Шон Конери за малку избегнал смрт додека првпат го глумел Џејмс Бонд - Канал 5

Шон Конери за малку избегнал смрт додека првпат го глумел Џејмс Бонд

Познатиот филмски таен агент 007 - Бонд, Џејмс Бонд, со децении е еден од најпрепознатливите ликови во светската кинематографија.

Шон Конери за малку избегнал смрт додека првпат го глумел Џејмс Бонд

Неколкумина имале можност да го глумат 007 со текот на времето, но Шон Конери е првиот и омилениот кај многу обожавателите на филмовите засновани на романите на британскиот писател Ијан Флеминг.

Сепак, снимањето на филмови за Бонд не секогаш било без опасности. Во времето кога шкотскиот глумец го глумеше ликот, имаше акциони сцени, но специјалните ефекти не беа толку развиени како што се денес. Така, многу од опасните секвенци се снимани од каскадери, но и од самите глумци во главната улога, кои понекогаш на тој начин се доведувале до многу опасни ситуации. Таков инцидент се случил за време на снимањето на филмот „Доктор Но“ во Јамајка. Воопшто првиот „Бонд“ филм снимен со буџет од околу милион долари, честопати барал и импровизации на Конери со предизвикувачките сцени.

Продуцентот Теренс Јанг неодамна, за списанието „Фар аут“ (Far Out), опишува колку била опасна ситуацијата за британскиот глумец.

- Тој има голема среќа што тогаш остана жив. Речиси го убивме. Кога ја вежбавме сцената, тој возеше со пет до 10 милји на час (8 - 16 км/ч), само за да види дали може да помине под преградата, и помина за неколку сантиметри, раскажува Јанг.

Кога сцената конечно била снимена, автомобилот се движел многу побрзо, што дополнително го зголемило ризикот.

- Но, додека снимавме, тој возел со 40 или 50 милји на час (65 - 80 км/ч) - и одеднаш сфатил дека автомобилот отскокнува околу една стапка во воздух, а главата му оди повисоко од покривот. За среќа, последниот скок се случил непосредно пред да стигне до преградата и тој успеал да се симне и да падне под неа. Во спротивно ќе бил мртов, додаде продуцентот.

Самиот Конери подоцна зборувал за инцидентот на шега, потсетувајќи се на идејата за опасната сцена.

- Ако добро се сеќавам, замислата да одам под кранот беше идеја на Каби Броколи (познатиот продуцент на серијалот „Бонд“, з.п.). Можеби. Тој платил многу за осигурувањето, се пошегува ѕвездата на првите неколку филма од серијалот.

Иако инцидентот можеше да има трагичен исход, актерот се извлече неповреден и сними уште шест „007“ филмови, зацврстувајќи го својот статус како еден од најпознатите толкувачи на легендарниот таен агент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бернам: Враќањето во ЕУ е опција за Британија, Брегзит направи повеќе штета отколку корист

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека обидот за повторно зачленување во Европската унија би можела да биде една од опциите што неговата влада ќе ги разгледува, додека земјата се стреми кон суштинска промена во односите со блокот..

Бернам: Враќањето во ЕУ е опција за Британија, Брегзит направи повеќе штета отколку корист

На годишната конференција на владејачката Лабуристичка партија во Ливерпул, Бернам изјави дека договорот за Брегзит постигнат од конзервативците направил повеќе штета отколку корист и најави дека на самитот на Обединетото Кралство и ЕУ, што ќе се одржи подоцна оваа година, ќе ги изнесе своите ставови за „различните опции за долгорочните односи на Британија со европските партнери“.

На референдумот пред 10 години, велика британија одлучи да ја напушти Европската унија, ставајќи крај на повеќедецениското членство. Следеше период на политички превирања, при што британските влади беа принудени да се справуваат со економските и дипломатските последици од брегзит..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицковата шема има иста шема- Шема зборува како арамијата

Игор Ивановски: „Јас сум за ЕУ, но не по секоја цена.“ 

СДСМ: Мицковата шема има иста шема- Шема зборува како арамијата

Мицкоски одамна ја кажа истата реченица: сакаме во Европската Унија, ама не по секоја цена.

Одеднаш истите зборови. Истот речник. Истата кочница.

Како тоа одеднаш истиот став? Како истите реченици токму сега, пред посетата на Фон дер Лајен?

Арамијата Мицкоски веќе ја подготви листата со изговори: референдум во Исланд, војни, избори во покраини каде победуваат екстремни структури, Ле Пен во Франција, светот се менува, другото не е на нас.

Што имаат германските покраини и францускиот циклус со патоказот што нам не ни го дадоа?

Ништо.

Имаат функција: да објаснат зошто ние стоиме, а вината да не падне на кабинетот.

Чудно како сите шеми водат кон Шема, кон Ќурчиев, кон Андреј Перов, кон Славјанка- тендер од 1,6 милиони евра.

Чудно е како одеднаш руската партија Левица, анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка - се коалицира со ЗНАМ, прва и втора верзија и со кафеанската платформа.

Лажна опозиција, а истиот далечински управувач за таа елита.

Сега јасно ли им е на граѓаните која е српско-руската агенда? Македонија надвор од Европската Унијата. Институции на телефон.

Патоказ за другите. За нас ходник, антимон и „не по секоја цена“.

Цената ја плаќа народот. Не кабинетот. СДСМ е за ЕУ по заслуга, и за реформи, судство, закон за сите.

Тие се за цена што ја крои Мицкоски. Затоа платформата го зборува неговиот јазик. Затоа „Спутник“ се прави опозиција. Затоа вратата стои затворена.

Нема две политики. Има една шема и еден арамија на чело со истиот далечински управувач.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци

Авион на компанијата „Flydubai“, кој летал од Дубаи кон Тел Авив со 174 патници (вклучувајќи 27 деца), извршил принудно слетување во Саудиска Арабија по физичка пресметка меѓу двајцата пилоти во пилотската кабина.

Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци

Тепачката го активирала алармниот сигнал, што во првиот момент предизвикало сомнеж за киднапирање, па Израел веднаш кренал борбени авиони, пренесува израелскиот портал „Ynet News“.

За време на летот кон Израел, авионот накратко испратил сигнал што укажувал на незаконско мешање во летот. Израелските власти првично го третирале инцидентот како потенцијално киднапирање, но подоцна утврдиле дека алармот всушност бил резултат на насилство и физички конфликт меѓу самите пилоти во кабината.

Авионот потоа бил пренасочен кон Саудиска Арабија, каде што се спуштил на помала висина и конечно безбедно слетал на пистата.

Израел кренал борбени авиони и свикал кризен состанок

Инцидентот поттикнал голема безбедносна операција во Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац веднаш свикале итни безбедносни консултации, додека Оперативниот оддел на израелската полиција наредил формирање заеднички команден центар со сите безбедносни служби.

Шефот на израелската полиција, Дани Леви, исто така дал проценка на ситуацијата. „Се подготвуваме за секое можно сценарио“, изјавил Леви во време кога околностите за тоа што се случувало во авионот сè уште не биле разјаснети.

Пилотите испратиле код за киднапирање и го свртеле авионот

Летот на „Flydubai“ полетал од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, во 7:05 часот наутро, а слетувањето на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив било планирано за околу 9:30 часот.

Околу час и половина по полетувањето, додека авионот влегувал во воздушниот простор на Јордан, предавателот емитувал транспондер-код 7700, што претставува меѓународна ознака за општа опасност. Кратко потоа бил испратен и кодот 7500, кој укажува на незаконско мешање и стандардно се користи кога авионот е киднапиран.

Речиси истовремено, авионот го променил правецот, се вратил во воздушниот простор на Саудиска Арабија и почнал да лета на значително помала висина. Откако првично се упати кон југ, авионот сврте кон запад, при што цело време се движеше во воздушниот простор над Саудиска Арабија.

Изгубен контакт со пилотот – стравувања од најлошото

Израелските воздухопловни сили веднаш кренале борбени авиони, додека надлежните на земјата трескавично се обидувале да утврдат што точно се случува во пилотската кабина. Во првите моменти од кризата, претставник на израелските безбедносни служби изјави дека немаат цврсти докази за киднапирање, но дека се крајно загрижени бидејќи не можеле да стапат во контакт со екипажот.

„Немаме веродостојни информации што укажуваат на киднапирање, но пилотот го активираше сигналот за опасност“, изјави тогаш еден функционер за „Ynet News“, додавајќи: „Не можеме да воспоставиме контакт со пилотот, а тоа е причина за сериозна загриженост“.

Тепачка меѓу пилотите

Подоцна, надлежните утврдија дека алармот бил активиран поради тепачка меѓу пилотите, а не поради упад на киднапери. На крајот, авионот безбедно слета во Саудиска Арабија, заедно со сите патници.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер