16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
216 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
БалканШоу во хрватскиот Сабор: Пленковиќ самиот не се слуша, опозицијата удира по масите (ВИДЕО)Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска со многу мака го достави до Собранието годишниот извештај за работата на Владата и за состојбата на државата и нацијата.Индекс објави дека Пленковиќ се обратил во парламентот неколку дена по седмата годишнина од преземањето на Бански Двори и извршната власт на 19 октомври 2016 година. Додека Пленковиќ се обидувал да зборува, опозицијата тропа по клупите бидејќи премиерот не бил во Собранието пред расправата и затоа што не им биле дозволени сите паузи што ги побарале. Хрватскиот портал потсетува дека по тие паузи опозицијата има право да се обрати во Собранието, па очигледно сакале да ја искористат таа можност пред говорот на Пленковиќ. Се вели дека на опозицијата ѝ пречело тоа што за извештајот на Пленковиќ немало поединечни дискусии, туку само дискусии на пратенички групи. На крајот, говорот на Пленковиќ некако завршил и никој не го слушал, па ниту тој самиот. Се вели дека пратениците и министрите од власта еуфорично аплаудирале, а од другата страна се слушало удирање и дофрлање. - Зошто аплаудирате кога ништо не сте слушнале? Можеби му аплаудирате на неговиот убав костум - се слушало од опозициските клупи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртваСрпската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан. По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија. На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство. Фото: ВИТагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter