СветШолц најави дека нема да биде дел од преговорите за новата влада на демохристијанитеГерманскиот канцелар Олаф Шолц денеска соопшти дека нема да биде во идната германска влада, ниту ќе учествува со Социјалдемократите (СПД) во преговорите за нејзиното формирање, кои би ги воделе демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ).„Ако има разговори, на пример меѓу СПД и ЦСУ, јас нема да бидам преговарач во име на СПД“, изјави Шолц за ЗДФ. Тој нагласи и дека „нема да биде претставник на СПД во влада предводена од ЦДУ, ниту пак ќе преговара за тоа“, објави Дојче веле. Високи функционери на социјалдемократите по изборниот дебакл и прелиминарните резултати од парламентарните избори, според кои освоија 16,5 отсто од гласовите, најавија кадровска реорганизација. Актуелниот министер за одбрана Борис Писториус (61) веќе изјави дека сака да преземе водечка улога во преговорите за нова влада. За изборните резултати, тој рече дека тоа е „поразителен, катастрофален резултат“ и дека „нема што да се украсува“. Тој и честиташе на изборната победа на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и истакна дека сега останува на нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц да го преземе мандатот за формирање влада. „Отсекогаш сме биле подготвени за разговори и остануваме такви. Се работи за одговорност, но не зависи од нас сега да ги направиме првите чекори“, рече Писториус. Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, Демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ) освоија најмногу гласови, при што за нив гласаа 28,5 отсто од гласачите. Зелените, пак, освоија 11,9 отсто од гласовите, Левицата освои 8,7 отсто, а цензусот го помина и партијата Разум и правда на Сара Вагенкнет, со пет отсто од гласовите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица. Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во БрвеницаСпоред информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово. Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter