела Шпанија.

Шпанија е водечки производител на свинско месо во Европската Унија, со околу една четвртина од производството на блокот, пред Германија, според податоците од шпанското Министерство за земјоделство.

Министерството соопшти дека ја известило ЕУ и активирало итни мерки во погодената област, повикувајќи ги свињарските фарми да ги засилат безбедносните мерки додека се проучува изворот на инфекцијата.

Вирусот, кој е безопасен за луѓето, но смртоносен за свињите, се шири на запад низ Европа во последните години. Ширењето на болеста во Германија нанесе удар на големата индустрија за свињи во земјата, при што многу земји воведоа забрани за увоз на свинско месо од таму. Хрватска во последните месеци се обидува да ја контролира епидемијата во свињарските фарми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер