Шокантно откритие: Короната не дошла од лилјаците во Вухан, туку од рудник - Канал 5

Шокантно откритие: Короната не дошла од лилјаците во Вухан, туку од рудник

Извор на заразата со коронавирус не може да бидат пазарите во Вухан, туку кинески рудник оддалечен 1.600 километри од градот каде избувна епидемијата.

Шокантно откритие: Короната не дошла од лилјаците во Вухан, туку од рудник

Вирологот Џонатан Летам и молекуларниот биолог Алисон Вилсон, кои работат во непрофитната организација Bioscience Resource Project во Итака,град во државата Њујорк, направија интересно откритие додека преведувале магистерски труд од кинески доктор. На 66 страници, тој го опишал третманот на рударите кои се разболеле во рудникот во 2012 година и испратил примероци од нивното ткиво до Институтот за вирологија во Вухан за анализа.

- Доказите што ги најдовме нè поттикнаа да преиспитаме сè што знаеме за изворот на инфекција со коронавирус, напишаа Летам и Вилсон во студијата што ја објавија на нивната веб-страница на 15 јули.

Летам за ,,Њујорк пост’ изјави дека верува дека вирусот скоро сигурно избегал од лабораторија во Вухан.

Во април 2012 година, шест рудари во рудникот Мојанг во провинцијата Јунан во југозападна Кина се разболеле откако 14 дена чистеле измет на лилјаци. Тројца починале. Во својата магистерска теза, Ли Ксу, кој ги лекувал рударите, опишува дека тие имале висока температура, сува кашлица, болки во мускулите, а понекогаш и главоболки, сите се симптоми што денес се поврзани со Ковид-19.

Третманот на болните рудари бил сличен на третманот на лица со Covid - респиратори, стероиди, антибиотици и разредувачи на крв. Откако рударите ги тестирале за хепатитис, денга треска, па дури и ХИВ, резултатите биле негативни, а докторот се советувал со различни специјалисти од цела Кина, меѓу кои и Жонг Наншан, човекот кој одигра клучна улога во запирањето на епидемијата САРС во 2003 година.

- Ова укажува на тоа дека болеста на шесте рудари предизвикала голема загриженост и се сметало дека САРС е причина за болеста, напишале Летам и Вилсон.

Институтот Вухан заклучи, анализирајќи ги примероците од ткивата, дека изворот на инфекцијата е веројатно кинески лилјак, пишува весникот.

Летам и Вилсон веруваат дека вирусот во телото на рударите се развил во Сарс Ков-2, необичен коронавирусен патоген, кој лесно се пренесува меѓу луѓето, и дека примероците некако избегале од лабораторијата минатата година и предизвикале пандемија од невидени размери.

Иако научниците од лабораторијата во Вухан земале примероци од коронавирус од лилјак од истиот рудник, не успеале да видат поврзаност со настаните во 2012 година, изјавил Летам за Њујорк пост.

Ши Џенгли, виролог во лабораторијата Вухан, позната како „жена лилјак“ поради деталното истражување на коронавирусот добиен од лилјаци, изјави во јуни за „ Scientific American “дека рударите починале од габична инфекција. Таа истакна дека ќе биде прашање на време пред рударите да се заразат со коронавирусот доколку рудникот не бил веднаш затворен.

- Окното на рудникот мирисаше ужасно, како пекол. Пештерата беше исполнета со измет од лилјаци, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. 

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен.

Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење.

Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива.

ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?!

Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор:

„Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“

Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај!

Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови.

Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе!

Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ!

Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат.

Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме!

Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби.

До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно?

Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен.

Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“

Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје

Влез 1 и влез 2

Скендер Мехмет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер