Шпанија го олесни добивањето визи за студентите кои Трамп не ги сака - Канал 5

Шпанија го олесни добивањето визи за студентите кои Трамп не ги сака

Шпанија денеска соопшти дека им одобрила брз пристап до своите универзитети на странските студенти на кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им забранила студирање во САД.

Шпанија го олесни добивањето визи за студентите кои Трамп не ги сака

Студентите кои не можат да ги завршат студиите во САД поради откажување на визи ќе можат да доаѓаат во Шпанија наместо тоа, соопшти Министерството за миграција, пренесе Индекс.

Визите исто така ќе им овозможат на студентите привремено да работат, додаде Министерството.

Конфликтот на Трамп со неколку водечки американски универзитети

Трамп се судри со неколку водечки американски универзитети, обвинувајќи ги дека станале бастиони на антисемитизмот откако таму се одржаа протести за правата на Палестинците во Газа.

Во конфликт со Харвард, тој ги замрзна средствата за истражување и се закани дека ќе ги укине даночните олеснувања, поттикнувајќи неколку европски земји, вклучително и Шпанија, да ги зголемат грантовите за истражување за да привлечат таленти.

И додека Трамп се стреми да ја ограничи имиграцијата во САД, премиерот Педро Санчез активно го охрабрува тоа, истакнувајќи ги нејзините економски придобивки.

Шпанија е трет најпопуларен избор за американските студенти кои сакаат да студираат во странство, зад Обединетото Кралство и Италија, според „Отворени врати“.

Секоја година, најмалку 20.000 студенти кои сакаат да студираат во Шпанија аплицираат за виза.

Откриена засега најрaната трагa од бактеријата на чума, стара 5.500 години

Истражување на научници од универзитетите во Кембриџ и Копенхаген откри најстар ДНК-доказ за чумата - бактерискиот причинител „Yersinia pestis“, во човечки остатоци стари околу 5.500 години. 

Откриена засега најрaната трагa од бактеријата на чума, стара 5.500 години

Во научниот труд, објавен во списанието „Нејчр“ (Nature), се анализирани ДНК-примероци од коски и заби на 1.313 лица кои живееле во Европа и Азија во каменото доба (37.000 - 12.500 години), па сѐ до пред 200 години.

Научниците идентификувале 214 патогени што го напаѓале човекот низ минатото, вклучително и зоонозни болести - оние што се пренесуваат од животни на луѓе, а се стари најмалку 6.500 години. Професорот Еске Вилерслев изјави дека преминот од ловечко-преселнички живот кон земјоделство и сточарство отворил нова ера на заразни болести.

- Овие инфекции не предизвикувале само болести, туку можеби довеле и до колапс на популации, миграции и генетска адаптација, вели тој.

Откриени се и траги од дифтерија (стари 11.000 години), хепатит Б (9.800 години) и маларија (од пред 4.200 години).

Најмалку 120 загинати во поплавите во Тексас

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во американската сојузна држава Тексас се искачи на најмалку 120 лица, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на локални власти.

Најмалку 120 загинати во поплавите во Тексас

Најпогодена е областа Кер Каунти, каде што се потврдени 96 жртви, од кои 36 се деца, повеќето сместени во христијанскиот летен камп „Мистик“. Според извештај на службата за одговор при поплави, уште шест лица од кампот – пет деца и еден воспитувач – се водат како исчезнати.

Дождовите почнале во раните утрински часови во петокот, а реката Гвадалуп се излеала зголемувајќи го нивото за речиси осум метри за помалку од еден час.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека над 2.200 лица се вклучени во спасувањето, а тешки услови и натаму има во Централен Тексас, Хил Каунтри, Биг Каунтри и Кончо Вали.

Во соседно Њу Мексико, три лица – возрасен маж и две деца на возраст од 4 и 7 години – загинале во поплава во планинското гратче Риудосо.

Гувернерката на државата, Мишел Луџан Гришем, прогласи вонредна состојба со цел пристап до федерални ресурси. Таа напиша на Фејсбук: „За оваа криза е потребна итна акција.“

Научниците сметаат дека климатските промени водат кон зголемена зачестеност и интензитет на ваквите екстремни временски услови, поради затоплувањето на океаните и покачените нивоа на морето.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат пожари а СДС шири политички хаос и прави политички маркетинг

Во СДС ништо не се менува, СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има национална трагедија или природна катастрофа да се обидат да ќарат политички поен плус.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат пожари а СДС шири политички хаос и прави политички маркетинг

СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата СДС се сити низ соопштенија.

СДС заборава дека додека Македонија гореше во минатото Заев се сончаше на плажите низ Грција. За разлика од минатото сега веднаш се превземаат дејствија, има брз, навремен и ефикасен одговор за справување со пожарите.

Додека се пометнуваат пожари низ државата СДС злоупотребува природни катастрофи мислејќи дека на тој начин ќе добијат политички поен плус.

Дека намерно се подметнуваат пожари доказ е и пожарот во атарот на Чучер Сандево каде се пронајдени палети потопени во бензин, и постои сомнеж дека слични подметнувања со цел разгорување се направени и на други места ширум државата.

Поразувачки е како некој може да помисли да прави штети врз природата и да ја загрозува животна средина а со тоа и човечките животи. Неразбирливо и несфатливо е како СДС се радува и ликува на сето тоа и не пропушта можност да ја искористи ситуацијата за политичка кампања.

Време е СДС да престане да ги злоупотребува природните катастрофи и националните трагедии.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер