ЗдравјеШокаровски: Не е точно дека е зголемена смртноста откако сум назначен за директорНекој оркестрирано сака да ја уништи клиниката за кардиохирургија, изјави денеска разрешениот директорот на клиниката Марјан Шокаровски.На прес конфернцијата Шокаровски посочи дека неговото разрешување било незаконско, нема 170 фантомски пациенти за секој пациент имале , а тоа што ги нема во ‘Мој термин‘ е поради софтверски проблем помеѓу платформата на каридиохирургија и платформата на „Мој термин“, а смртността не е зголемена. На прашањето поставено на Шокровски: Дали продолжува притисокот што претходно го имаше и неговиот претходно Јовев тој одговори дека немал впечаток дека Јовев немал притисок при неговата смена. Иако и на смената на Јовев имаше аплаузи од вработените како и денеска кон Шокаровски. Во делот на смртноста тој и неговите колеги со презентација покажаа дека бројките на смртност биле кај итните пациенти кои биле зголемени за 20% и дека бројките ги дале луѓе кои не работат каридохирургија и членовите од комисијата од страна на министерството за здравство немало каридиохирург Илир Демири како министер за здравство во понеделникот го разреши Марјан Шокаровски од директор на кардиохиругирја и образложи дека е една од причините се лошите меѓучовечки односи, индикациите за зголемена смртност и најави дека нов директор ќе биде лице од надвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСелин Дион запеа на улиците на Париз заедно со обожувателите (ВИДЕО)Селин Дион одржа импровизиран настап во Париз за обожавателите кои се собраа пред нејзиниот хотел. Пејачката отпеа еден од своите хитови со публиката, а видеото од настанот брзо се прошири. Дион се појави пред публиката во тесен црн фустан со долг крзнен раб. Додека го пееше својот француски хит од 1995 година, „Pour que tu m'aimes encore“, таа комуницираше со публиката преку гестови и се нишаше во ритамот на музиката. Концерти по паузата Пејачката неодамна пристигна во Париз од својот дом во близина на Лас Вегас. Нејзиниот престој не е само одмор, бидејќи овој месец започнува серија концерти во арената „Париз Ла Дефенс“ во Нантер. Планирани се вкупно 26 настапи за периодот од септември оваа година до мај 2027 година. Тоа е нејзината прва серија концерти откако ја откажа светската турнеја „Храброст“ за 2023 година, бидејќи ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност.Тагови: Селин Дион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на ИранИран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористиПутин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски. Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00