Шпанија под вода: Поплавени болници и училишта, градовите парализирани (ВИДЕО) - Канал 5

Шпанија под вода: Поплавени болници и училишта, градовите парализирани (ВИДЕО)

Силни дождови и бури го погодија регионот Андалузија во Шпанија, предизвикувајќи поплави во неколку области.

Шпанија под вода: Поплавени болници и училишта, градовите парализирани (ВИДЕО)

Најсериозна е ситуацијата во Севиља, која беше под жолто предупредување вчера цел ден, и Хуелва, каде што ризикот од поплави се искачи на највисоко, црвено ниво.

Активиран е систем за предупредување со мобилни телефони, со кој се бара од граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да бидат максимално внимателни.

Во текот на вчерашниот ден, силните дождови предизвикаа хаос на овие места. Улици, продавници, подруми и приземја од згради се поплавени.

На островот Кристина, надојдената вода предизвика паѓање на дрвја, ѕидови и други структури. Градоначалникот Џенаро Хорта вчера објасни дека „од 8 часот наутро има зголемување на врнежите од дожд, придружени со порои вода што предизвикаа бројни инциденти“.

Градоначалникот призна дека феноменот бил ненадеен, „бидејќи немавме ниту портокалово предупредување, туку само жолто на почетокот“ и ги замоли жителите „да не патуваат освен ако не е апсолутно неопходно“.

Болницата Вирген Макарена во Севиља, исто така, се соочува со проблеми, бидејќи е поплавена. Вода навлегла и во некои училишта, додека некои патишта се затворени за сообраќај.

Поплавите предизвикаа и прекин на метрото, додека приградските возови се уште се прекинати. Покрај тоа, линијата Севиља-Хуелва останува затворена поради прекин на електричната енергија.

Конгресниот и изложбен центар Фибес, исто така, претрпе последици од бурата и, поради прекин на електричната енергија, беше принуден да ги затвори вратите и да го одложи почетокот на Саемот за автомобили во Севиља.

Покривот на индустриска зграда се урна поради обилните дождови, додека во Камас градинка претрпе сериозни штети од вода.

За потсетување, моќен циклон од Атлантикот го погоди југозападниот дел од Иберискиот Полуостров. Овој циклон носи многу обилни дождови и силни грмотевици, заедно со силни и бурни ветрови, во Португалија и Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Охридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. 

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница.

Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер