2СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
КошаркаШпанците воведуваат револуционерно правило за да ја забрзаат кошаркарската играШпанската АЦБ, втората најсилна национална кошаркарска лига во светот по НБА, следната сезона ќе тестира ново правило, кое би требало значително да ја забрза играта и да придонесе за нејзината привлечност и да го скрати вкупното времетраење на играта.Откако топката ќе излезе надвор од теренот, судиите ширум светот мора да ја примат, а потоа да му ја префрлат на играчот кој ќе го изведе исфрлањето. Во АЦБ лигата, судиската улога во тие случаи ќе биде елиминирана, па играчите ќе можат да ја земат топката и да ја носат без да го чекаат судијата. Така, противничките тимови ќе имаат помалку време да се вратат во одбраната и да се наместат, а тимовите кои брзо и ефикасно ќе се прилагодат на ова правило ќе постигнуваат повеќе лесни поени. One of the best basketball leagues in the world, the ACB in Spain, is testing a new rule this season. When inbounding the ball in the backcourt the referees no longer need to have control of the ball first. (For the first 38 minutes of the game). pic.twitter.com/S4xJN3bfPG — Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) September 21, 2022 Но, правилото нема да важи во текот на целиот натпревар, туку само во првите 38 минути. Во последните две, судиите повторно ќе ја преземат улогата на посредници, како што тоа го правеа и досега. Правилото ќе биде експериментално во наредната сезона, по што ќе се одлучи дали ќе се применува во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтрашен пожар на Халкидики, стигна до куќите (ВИДЕО)Страшниот пожар што избувна на Халкидики, на првиот крак, стигна до Сивири.Големиот пожар што беснее на Касандра од пладне, стигна до куќите во Сивири, а сцените од ова подрачје се драматични. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) Пожарот, кој започнал во ниска вегетација, а потоа се проширил на шумска површина, сега стигнал до населбата Сивири, каде што според информациите, горат куќи. Во исто време, ситуацијата на терен останува многу тешка, а силните ветрови го отежнуваат гаснењето, додека пожарникарите се борат да ја контролираат противпожарната линија. Ситуацијата најдобро ја опишува изјавата на поранешниот градоначалник на Касандра, Костас Папајанис, кој е на терен. „Пожарот стигна до Сивири. Голема катастрофа“, рече Папајанис, опишувајќи ја ситуацијата.Тагови: Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатитеСДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места. Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата. „Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки“, рече Борозан. Таа додаде дека Гостивар не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна, а секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е загадена и повика власта да направи анализа на водата во цела држава. „Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини кад е што водата е затруена.Цела држава е отруена.Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат“, рече Борозан. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаФилипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омразаПо повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија. Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби. Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза. Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“. Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00