ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ФудбалШпанци доминираат во тимот на столетието на УЕФАЕвропската фудбалска федерација на својата официјална веб страница неколку дена пред да биде прогласен идеалниот тим за 2017 година, го објваи совршениот тим на векот. Во него има шест Шпанци и по еден Германец, Англичанец, Аргентинец, Португалец, Французин и , пет играчи од Барселона и од Реал Мадрид: Голман: Икер Касиљас (Реал, Порто, Шпанија) - 6 пати дел од идеален тим (2007, 2008, 2009, 2010, 2011 и 2012). Одбрана: Карлес Пујол (Барселона и Шпанија) - 6 пати (2002, 2005, 2006, 2008, 2009, 2010) Филип Лам (Баерн Минхен и Германија) - 5 пати (2006, 2008, 2012, 2013, 2014) Серхио Рамос (Реал и Шпанија) - 6 пати (2008, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016) Жерар Пике (Барселона и Шпанија) - 5 пати (2010, 2011, 2012, 2015 и 2016 година) Среден ред: Чави Ернандез (Барселона и Шпанија): - 5 пати (2008, 2009, 2010, 2011 и 2012) Андрес Иниеста (Барселона и Шпанија) - 6 пати (2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2016) Стивен Џерард (Ливерпул и Англија) - 3 пати (2005, 2006 и 2007) Напаѓачи: Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Португалија) - 11 пати (2004, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016) Лионел Меси (Барселона и Аргентина) - 8 пати (2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2014, 2015 и 2016) Тиери Анри (Арсенал и Франција) - 5 пати (2001, 2002, 2003, 2004, 2006). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Други спортовиМинистерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт. Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении. На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји. Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка? Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува? Кои дејствија се преземени? Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување. Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија. Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем. Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции. СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески. Што е преземено од страна на Обвинителството? Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност. Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта. Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка? Скопје, 16.13.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter