Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години - Канал 5

Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години

Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години, додека пијалаците кои содржат 32 милиграми кофеин на 100 милилитри ќе бидат забранети за лицата помлади од 18 години.

Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години

Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години, додека пијалаците кои содржат 32 милиграми кофеин на 100 милилитри ќе бидат забранети за лицата помлади од 18 години, бидејќи нивната консумирање доведува до нарушување на сонот и предизвикува кардиоваскуларни болести, изјави денеска министерот за социјални права и потрошувачка Пабло Бустиндуј.

Но, тој не прецизира кога ќе стапи во сила забраната.

Бустиндуј истакна дека забраната за продажба на енергетски пијалаци има широка поддршка од јавноста. Според анкетата објавена минатата недела од Шпанската агенција за безбедност на храната и исхраната дури 88,3 проценти од испитаниците на возраст од 18 до 35 години ја поддржуваат забраната.

Резултатите од анкетата покажуваат дека околу 25 проценти од испитаниците консумираат енергетски пијалаци двапати неделно. Речиси половина од тие кои консумираат енергетски пијалаци пијат барем еден дневно, а 47 проценти редовно ги мешаат со алкохол.

Во извештајот на Шпанската агенција за безбедност на храната и исхраната од 2021 година се наведува дека прекумерната консумација на кофеин може да предизвика несакани физиолошки ефекти, од нарушувања на спиењето, до психолошки ефекти и промени во однесувањето, па сè до кардиоваскуларни нарушувања.

Во северните шпански автономни региони Астурија и Галиција од лани е забранета продажба на енергетски пијалаци на деца под 16 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок.

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави Вучиќ

Претходно, актуелната власт најави враќање на задолжителното служење на воениот рок во Србија во траење од 75 дена за мажи до 30 години.

Армијата на Србија, со одлука на претходните власти, официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, кога стапи на сила собраниската одлука за укинување на обврската за служење воен рок.

Редовното служење на воената обврска тогаш беше заменето со доброволно служење, а војската почна да се пополнува со професионални војници и офицери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми.

Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран може да опстане и покрај меѓусебните вооружени судири во последните денови. Американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, објави дека разговорите меѓу претставиците на Вашингтон и Техеран треба да продолжат утре, во главниот град на Катар, Доха.

Засега не е познат ставот на Техеран во врска со наводите кои доаѓаат од страна на извори од американската администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со грант од еден милион евра од Светска банка ќе се прави проект за реформи во Железницата

Со еден милион евра грант од Светската банка ќе се прави проект за реформа во железничкиот сектор.

Со грант од еден милион евра од Светска банка ќе се прави проект за реформи во Железницата

Договорот за грант го потпишаа вицепремиерот Александар Николоски и директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Договорот како што најави вицепремиерот Николоски треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на Македонски железници – транспорт со цел создавање на функционално претпријатие.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер