Шпанците имаа нова кошаркарска ѕвезда, има само 17 години (ВИДЕО) - Канал 5

Шпанците имаа нова кошаркарска ѕвезда, има само 17 години (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сарагоса неочекувано го победија Реал Мадрид со 94:89 во неделниот натпревар од 7. коло на шпанскиот шампионат и со тоа ја постигнаа првата победа сезонава.

Шпанците имаа нова кошаркарска ѕвезда, има само 17 години (ВИДЕО)

Изненадувањето што резултираше одекна во локалните медиуми, кои го истуркаа 17-годишниот Адаја Мару во прв план.

Станува збор за тинејџер кој веќе достигна 2,20 метри височина, иако на официјалната страница на натпреварот е наведен како центар висок 218 сантиметри. На натпреварот против Реал тој одиграл нешто повеќе од осум минути, што Марка го опишува како негов „докторат“ и „минути на магија“ со кои го „воодушеви светот“. Тој постигнал осум поени.

YouTube video

Тренерот Порфирио Фисак му ги даде последните шест минути во првото полувреме, кога резултатот беше 29:22 за Сарагоса, а потоа уште две минути во преостанатиот дел од натпреварот. „Во тие шест минути магија, големата надеж на шпанската кошарка имаше две забивања, скок, претрпе два прекршоци, реализираше слободно фрлање, асистираше како Меџик Џонсон и блокираше еден удар, а неговиот тим дојде до предност од 48:36. “, пишуваат шпанските медиуми .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Германската организација за заштита на дигиталните права „HateAid“ поднесе кривична пријава против „Meta“ и компаниите што ги продаваат нејзините очила со вештачка интелигенција во Германија.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност.

Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“.

Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, производителот на очила „EssilorLuxottica“ (во чија сопственост е брендот „Ray-Ban“), како и против трговците на мало „Fielmann“, „Apollo-Optik“, „Mister Spex“ и „MediaMarkt“.

„Не можете да им побегнете на паметните очила. Во секој момент мора да претпоставите дека некој ве снима и дека снимката ќе ја објави на интернет“, изјави извршната директорка на „HateAid“, Жозефин Балон.

HateAid истакнува дека нејзината претставка се заснова на сојузниот закон за заштита на дигитални податоци. Тој закон ја забранува продажбата на комуникациски уреди наменети за тајно снимање на луѓе.

Од Mister Spex изјавија дека прашањето за заштита на приватноста го сфаќаат многу сериозно, но дека сè уште не се официјално известени за претставката. Другите споменати компании и ZIT не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Сојузната агенција за мрежи (BNetzA), уште кон крајот на 2023 година објави дека се забранети поврзани уреди способни за тајно аудио или видео снимање.

Во средата, агенцијата за „Ројтерс“ изјави дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува официјална истрага.

„Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не се забранети, под услов функцијата за снимање да биде јасно видлива – на пример, преку светлосен сигнал“, објасни портпарол на агенцијата. Во јули, медиумската куќа SWR објави дека и органот за заштита на податоци на покраината Хамбург презема правни мерки во врска со употребата на паметни очила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драмски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино

Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев.

Драмски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино

Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет претстави во ревијалната фестивалска програма.

По утрешното отворање на фестивалот со монодрамата „Кармен“ на актерката Биљана Драгиќевиќ- Пројковска во режија на Дејан Пројковски на НУ Драмски театар Скопје, наредната фестивалска вечер ќе биде во вторник на 18 август со изведбата на претставата „Знаме и куфер“ на режисерката Изабела Јакимова во продукција на „Театар за тебе“ од Скопје.

Во среда на 19 август театарот „Ј.Х.К.-Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ на режисерот Александар Ивановски. На 21 август (петок) на програмата на фестивалот е „Магионичарско шоу“, детска програма со Кристијан Шопов - Кико Магико. Годинашниот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ се затвора во недела на 23 август со ансамблот на Народниот театар „Ацо Шопов“ од Штип кој ќе ја изведе претставата „ЈЗУ Европа“ на режисерката Кристина Атансова.

Монодрамата „Кармен“ на фестивалот во Неготино ќе биде изведена 51. пат по премиерата што претставата ја имаше во мај 2021 година.

Претставата е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село

Оваа година немав многу време за одмор.

Филипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село

Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор.

Оваа година немав многу време за одмор.

Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите.

Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето.

Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град.

Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница.

Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно.

За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион.

Поздрав,

Венко Филипче

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер