КошаркаШортс потпиша за Панатинаикос Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е нов кошаркар на Панатинаикос, објави денеска грчкиот тим.Шорц (27) потпиша двегодишен договор со Панатинаикос во кој доаѓа од редовите на Париз. Новиот плејмејкер на клубот од Атина изминатата сезона му помогна на Париз во својата прва сезона во Евролигата да дојде до четвртфиналето во кое беше поразен од Фенербахче. Шортс беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во плејофот во Евролигата, а во изборот за МВП во регуларниот дел од сезоната заврши на третото место зад својот нов клупски колега Кендрик Нан и Александар Везенков од Олимпијакос. 𝑾𝒆𝒍𝒄𝒐𝒎𝒆 𝑻𝑱 𝑺𝒉𝒐𝒓𝒕𝒔 ☘️ Η ΚΑΕ Παναθηναϊκός AKTOR ανακοινώνει την απόκτηση του Τι Τζέι Σορτς ΙΙ για τα επόμενα δύο χρόνια. _________________________________________ Panathinaikos BC AKTOR is pleased to announce the signing of TJ Shorts II on a two-year contract.… pic.twitter.com/v26B5vzrIn — Panathinaikos BC (@Paobcgr) June 26, 2025 Изминатата сезона, Шортс беше лидер во Евролигата според бројот на асистенции (7,3 по натпревар), втор по индексот на корисност (22,8 по натпревар) и четврти според бројот на постигнати поени (19 по натпревар).Тагови: Евролигата кошарка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравјеФилипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните со години пиеле неисправна вода .Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи и наоди кои укажувале на микробиолошки неисправна вода во повеќе населени места, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и локации во Скопје. Наместо навремено информирање и решителна реакција Филипче молчел и не постапувал, а граѓаните не биле навремено известени. Во 2021-та година, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Документи стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли, има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, граѓаните тоа не го знаеле и никој не ги известил. Во документи од 2019-та, некои 2018-та, во време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт, во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел. Доколку Министерството располагало со вакви информации, зошто јавноста не била информирана? Кој одлучил овие наоди да не бидат јавно презентирани? Кој ќе ја понесе одговорноста доколку имало институционални пропусти? Очекуваме надлежните институции да ги разгледаат сите околности, да утврдат дали имало пропусти во постапувањето и, доколку се утврди одговорност, таа да биде соодветно санкционирана. Граѓаните заслужуваат отчетност од сите, без разлика дали се на власт или во опозиција. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСООПШТЕНИЕ на „И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката!Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите,рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти.„Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот свој професионален живот го посветиле на науката, истражувањето, инженерството и образованието на нови генерации стручни кадри. Наместо аргументирана дебата, тие се соочуваат со лични дисквалификации и неосновани обвинувања, само затоа што нивните ставови не се совпаѓаат со ставовите на дел од активистите. Никој нема монопол врз јавната дебата и секој има право да го изрази своето мислење. Но, кога станува збор за сложени инженерски, геолошки и технолошки прашања, државата мора да ги слуша луѓето кои поседуваат соодветно образование, долгогодишно искуство и професионална одговорност. Само тие можат компетентно да ги оценуваат техничките процеси, современите технологии и нивното влијание врз животната средина. Не може кредибилитетот на професори, научници и инженери да се поткопува со јавни кампањи кои не се темелат на стручни анализи, туку на дискредитации и притисоци. Таквиот пристап не придонесува за јавниот интерес, туку ја поткопува довербата во науката, институциите и експертското знаење. Уверени сме дека иднината на Македонија не смее да се гради врз страв, шпекулации и политички притисоци, туку врз факти, законски процедури и независни стручни проценки. Само така можат истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и економскиот развој. Би било поразително за државата доколку стратешките одлуки зависат од јавен притисок, а не од научните сознанија, експертските анализи и институциите надлежни да ја утврдат исполнетоста на сите законски и еколошки стандарди. Македонија има потреба од силни институции кои ќе ги почитуваат знаењето и струката, а не од општество во кое научниот глас се замолчува со дискредитации.„ И ЗДРАВЈЕ И РАБОТАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 часСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Граѓани на социјалните мрежи тврдат дека утрово помеѓу два и три часа се потребни за да ги минете двете пасошки контроли кон Грција на граничните премини Богородица и Дојран. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter