3Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
ТенисШокатна одлука на најдобрата светска тенисерка, на 25 години заминува во пензија!?Најдобрата светска тенисерка, Ешли Барти го шокираше тенискиот и спортскиот свет.Тенисерката од Австралија одлучи да и стави крај на тениската кариера и да се пензионира на 25-годишна возраст. Трикратна победничка на Грен слем турнирите и моментално водечка тенисерка на ВТА листата, на социјалните мрежи го потврди крајот на кариерата и им порача на фановите дека тоа го прави среќна и подготвена за пензија. "Среќен сум и подготвен за тоа. Во срцето знам дека ова е вистинското време. Благодарен сум за се што ми даде овој спорт и го оставам горда и исполнета", изјави Барти, додавајќи дека таа е целосно истрошена и дека физички веќе не е способна да игра тенис на висок ново. Барти веќе 114 недели е водешката тенисерка на ВТА листата на најдобрите во светот, што е четврта најдолга серија на врвот на ВТА во историјата. Победничката на Ролан Гарос, Вимблдон и Австралија опен во кариерата има освоено 15 титули во сингл и 12 во двојки. Барти само од турнирите во кариерата има заработено речиси 24 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочувствуван земјотрес во Гостивар и околинатаЗемјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеД-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен НилЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.. Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХоливудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавностаХоливудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста. Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката . Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век. Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години. Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман. Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година. Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година. Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter