СДСМ: Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа
2СДСМ: Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа
3Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите
ЖивотШпанија ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникотШпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд.Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а истовремено предизвикува негативни последици врз здравјето, јави телевизијата РТВЕ. Во видео објава на платформата X, шпанскиот премиер Педро Санчез посочи дека „поместувањето на часовникот двапати годишно повеќе нема смисла“, поради што Шпанија ќе предложи укинување на таа практика. - Во сите анкети што ги спроведовме, повеќето Шпанци и Европејци се против поместувањето на стрелките на часовникот. Дополнително, науката ни кажува дека тоа веќе не штеди енергија и оти двапати годишно го нарушува биолошкиот ритам, објасни Санчез. Тој потсети дека пред шест години ЕУ гласала за укинување на поместувањето на часовникот двапати годишно во сите земји членки, и оти тогаш било истакнато дека одлуката е донесена по јавни консултации во кои учествувале 4,6 милиони луѓе, од кои 84 проценти се изјасниле за укинување на таа пракса. Европскиот парламент во 2019 година исто така ја поддржа оваа одлука, со 63 проценти од гласовите. Сепак, конечната одлука за тоа прашање не беше донесена поради недостиг на консензус меѓу земјите членки, бидејќи за нејзино усвојување е потребно квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ. Потпретседателката на Европската комисија, Тереса Рибера, за шпанската телевизија изјави дека Европејците ја поддржуваат идејата за единствено сметање на времето и дека „сега е вистинскиот момент тоа да се реализира“. Санчез наведе дека поради тоа Шпанија ќе поднесе формален предлог на денешниот состанок на Европскиот совет за транспорт, телекомуникации и енергетика, на кој ќе присуствуваат министрите од сите 27 земји членки на ЕУ. Извори наведуваат дека сега е поволен момент Европскиот парламент да гласа за укинување на оваа пракса во 2026 година, бидејќи актуелниот петгодишен плански циклус на Европската комисија истекува следната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаШвеѓаните продадоа два екстремно скапи авиони: Сите се прашуваат кој е купувачот?Шведскиот одбранбен гигант „Сааб“ (Saab) на 27 јули 2026 година објави дека договорил продажба на два извидувачки авиони „ГлобалАј“ (GlobalEye) на неименувана земја од Блискиот Исток, во зделка вредна околу една милијарда долари.Испораките се планирани за 2030 година, а компанијата „Сааб“ (Saab) – повикувајќи се на националната безбедност и чувствителноста на воената индустрија – не го открива идентитетот на купувачот ниту дополнителни детали за договорот, пренесува „Дифенс блог“ (Defense Blog). Ваквата таинственост не е невообичаена во воениот сектор, каде што продажбата на извидувачки авиони често вклучува договори за размена на разузнавачки податоци, а купувачите претпочитаат набавката на најсовремена извидувачка технологија да ја задржат подалеку од очите на јавноста. Она што не е спорно е што всушност прави GlobalEye и зошто побарувачката за него постојано расте, пишува „Defense Blog“. Изграден врз платформата на деловниот авион „Bombardier Global 6000“ и опремен со низа активни и пасивни сензори, GlobalEye е дизајниран истовремено да следи и идентификува цели во три домени – во воздухот, на море и на копно. BREAKING: 🌍👀 A mystery nation in the Middle East has quietly secured 2 Saab GlobalEye airborne early warning and surveillance aircraft in a deal worth around $1 BILLION, and the buyer's identity remains classified. The game changing spy planes are scheduled for delivery in… pic.twitter.com/ILTLp9E75p — Defence Index (@Defence_Index) July 28, 2026 GlobalEye испраќа податоци во реално време, овозможувајќи им на командантите да ги забележат заканите пред тие да се приближат. Според податоците претставени од „Сааб“ (Saab) заедно со резултатите за вториот квартал од 2026 година, леталото може да остане во воздух до 12 часа по мисија и да открива цели на растојание поголемо од 650 километри. Ова го вбројува во класата на извидувачки летала способни да го надгледуваат целото регионално боиште во текот на една патрола, далеку од која било граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Поставени средства за смирување на сообраќајот во село ГлишиќСо цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општина Кавадарци постави средства за смирување на сообраќајот на крстосницата од улиците „Шишка“ и „27 Март“ во село Глишиќ. Со оваа интервенција се овозможува побезбедно одвивање на сообраќајот, намалување на брзината на движење на возилата и подобра заштита на пешаците и жителите. Безбедноста на граѓаните останува еден од нашите главни приоритети, а ваквите активности ќе продолжат и на други локации каде што постои потреба од дополнително унапредување на сообраќајната инфраструктура, објави на својот профил на Фејсбук, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во ЕвропаЕвростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа.Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО. Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија.... Додека Мицкоски зборува за „трета економија во Европа“, „поголем раст од ЕУ“, и за „економско чудо“, Евростат ја покажува реалноста: Каква трета економија, какво економско чудо, Македонија е на дното. Евростат ја објави реалноста дека македонските граѓаните живеат полошо од сите граѓани во Европа. Тоа е економското чудо на Мицкоски - во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија. Со Мицкоски сме заглавени на дното. Поради владата на Мицкоски - Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата Македонија ги загуби средствата од ИПА фондовите на Европската Унија наменети за изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Наместо европски грант од милиони евра, сега остануваат само кредитите што ќе ги враќаат граѓаните. Ова е уште еден дебакл на Владата на Христијан Мицкоски. Губиме милиони евра, европски пари поради тоа што владата на Мицкоски не ги испочитувала роковите, ИПА средствата повеќе не се достапни. Наместо да ја реализира инвестицијата со европска поддршка, Владата сега ги менува законите за да го избрише фактот дека проектот требало да се финансира и со средства од Европската Унија. ИПА средствата не носат само финансиска поддршка. Тие носат европски правила, транспарентност, строга контрола и надзор врз трошењето на јавните средства а тоа им смета на Мицкоски и неговата криминална организација затоа што не можат да ги крадат. Додека Македонија губи европски грантови, Владата се задолжува со нови 2,5 милијарди евра. Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ– наместо европски пари, граѓаните ќе плаќаат скапи кредити, наместо развој и економски напредок, добиваат нови долгови и економија која е пред колапс. Ова е цената што ќе ја плаќаат македонските граѓаните поради неспособноста на Владата на Мицкоски, криминалните политики и изолацијата на земјата. Скопје, 30.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33