Шолц повика на солидарност со Евреите во Германија на почетокот на празникот Ханука

 Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на солидарност и сочувство за Евреите во Германија додека ја палеше првата свеќа по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, јави ДПА.

- Ова е особено важно во овој момент, изјави Шолц синоќа во Берлин. - Значи, секој од нас може да им даде моќ на зборовите „Никогаш повеќе“.

Шолц ја запали првата свеќа пред Бранденбуршката порта на висок, девет гранки свеќник Ханука, познат како менора или чанукија.

Канцеларот рече дека е соодветно овој свеќник да стои во срцето на германската престолнина - „како симбол на надеж и доверба и како симбол на неразделната припадност на еврејската вера и еврејските сограѓани кон нашата земја“.

Шолц потсети на терористичкиот напад на палестинското исламистичко движење „Хамас“ против Израел на 7 октомври и на антисемитските инциденти во Германија.

- Не прифаќаме кога нашите сограѓани Евреи треба да се плашат отворено да ја практикуваат својата религија, својата култура, секојдневие, кога тие го користат своето основно право да бидат видливи, право што го имаат сите луѓе во нашето општество, без разлика на различноста, потенцираше Шолц.

Организаторот на настанот, рабинот Јехуда Теихтал ги пофали Германија и Шолц како светлина на демократијата. Пораката на Ханука е „светлина над темнина, демократија над тиранија“, рече рабинот Теихтал. Тој повика: „Повеќе светлина, повеќе радост, повеќе еврејска свест, тоа е нашиот одговор“.

Во последниве недели во Германија беа пријавени стотици антисемитски инциденти.

За време на церемонијата беа преземени засилени безбедносни мерки, а плоштадот пред Бранденбуршката порта беше опколен.

Со Ханука - Празник на светлината или Празник на осветувањето се одбележува повторното осветување на Вториот храм во Ерусалим по бунтот против Грците во 164 п.н.е. и „чудото на светлината“ на свеќата која горела осум дена.

Фестивалот, исто така трае осум дена, годинава до 15 декември. Секој ден се пали нова свеќа на свеќникот на Ханука. /МИА

Построго спроведување на законите и сериозна едукација на учениците против родово насилство

Построго спроведување на законите и сериозна едукација на учениците против родово насилство за да се стави крај на немилите настани како оној од Кавадарци каде деветоодделенци споделуваа меѓу себе приватни слики на свои соученички.

Построго спроведување на законите и сериозна едукација на учениците против родово насилство за да се стави крај на немилите настани како оној од Кавадарци каде деветоодделенци споделуваа меѓу себе приватни слики на свои соученички – реагираат од Платформата за родова еднаквост.

Велат родовото насилство преку ИНТЕРНЕТ просторот зема се поголем замав и директно се прелева во реалноста, а слабата системска поддршка и помош во земјава, како и злоупотребата на фотографии, видеа и податоци може да направи ненадоместлива штета врз децата.

-Особено апелираме за поефикасно и едноставно поефективни мерки за институционална и законска правна заштита, постојат во законите и во кривичниот законик, како може и треба да се пристапи кон поефикасно наоѓање и казнување на сторителите што може да влијае и на превенција и на охрабрување на жртвите да пријавуваат. Злоупотревата на личното и интимното во дигиталниот простор станува се поизразено, потребно е и апелираме за правилно информирање за различните видови на дигитално базирано родово насилство,- – Марта Стефковска – Платформа за родова еднаквост.

Онлајн вознемирувањето носи физички и психички последици на оноие кои преживеале насилство, како страв, вознемиреност и несигурнст, но и не можност да се излезе од кругот на насилство, укажуваат од платформата... Велат тоа насилство влијае и на секојдневото функционирање на една индивидуа и сериозно може да го наруши нормалниот тек на животот..

По последниот лучај во Кавадарци со монтираните експлицитни фотографии на соученички за кој и ојо отвори истрага, целта на деветоодделенците била да ги навредуваат, исмеваат и да нанесат штета на угледот на нивните соученички, кажаа од обвинителстцвото.

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжувањето на пасошите

Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ .

Пратеникот Бране Петрушевски има дипломатски пасош со името Република Македонија, и тој ја помина границата без проблем.

Факт е дека пратениците со пасоши со Република Македонија може да патуваат и тоа СДС го знае, заради нив само народот е заглавен, но не и функционерите на власта.

СДС и ДУИ имаат шанса да ја запрат агонијата на над милион граѓани и да го поддржат законот за продолжување на важноста на пасошите во собранието, што е веќе во процедура како предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се виновни за хаосот во државата. Првин 2 и пол години издавале пасоши кои знаеле дека нема да важат заради договорот кој го потпишаа токму тие, а потоа и поради немањето на обрасци, затоа што ја оставија државата без обрасци на неколку месеци пред избори.

Со право народот вели дека немаме држава, и дека треба да ја вратиме, се наведува во партиската реакција.

Во Прилеп запален автомобилот на јавна обвинителка, насилно влегле во гаражата

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. 

Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Јавното обвинителство на Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

притисни ентер