Шолак, газдата на „Ѕвездите на Гранд“, N1, Нова ТВ, Total TV има долг од 4,1 милијарди евра?!? - Канал 5

Шолак, газдата на „Ѕвездите на Гранд“, N1, Нова ТВ, Total TV има долг од 4,1 милијарди евра?!?

Шолак е дел од сопствеништвото нa „Ѕвездите на Гранд“, кои според нас, незаконски ни го раскинаа договорот, и дел од ТВ платформите Тотал ТВ Македонија и EON TV, кои Канал 5 ТВ ги фати „живи“ како недозволено реемитуваат делови од нашата програма!

Шолак, газдата на „Ѕвездите на Гранд“, N1, Нова ТВ, Total TV има долг од 4,1 милијарди евра?!?

Тотал ТВ Македонија преку платформата EON TV , и самата EON TV International безсрамно пиратираа делови од наша програма но и некои ТВ канали во целост, за што ќе следуваат соодветни поднесоци. Канал 5 ТВ се сомнева дека како акт на ревашизам, нивната „сестринска“ компанија Гранд Продукција, тотално неосновано го раскина договорот со нас, и го продаде на друга македонска ТВ станица, која за жал не ги испочитува нашите известувања со предупредувања дека Канал 5 ТВ ќе стори се' за да ги заштити своите авторски и сродни права но и правата кои ни беа неосновано одземени.

Како што јавува хрватската истражувачка платформа SEEBIZ, сопственикот на едно чудо телевизии, весници, кабелски оператори и разни ТВ платформи е во сериозни финансиски проблеми. Нивниот текст ви го пренесуваме во целост, а во наредните денови ќе одржиме прес конференција на тема ТВ пиратерија : Како одредени могули заработуваат несразмерно богатство препродавајќи комплетни или делови од програми на ТВ канали со кои немаат никакви договори за реемитување или не ги почитуваат истите.
„ЛОНДОН - Драган Шолак продава дел од својот имот поради преголем долг, кој наводно надминува четири милијарди евра.

Голдман Сакс бил ангажиран да го продаде имотот, пишува Блумберг.

На крајот на 2020 година, вкупната загуба на Јунајтед Груп беше 73,6 милиони евра. Споредено со 2019 година, кога вкупната загуба изнесуваше 59,7 милиони евра, ова е зголемување на дефицитот за повеќе од 20 проценти. Но, тоа е само врвот на ледениот брег што ја погоди компанијата на Шолак.

На крајот на деловната 2020 година, United Group забележа потрошени речиси 4 милијарди куни ( 530 милиони евра ), доколку се земат предвид обврските за долгорочни заеми, издадени обврзници, лизинг и слични финансиски аранжмани. Вкупниот износ на долгот на Јунајтед Груп на крајот на минатата година бил 4,14 милијарди евра!

Информациите за продажбата на имотот доаѓаат само неколку дена откако една од трите најголеми рејтинг агенции во светот, Мудис, го намали кредитниот рејтинг на компанијата „Адриа Мидко“, која е основач на компанијата „Јунајтед Медиа“, која го поседува и информативниот ТВ канал N1.

Мудис го промени рејтингот од стабилен во негативен, а според потпретседателот на агенцијата Агустин Алберти, компанијата има слаба ликвидност во последните 12 месеци и ќе мора да се справи со долгот што доспева во 2024 и 2025 година.“

Дополнително SEEBIZ денес јавува и дека:
„Демантирајќи ги медиумските шпекулации дека ќе го продаде телекомуникацискиот оператор „Телемач“ поради долговите, „Јунајтед Група“ денеска ни откри како ќе оди на пренамена на дел од имотот на „Телемач“ за да ги зголеми приходите на Групацијата.
Станува збор за таканаречената монетизација на телекомуникациските кули, која минатата недела ѝ беше претставена на United Group од агенцијата Moody's како решение за нејзините финансиски предизвици, намалувајќи го кредитниот рејтинг на клучната компанија во Групацијата, Adriji Midco BV. од стабилна во негативна.

- Согласно досегашната пазарна практика, планираме да ја монетизираме нашата инфраструктура на мобилни базни станици во некои од земјите каде што работи Јунајтед Група, вклучувајќи ја и Хрватска, пренесува Јутарњи лист .

Да потсетиме, компанијата на Шолак е оптоварена со огромен долг, поради што Мудис пред неколку недели го намали својот рејтинг. Доспеваат долгови од 525 милиони евра за 2023 година и 535 милиони евра за 2024 година“

Канал 5 ТВ наскоро ќе објави серијал поврзани со овој медиумски могул, за наводни измами, за кои ние немаме докази, но пак тоа го тврдат колегите од Малта, и хрватски Национал кои работеа на т.н. случај „ Малтешки документи “ , истрага поврзана со лица за наводно затајување на данок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

По повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло.

Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација

Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката.

Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум.

Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече:

„Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“

Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил:

„Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“

Потоа додаде:

„Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“

Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече:

„Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“

Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува:

„Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“

Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете.

Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“.

„Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос.

Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер