СветШолц: Во моментов нема зошто да се разговара со ПутинГерманскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека повторно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин дури кога Путин ќе „свати“ дека мора да ја напушти воената кампања во Украина и да ги повлече своите војници.Во интервју за „Тагескејтунг“, Шолц изјави дека во моментов не гледа смисла да разговара со Путин, оценувајќи дека разговорот не може да направи никаква разлика. Тој истакна дека последен пат телефонски разговарал со Путин во декември 2022 година. Како одговор на изјавата на новинарот дека Украина е во дефанзива и дека руската воена економија е стабилна, како и дека Западот треба посилно да се залага за преговори и компромис, Шолц рече дека не смее да се дозволи Русија да победи во војната. „Брзо сфативме дека војната нема да трае долго. Ќе треба долго време да ја снабдуваме Украина со оружје и муниција“, рече Шолц. Тој изјави дека во текот на 1970-тите, Сојузна Република Германија издвојувала три до четири отсто од својот буџет за одбрана, додека денешна Германија издвојува само два отсто, додавајќи дека земјата треба да има силна армија. „Германија е земја во мир. Но, ние мора да бидеме способни да ја браниме нашата земја и, заедно со нашите сојузници, областа на НАТО. Имаме одговорност да ги заштитиме Литванија, Естонија и Летонија од Русија, тоа произлегува од нашата историја“, рече тој. Тој истакна дека за време на неговата претстојна посета на Кина, со претседателот Си Џинпинг ќе разговара за воените теми, како и за тоа како Кина може да влијае на крајот на војната во Украина. Шолц изјави дека и покрај различните политички ставови, особено кога станува збор за заедницата на Ујгурите во Кина и во регионот на Тајван, тој сака отворено да разговара со кинеските претставници за сите теми. „Кина е голема земја со растечко економско и политичко значење. Во нашата стратегија никаде не се споменува економско одвојување од Кина, но се споменува намалување на ризикот од зависност од Кина. Не треба да ги ставате сите јајца во една корпа“, рече Солц. Запрашан да го коментира фактот дека повеќе од 30.000 луѓе, главно жени и деца, се убиени во Појасот Газа, и дека Германија е вториот најважен снабдувач на оружје за израелската армија, тој рече дека Германија е очигледно на страната на Израел, но и дека „тагува за секого што е жртва како цивил“ и дека е во постојан разговор со Израел. „Предупредив против копнената офанзива во Рафа и јасно ставив до знаење дека треба да продолжиме да се фокусираме на решението за две држави, бидејќи и на палестинското население му треба перспектива“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отстоГлавните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг. Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“.. Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter